Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања или од
оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во течност
алатката, заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во батериите да не
проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи течности, како солена вода,
одредени хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска ќелиска батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика сериозни внатрешни изгореници
и да доведе до смрт во што малку како два часа, ако се проголта или влегува во телото.
Секогаш прицврстете го капакот на батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го користите уредот, отстранете ги
батериите и чувајте го подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се влезени во телото, веднаш побарајте
медицинска помош.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Рачниот циркулар е наменет за обработка на метал, камен и керамички материјали.
Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите на приборот.
Не користете го производот на поинаков начин од наведениот.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост да се исклучат остаточни
опасности. При употребата можат да се појават следниве ризици, поради кое што
корисникот мора да обрати внимание на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го времето на работа
и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на слухот. Носете заштита за
ушите и ограничете го траењето на експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги панталони и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY на оваа алатка, Ве молиме
прочитајте го упатството за брзо стартување или посетете на интернет на: www.
milwaukeetool.com/one-key. Апликацијата ONE-KEY може да ја симнете на Вашиот
смартфон преку App Store или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth поврзувањето ќе биде прекинато. Во
таков случај, повторно воспоставете ја врската рачно.
ИНДИКАТОР ONE-KEY™
Сино постојано
Безжичниот режим е активен и подготвен за
светло
конфигурирање преку апликацијата ONE-KEY™.
Сино трепкачко
Алатката активно комуницира со апликацијата ONE-
светло
KEY™.
Црвено трепкачко
Алатката е заклучена поради безбедност и може да ја
светло
отклучи операторот преку апликацијата ONE-KEY™.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на батериите. Избегнувајте
подолго изложување на батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба да бидат
извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте ја батеријата на суво место на температура под 27 °C.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне висока потрошувачка
на струја, на пример екстремно високи вртежни моменти, заглавување на бургијата,
ненадејно стопирање или краток спој, електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за
полнење трепка и електро-алатот самостојно се исклучува.
128
За повторно вклучување ослободете го притискачот на прекинувачот, а потоа повторно
вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во таков случај
трепкаат сите ламбички од приказот за полнење сè додека батеријата не се излади. По
гаснење на приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на опасни
материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните, националните и
меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на шпедитерски
претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките
за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел да се
избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
ОПИС НА ФУНКЦИЈАТА
1 Заштитна рачка
2 Заштитна хауба
3 Вртенеста завртка
4 Прирабница
5 Диск за сечење
6 Активирана LED за машина
7 Копче за активирање на машината
8 Лост за отклучување
9 Прекинувачко копче
10 Брза спојка
11 Вентил за поврзување вода
12 Помошна рачка
13 Контролна светилка ECO-Coach/прекумерен товар
14 Индикатор One Key™
15 Шестоаголен клуч
16 Имбус клуч
17 Валци
ИЗБОР НА ДИСКОВИ ЗА СЕЧЕЊЕ
Подлога за сечење
Тип на диск за сечење
Неметални материјали
Диск за сечење од силициум карбид
Метални материјали
Диск за сечење од алуминиум оксид
Ѕидарски материјали
Дијамантски диск со ладење со вода или диск
за сечење од силициум карбид
КОНТРОЛНА СВЕТИЛКА ECO-COACH/ПРЕКУМЕРЕН ТОВАР
Функција Eco-Coach
LED
Причина
Исклучен
Уредот не е вклучен
Свети
Уредот е вклучен
непрекинато
Трепка за време
Електронска сопирачка
на работата
токму пред прегревање
Засветува, трепка
Индикатор за прекумерна
десетпати и потоа
температура, уредот не
се гаси
стартува
Вклучен, трепка
Слаба наполнетост на
при работа во
батеријата
празно
МАКЕДОНСКИ
Преоптоварување на контролните сијалички
Во случај на преоптоварување, заштитата од прегревање автоматски ја исклучува
машината и контролните сијалички трепкаат 5 секунди. Пуштете го прекинувачот, откако
ќе застане, отстранете го дискот за сечење од алатот и оставете машината да се излади.
Потоа, машината повторно се вклучува.
ЗАШТИТА ОД ПОВРАТЕН УДАР
MXF COS350G2:
Уредот е опремен со заштита од повратен удар. Ако дискот за сечење се блокира, се
исклучува уредот.
MXF COS350RG2:
Уредов е специјално дизајниран за користење од спасувачи и затоа нема заштита од
повратен удар. Уредов смее да се користи само од обучен персонал.
ПРИКЛУЧОК ЗА ВОДА
Достапно е поврзување на алатката со вода за ладење на дискот за сечење и
намалување на таложењето на прав. Ладењето со вода треба да се користи при секоја
употреба за сечење на бетон.
За најдобри резултати, дозволете водата да го обложи целиот диск за сечење пред
обработката.
ЧИСТЕЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите
кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со наведување на
машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во Вашата
корисничка служба или директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата за употреба пред
пуштањето во употреба.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Секогаш при користење на машината носете ракавици.
Носте штитник за уши.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна маска.
Мерка
Вклучете го уредот
Носете ракавици!
Нормална работа
Веднаш ослободете го
Не употребувајте сила.
притисокот од дискот за
сечење
Оставете да се излади
уредот
Само за работи на сечење.
Заменете ја батеријата
Гарантираното ниво на звучна моќност изнесува 108 dB.
108
Не проголтајте ја ќелиската батерија!
Не работете на скала! Внимавајте да стоите на безбедно.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната, а
достапна е како додаток.
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната електрична
и електронска опрема како несортиран комунален отпад.
Отпадните батерии и отпадната електрична и електронска
опрема мора да се собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и отпадните извори
на светлина треба да се отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач за совети за
рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците на мало
може да се обврзани бесплатно да ги преземаат искористените
батерии, како и отпадната електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и рециклирање на
отпадните батерии и отпадната електрична и електронска опрема
помага да се намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат литиум, и
отпадната електрична и електронска опрема содржат вредни
материјали за рециклирање, кои може негативно да влијаат
на животната средина и на здравјето на луѓето доколку не се
отстранат на еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната опрема, доколку
ги има.
Правец на движење
n
Номинална брзина
V
Наизменичен напон
Истосмерна струја
Европска ознака за усогласеност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
129