Главно, треба да се користи со двете раце,
точно како една нормална моторна пила.
Одредени државни одредби може
да ја ограничуваат употребата.
Оваа машина е проектирана
и конструирана за:
– за сечење и расчистување на
зеленилото на високите дрвја,
– за сечење грмушки, трупци или дрвени
греди чијшто дијаметар зависи од
должината на лостот за наведување,
– за сечење дрво,
– само еден оператор може да ја користи,
– може да ја користат само оператори
коишто се квалигфикувани и
обучени за работа со дрва.
3.1.2 Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба,поинаква од
горенаведените, може да претставува
опасност и да предизвика повреди и штети
за лица и/или предмети. Се отфрлаат
при неправилна употреба (како пример,
но не се ограничува на следното):
– регулација на жива ограда,
– обликување,
– сечкање гранки, сандаци и дрвени
амбалажи од секаков вид,
– сечење мебел или што било друго
што содржи клинци, шрафови и секој
друг вид на метални компоненти,
– месарски работи,
– употреба на машината за сечење
материјали коишто не се од дрво
(пластика, градежен материјал),
– употреба на машината како
рачка за подигнување, спуштање
или кршење предмети,
– употреба на машината кога е
блокирана врз фиксна потпора.
– употреба на уреди со сечива
што не се наведени во табелата
„Технички податоци". Опасност од
сериозни повреди и оштетувања.
– употреба на машината од
страна на повеќе луѓе.
ВАЖНО Несоодветната употреба
на машината доведува до отфрлање на
гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност
на производителот, префрлувајќи
ги на корисникот произлезените
обврски предизвикани од повреди или
оштетувањата лично или на трети лица.
3.1.3 Вид на корисник
Оваа машина е наменета за користење
само од страна на обучени оператори
за одржување на дрвја.
3.2 БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
На машината има симболи (сл. 2). Нивната
задача е да го потсетуваат операторот на
постапките што треба да ги следи внимателно
и со задолжителни мерки за претпазливост.
Значење на симболите:
Внимание! Прочитајте
го упатството пред да ја
користите машината.
Внимание! Оваа машина
може да биде опасна за вас
или за другите доколку не
се користи правилно.
Опасност! Користете
акустична заштита, заштитни
очила и заштитна кацига.
Носете ракавици и
заштитни чевли!
Опасност! Не изложувајте
ја на дожд или влага.
Опасност од контраудар!
Контраударот предизвикува
ненадејно движење без
контрола врз моторната пила кон
операторот. Секогаш работете
безбедно. Користете синџир
со безбедносни запци што го
попречуваат контраударот.
Внимание! Не држете ја
никогаш машината само со
една рака! Држете ја цврсто
машината со двете раце за да
имате контрола врз неа и да го
намалите ризикот од контраудар.
Опасност! Ставајте
заштитна облека.
Оваа моторна пила е наменета
само за оператори коишто
се обучени за работа со дрва
(видете го упатството за работа).
ВАЖНО Дадените етикети што се скинале
или не се читливи, треба да се заменат.
MK - 7