Пуштање Во Работа - Wilo Flumen OPTI-TR 20-1 Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1092
7
Пуштање во работа
7.1
Лична квалификација
7.2
Обврската на раководителот
7.3
Контрола на насока на вртење
Fig. 12: Правилна насока на вртење
Упатство за вградување и работа Wilo-Flumen OPTI-TR 20-1, 28-1, 30-1, 40-1 Wilo-Flumen EXCEL-TRE 20, 30, 40
Пуштање во работа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Повреди по рацете и стапалата поради заштитна опрема што паѓа!
Постои опасност од (тешки) повреди додека се работи. Носете ја следната
заштитна опрема:
• Безбедносни ракавици за заштита од исекотини
• Заштитни чевли
• Доколку дојде до потреба од опрема за подигнување товар, мора да се
носи и заштитен шлем!
▪ Работа со електриката: На електриката мора да работи само стручен електричар.
▪ Ракување/управување: Работниот персонал мора да биде упатен околу
функционирањето на целата постројка.
▪ Поставете го Упатството за вградување и работа покрај погонот за мешање или на
некое друго место предвидено за него.
▪ Обезбедете го персоналот со упатства за вградување и работа на својот јазик.
▪ Осигурете се дека целокупниот персонал го прочитал и е запознаен со Упатството
за вградување и работа.
▪ Сите безбедносни уреди и функции за итно исклучување треба да се активни и
проверени дали функционираат без проблеми.
▪ Погонот за мешање е погоден за примена со дадените работни услови.
Погонот за мешање е фабрички нагоден и проверен дали има правилна насока на
вртење за вртежно поле во насока на часовникот. Приклучувањето се изведува
согласно податоците во поглавјето „Електрично поврзување".
Проверка на насоката на вртење
Приклучувањето на мрежа е достапно со вртежно поле кон десно.
Проверете го вртежното поле со помош на стручен електричар.
Не смее никој премногу да се задржува во работниот простор на погонот за
мешање.
Погонот за мешање е цврсто вграден.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не држете го погонот за мешање со раце! Ако
вртежниот момент на вклучување е преголем, може да дојде до тешки
повреди!
Пропелерот се гледа.
1. Вклучете го погонот за мешање. Макс. траење на работата: 15 секунди!
2. Насока на вртење на пропелерот:
Поглед однапред: Пропелерот се врти спротивно од насоката на часовникот
(кон лево).
Поглед одпозади: Пропелерот се врти во насоката на часовникот (кон десно).
▶ Коригирајте ја насоката на вртење.
Погрешна насока на вртење
При погрешна насока на вртење, приклучувањето треба да биде на следниов
начин:
▪ Директен старт: заменете две фази.
▪ Стартување со ѕвезда-триаголник: Заменете ги приклучоците за двете намотки
(на пр. U1/V1 и U2/V2).
НАПОМЕНА! Откако ќе го замените приклучувањето, повторно тестирајте ја
насоката на вртење!
mk
707

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido