прикачување може да бидат централни
точки (напред или назад) или странични:
– каде е можно, поврзете ја моторната пила
за централното место одзади (сл. 18.A) за
да спречите да се вплетка во јажињата за
искачување и за да може тежината да се
потпре на грбот на операторот (сл. 20).
ЗАБЕЛЕШКА Можноста за директно
фиксирање на моторната пила за
заштитата за телото од ремени го
намалува ризикот од оштетување на
опремата при движења на дрвото.
Моторната пила мора да се исклучи
кога е директно фиксирана за ремените.
ВАЖНО При преместување на моторната
пила од една точка на приврзување на друга,
уверете се дека машината е фиксирана
на новата позиција пред да ја откачите од
претходното место на прицврстување
6.4 ПАЛЕЊЕ
6.4.1 Палење со батерија
1. Отстранете ја заштитната покривка
(сл. 1.К) и заштитата на харпунот
(сл. 1.Ј) (доколку е активирана)
2. Проверете дали лостот и синџирот го
допираат теренот или други предмети.
3. Ставете ја батеријата правилно на
своето место (сл. 21.B) (пас. 7.2.3).
4. Притиснете го безбедносното копче
(сина сијаличка) (сл. 15.А).
5. Стиснете ги копчето за блокада на
забрзувачот (сл. 16.В) и рачката за
командата на забрзувачот (сл. 16.А).
6.4.2 Палење со симулатор на
батерија (ако е предвидено)
1. Отстранете ја заштитната покривка
(сл. 1.К) и заштитата на харпунот
(сл. 1.Ј) (доколку е активирана)
2. Проверете дали лостот и синџирот го
допираат теренот или други предмети.
3. Правилно вметнете го симулаторот
на батерија во неговото лежиште
на машината (сл. 21.P).
4. Поврзете го кабелот за поврзување
со симулаторот на батерија (сл.21.O).
5. Изберете ја батеријата која треба да се
активира преку селекторот (сл. 14.B).
6. Притиснете го безбедносното
копче (сина сијаличка) (сл. 15.A).
7. Стиснете ги копчето за блокада на
забрзувачот (сл. 16.В) и рачката за
командата на забрзувачот (сл. 16.А).
6.5 РАБОТА
Пред да започнете со сечење и
кастрење за првпат, неопходно е:
– да имате соодветна обука за
користење на овој вид апарати,
– да сте ги прочитале безбедносните
предочувања и упатството за користење
што се составен дел на овој прирачник,
– да сте вежбале на мали грмушки на
земја или фиксирани на соодветни
потпори на начин што ќе доведе до
неопходната запознаеност со машината
и со најчестите техники за сечење.
За да работите се машината,
постапете како што следи:
• Секогаш исклучувајте ја
сопирачката за синџирот пред да
го активирате забрзувачот.
• Во текот на работата, машината
секогаш мора да се држи цврсто со
двете раце, со тоа што левата рака
е поставена на предниот ракофат, а
десната на задниот независно дали
операторот е левучар или десничар.
Застанете ја веднаш машината ако
синџирот се блокира во текот на работата.
ЗАБЕЛЕШКА За време на работата,
батеријата е заштитена од комплетно
празнење преку заштитниот уред кој што ја
исклучува машината и ја блокира работата.
6.5.1 Проверки што треба да се
прават во текот на работата
6.5.1.a Контрола на затегнатоста
на синџирот
При работа, синџирот подлежи на
прогресивно издолжување и затоа
треба често да ја проверувате
неговата затегнатост (пасус 6.1.3).
6.5.1.b Контрола на степенот на масло
ВАЖНО Не користете ја машината
ако нема подмачкување!
Проверете дали лостот и синџирот
се добро позиционирани кога се врши
контрола на степенот на масло.
Запалете го моторот (пасус 6.4) и проверете
дали истуреното масло за синџирот се
разнесува како што е прикажано на (сл. 22).
MK - 13