Напомени Околу Работењето На Двојна Пумпа - Wilo Rexa PRO Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1022
6.4.1
Напомени околу работењето на
двојна пумпа
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa PRO
Инсталација и електрично поврзување
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување и спуштање
на пумпата. Осигурете се дека пумпата нема да се заглави за време на
подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте ја максимално дозволената
носивост на опремата за подигнување! Проверете ја опремата за подигнување
дали функционира беспрекорно!
НАПОМЕНА
Замена на моторот за време на работата
Ако моторот е непотопен додека работа, придржувајте се до податоците за
„Работен режим непотопено"!
Мотор P 17: За да ја заштитите намотката на моторот од прегревање, моторот
мора да биде опремен со регулирање на температура! Кога е вградено само
едно ограничување на температурата, моторот не смее да се потопува моторот
за време на работата!
▪ Работната просторија/местото на поставување треба да биде:
– Чисто и да нема големи предмети
– Суво
– Без мраз
– Деконтаминирано
▪ Веднаш преземете мерки ако се насоберат отровни гасови или гасови што може
да предизвикаат загушување!
▪ Употребувајте ја рачката за подигнување, спуштање или транспортирање на
пумпата. Никогаш не влечете ја или не носете ја пумпата за кабелот за струја!
▪ Мора да постои можност за безбедно монтирање. Местото на складирање, како и
работната просторија/местото на поставување мора да бидат достапни со помош
на опрема за подигнување. Местото на поставување мора да има цврста основа.
▪ Товарот треба да биде закачен со стремен за рачката за подигнување.
Употребувајте само опрема за подигнување дозволена за градежништво.
▪ Поставените водови за снабдување со струја треба да овозможат безбедна
работа. Проверете дали пресекот на кабелот и неговата должина се доволни за
избраниот тип на поставување.
▪ Кога користите приклучни табли, мора да внимавате на соодветната IP-класа.
Приклучната табла треба да биде обезбедена од преплавување и да е
инсталирана надвор од подрачјето во кое постои опасност од експлозија!
▪ Не дозволувајте во транспортираниот медум да влезе воздух, употребувајте
лимена или друг вид преграда. Транспортираниот воздух може да се насобере во
цевководот и да предизвика недозволени работни услови. Отстранете ги
меурчињата воздух преку уредите за вентилација!
▪ Забрането е пумпата да работи на суво! Не дозволувајте да навлегуваат меурчиња
воздух во хидрауличното куќиште или во цевководот. Никогаш не дозволувајте
нивото на водата да биде под дозволеното. Се препорачува инсталација на
заштита од работа на суво!
Кога се употребуваат повеќе пумпи во една работна просторија, мора да постои
минимално растојание меѓу пумпите и ѕидот. Растојанијата зависат од видот на
постројката: Наизменична или паралелна работа.
mk
595

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido