За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината
веројатно не се монтирани во фабриката,
туку треба да се монтираат по вадење на
амбалажата следејќи ги следните упатства.
Распакувањето и целата монтажа
треба да се извршат на цврста и
рамна површина со доволно простор
за поместување на машината и на
амбалажата користејќи секогаш
соодветни алати. Не користете
ја машината пред да завршите
со сите постапки наведени во
поглавјето „МОНТИРАЊЕ".
4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Во амбалажата има и делови за монтирање
наведени на следната табела:
Лост за наведување со заштита
Синџир со запци
Клуч
Документација
4.1.1 Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
4.2 МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ
ЗА НАВЕДУВАЊЕ И НА
СИНЏИРОТ СО ЗАПЦИ
Секогаш носете масивни ракавици
за работа кога ракувате со лостот и
со синџирот. Обрнете максимално
внимание при составување на лостот
и синџирот за да не се нарушат
безбедноста и ефикасноста на
машината; во случај на несигурност,
контактирајте со дистрибутерот.
Извршувајте ги сите операции
откако ќе ја извадите батеријата.
Пред да го поставите лостот,
уверете се дека сопирачката за
синџирот не е вметната (пасус 5.4).
1. Со помош на доставениот клуч,
извадете ги навртките (сл. 3.A) и
извадете го картерот на синџирот
(сл. 3.B), за да дојдете до клинот за
преносот и до лежиштето за лостот.
2. Поставете го лостот (сл. 4.A) ставајќи
го клинот (сл. 4.B) на место (сл. 4.C) и
свртете кон задниот дел на машината.
3. Проверете дали клинот за држење на
синџирот (сл. 4.D) е правилно ставен на
свое место во отворот на лостот. Ако
не е така, тогаш вртете го шрафот за
задршка на синџирот со шрафцигер (сл.
4.E) додека клинот не се постави докрај.
4. Закосете ја машината за да
обезбедите вметнување на
синџирот околу запците (сл. 5).
5. Поставете го синџирот (сл. 6.А) околу
запците за влечење (сл. 6.B) и долж
водилките на лостот (сл. 6.C), внимавајќи
да го почитувате правецот на монтирање.
6. Ако крајот на лостот е опремен со запци
за одложување, внимавајте почетокот
на влечењето за синџирот да се вметне
правилно во празнините на запците (сл. 7).
7. Ставете го картерот (сл. 8.А) без
целосно да ја зацврстите навртката.
8. Или вртете го шрафот за задршка
на синџирот (сл. 9.A) додека не
постигнете правилна затегнатост
на синџирот (сл. 10) (пас. 6.1.3).
9. Држејќи го лостот подигнат, зашрафете
го шрафот на картерот докрај со помош
на приложениот клуч (сл. 11.A).
4.3 ПОДГОТОВКА НА ТОРБИЧКАТА ЗА
БАТЕРИИ (АКО Е ПРЕДВИДЕНО)
Торбичката за батерии се доставува
монтирана (сл. 1.N) и може да се отстрани
од држачите (сл. 12) и да се носи во рака.
За да ја извадите торбичката
за батерии притиснете ги двете
горни копчиња (сл. 12.A).
Куќиштата за батерии се наоѓаат од
двете страни на торбичката (сл. 13)
На десната страна на торбичката има:
• приклучок за кабел (сл. 14.A)
• селектор на батерија (сл. 14.B)
• USB приклучок за полнење на
други уреди (на пр., мобилен
телефон) (сл. 14.C)
За да се избегне присуство на пуштени
кабли, има премини од двете страни
и на задната страна преку која треба
да помине кабелот за напојување.
MK - 9
Правец на
монтирање на
синџирот