11. Вклучување
Не пуштајте ја пумпата во погон сè
Опомена
додека системот не се наполни со
течност и не се испушти воздухот.
11.1 Општи информации
Предупредување
При пумпање вода за пиење, измијте ја
пумпата со чиста вода пред да ја
вклучите со цел да се отстранат сите
туѓи материи, како што се конзерванси,
течности за тестирање или мазива.
11.1.1 Плакнење на цевководниот систем
Пумпата не е дизајнирана за пумпање
течности што содржат цврсти честички,
како што се нечистотија од цевките и
згура од заварување. Пред да се вклучи
пумпата, цевководниот систем мора да
биде добро исчистен, исплакнет и
Опомена
наполнет со чиста вода.
Гаранцијата не покрива никаква штета
предизвикана од миење на
цевководниот систем со помош на
пумпата.
11.2 Полнење
Затворени системи или отворени системи во
кои нивото на течност е над нивото на влезот
на пумпата
1. Затворете го изолацискиот вентил во
одводната цевка и полека отворете го
изолацискиот вентил во доводната цевка. И
пумпата и доводната цевка треба да бидат
целосно исполнети со течност.
2. Олабавете го чепот за полнење со цел да се
проветри пумпата. Штом ќе истече течноста,
затегнете го чепот за полнење.
Предупредување
Внимавајте на насочувањето на дупката
за полнење за да бидете сигурни дека
течноста што истекува нема да
предизвика телесна повреда или
оштетување на моторот или на други
компоненти.
Кај постројките со врела вода, обрнете
посебно внимание на ризикот од
телесна повреда предизвикана од
зовриена врела течност.
Кај постројките со студена вода,
обрнете посебно внимание на ризикот
од телесна повреда предизвикана од
студената течност.
Функционирање на вшмукувањето со
неповратен вентил
Доводната цевка и пумпата мора да се наполнат
со течност и да се извентилираат пред да се
вклучи пумпата.
1. Затворете го изолацискиот вентил во
одводната цевка и полека отворете го
изолацискиот вентил во доводната цевка.
2. Отстранете го чепот за полнење, М.
3. Турајте течност низ отворот додека доводната
цевка и пумпата целосно не се наполнат со
течност.
4. Ставете го чепот за полнење, М.
Доводната цевка може да се наполни и вентилира
преку чепот за полнење. Видете ја сл. 24. Како
алтернатива, пред пумпата може да се постави
уред за вшмукување со инка.
Отворени системи во кои нивото на течност е
под нивото на доводот на пумпата
1. Доколку е поставен изолациски вентил на
доводната страна на пумпата, вентилот мора
да биде целосно отворен.
2. Затворете го изолацискиот вентил во
одводната цевка и затегнете ги чеповите за
полнење и празнење.
3. Поврзете пумпа со рачно вентилирање
наместо уред за полнење со инка.
4. Поставете лизгачки вентил помеѓу пумпата за
вентилирање и центрифугалната пумпа со цел
да се заштити пумпата за вентилирање од
прекумерен притисок.
5. Штом се отвори лизгачкиот вентил на пумпата
со рачно вентилирање, испразнете ја
доводната цевка со кратки, брзи удари на
пумпата додека да протече течност од
одводната страна.
6. Затворете го вентилот на пумпата за
вентилирање.
E: Чеп за
празнење
M: Чеп за полнење
Слика 24 Чеп за празнење и полнење
11.3 Проверка на правецот на ротација
Предупредување
Пумпата мора да биде наполнета со
течност кога се врши проверка на
правецот на ротација.
Точниот правец на ротација е прикажан со
стрелки на куќиштето од пумпата. Гледано од
задната страна на пумпата, правецот на ротација
мора да биде обратен од правецот на стрелките
на часовникот. Видете ја сл. 24.
789