Избегнувајте контакт со течноста. Во
случај на случаен контакт, исплакнете
со вода. Во случај на контакт на
течноста со очите, консултирајте
се со доктор. Истечената течност
од батеријата може да предизвика
иритација на кожата и изгореници.
f) Проверете дали батеријата е во
добра состојба и дали има знаци од
оштетување. Не користете ја машината
со оштетена или користена батерија.
2.4 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина
треба да се извршува релевантно и
приоритетно при употреба на машината
во корист на граѓанските погодности
и на просторот во кој живееме.
• Избегнувајте појава на елементи
што го нарушуваат непосредното
опкружување. Користете ја машината
само во разумно време (не многу
рано наутро и доцна навечер кога
може да ги вознемирите луѓето).
• Во текот на работата доаѓа до одредено
распрскување на маслото во средината,
кое пак е неопходно за подмачкување
на синџирот. Заради тоа, користете само
биоразградливи масла, специфични за
вакво користење. Употребата на минерално
масло или моторно масло предизвикува
сериозни штети на околината.
• Доследно следете ги локалните закони
за фрлање на амбалажата, делови во
распаѓање или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смеат да се фрлаат
во ѓубре, туку треба да се селектираат
и да се однесат во соодветни собирни
центри за рециклирање материјали.
• Следете ги во целост локалните
закони за фрлање на материјалите
што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте
ја машината каде било во природата,
туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
Не фрлајте ги електричните апарати
заедно со домашен отпад. Во
согласност со директивата на ЕУ
2012/19/UE, отпадот што се состои од
електрични и електронски апарати е
ваша одговорност и, во согласност со
националните одредби, електричните
апарати за фрлање треба да се фрлат
засебно за да може подоцна повторно да се
употребат на еко-компатибилен начин. Ако
електричните апарати се одложат на
ѓубриште или на земја, штетните состојки
може да стапат во контакт со елементите во
почвата и да навлезат во синџирот на
исхрана, со што ќе се нарушат вашето здравје
и благосостојбата. За подетални информации
околу фрлањето на овој производ,
контактирајте со компетентни институции за
фрлање домашен отпад или со застапникот.
Откако ќе ѝ помине рокот на
употреба, извадете ја батеријата
обрнувајќи внимание на животната
средина. Батеријата содржи материјал
што е опасен за вас и за средината.
Треба да се извади и расклопи во засебен
сад што може да содржи литиумски јони.
Засебното собирање на производите
и искористените пакувања
овозможува рециклирање на
материјалите и повторна употреба.
повторната употреба на
рециклираните материјали спречува
штета на животната средина и ја
намалува потребата за примарни
материјали.
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина е шумски уред или
поточно моторна пила со синџир што
се напојува со батерија и е наменета
за работи на сечење и кастрење што
се извршуваат директно на дрвото.
Машината се состои од мотор што
се напојува на батерија и лост за
наведување којшто служи да го пренесува
движењето на моторот врз синџирот со
запци за правилно и точно сечење.
Операторот ја држи машината со
двете раце за предната и задната
рачка и може да ги активира главните
команди одржувајќи секогаш безбедно
растојание од уредот со сечивото.
3.1.1 Предвидена употреба
Овој специјален тип на моторна пила
е дизајниран конкретно за сечење дрва
и треба да ја користи само оператор
којшто е обучен за начините на употреба
за безбедна и внимателна работа. Оваа
моторна пила е наменета само за сечење
дрва согласно горенаведените услови.
MK - 6