Wilo Rexa PRO Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 611

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1022
8.4.1
Стационарно водено
поставување
8.4.2
Стационарно суво поставување
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa PRO
Отстранување од употреба
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да доведе до смрт поради
струен удар! На електриката треба да работи стручен електричар следејќи ги
локалните прописи.
ОПАСНОСТ
Опасно по живот доколку работите сами!
Работењето во шахта и тесни простори, како и работењето каде што има
опасност од паѓање се смета за опасна работа. Не смеете сами да работите во
такви услови! Треба да биде присутно второ лице за поголема сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници поради жешки површини!
Куќиштето на моторот може да се загрее за време на работата. Може да се
изгорите. По исклучување треба да оставите пумпата да се излади на
температурата на околината!
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување и спуштање
на пумпата. Осигурете се дека пумпата нема да се заглави за време на
подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте ја максимално дозволената
носивост на опремата за подигнување! Проверете ја опремата за подигнување
дали функционира беспрекорно!
Пумпата е надвор од употреба.
Приклучете засун на приливната или на притисочната страна.
1. Исклучете ја пумпата од електричната мрежа.
2. Прицврстете ја опремата за подигнување на точката на
подигнување.ВНИМАНИТЕЛНО! Никогаш не влечете го водот за снабдување
со струја! Така можете да го оштетите!
3. Полека подигнете ја пумпата и подигнете ја од просторот каде што е
поставена преку водечката цевка. ВНИМАНИТЕЛНО! Водот за снабдување со
струја може да се оштети при подигнувањето! За време на процесот на
подигнување водот за снабдување со струја треба да биде лесно стегнат!
4. Темелно исчистете ја пумпата (видете ја точката „Чистење и
дезинфицирање"). ОПАСНОСТ! Дезинфицирајте ја пумпата ако сте ја
користеле со медиуми опасни по животот!
Пумпата е отстранета од употреба.
Приклучете засун на приливната или на притисочната страна.
1. Исклучете ја пумпата од електричната мрежа.
2. Замотајте го водот за снабдување со струја и прицврстете го за
моторот.ВНИМАНИТЕЛНО! На тој начин тој не се оштетува! Внимавајте да не
се нагмечи или искине кабелот.
3. Отстранете го цевководот кај вшмукателната и притисочната наставка.
ОПАСНОСТ! Медиуми опасни по здравјето! Во цевководот или во
хидрауликата може да има остатоци од транспортираниот медиум!
Поставете сад, веднаш избришете ги капките и течноста и отстранете ја
правилно.
4. Прицврстете ја опремата за подигнување на точката на подигнување.
5. Отстранете ја пумпата од фундаментот.
mk
611

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido