Менување Масло На Заптивна Комора - Wilo Rexa PRO Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1022
mk
9.5.6
Менување масло на заптивна
комора
Fig. 15: Заптивна комора: Менување масло
9.5.7
Генералка
616
Сервисирање
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работниот материјал е под висок притисок!
Во моторот може да се создаде притисок од повеќе бари! Притисокот се
намалува кога ќе ги отворите шрафовите за затворање. Доколку невнимателно
ги одвртите, може да се случи силно протекување! За да избегнете повреди,
внимавајте на следниве инструкции:
• Придржувајте се до пропишаниот редослед на работните чекори.
• Одвртувајте ги шрафовите полека и не целосно. Штом почне да се
ослободува притисокот (ќе слушнете како се испушта воздух), не вртете
повеќе!
• Кога целосно е испуштен притисокот, комплетно одвртете ги шрафовите.
• Носете затворени заштитни очила.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Изгореници поради жежок работен материјал!
Кога ќе се испушти притисокот, може да почне да прска жежок работен
материјал. Притоа може и да се изгорите! За да избегнете повреди, мора да
внимавате на следниве инструкции:
• Оставете мотор да се излади на температура на околината, а потоа
отворете ги шрафовите за затворање.
• Носете затворени заштитни очила или заштита за лицето, како и
ракавици.
+/-
Наполнете ја заптивната комора со масло или одземете масло
Поставена е заштитна опрема!
Пумпата е демонтирана и исчистена (и по потреба, деконтаминирана).
1. Поставете ја пумпата хоризонтално на цврста подлога. Шрафот за затворање
покажува нагоре. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од нагмечување на
+/-
дланките. Осигурете се дека пумпата нема да падне или да се излизга!
2. Одвртувајте го шрафот полека и нецелосно. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прекумерен
притисок во моторот! Ако слушнете звук на испуштање воздух или
свирење, не вртете повеќе! Почекајте притисокот да се испушти целосно.
3. Кога целосно е испуштен притисокот, комплетно одвртете го шрафот.
4. Поставете соодветни резервоари за собирање на работниот материјал.
5. Испуштете го работниот материјал: Свртете ја пумпата сè додека отворот не
покаже кон долу.
6. Проверете го работниот материјал: Ако во работниот материјал пронајдете
метална пилевина, контактирајте ја службата за односи со корисниците!
7. Наполнете работен материјал: Свртете ја пумпата сè додека отворот не
покаже кон горе. Полнете со работен материјал преку отворот.
⇒ Придржувајте се до податоците за видот и количината работен
материјал!
8. Исчистете го шрафот за затворање, ставете нов заптивен прстен и повторно
завртете го. Макс. вртежен момент: 8 Nm (5,9 ft·lb)!
При генералка, треба да се провери дали лежиштето на моторот, заптивниот
прстен на вратило, О-прстените и водовите за снабдување со струја се оштетени
или изабени. Оштетените составни елементи треба да се заменат со оригинални
делови. Само така може да се загарантира беспрекорна работа.
Генералката ја врши производителот или друг авторизиран сервисер.
WILO SE 2019-02

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido