Wilo Flumen OPTI-TR 20-1 Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 719

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1092
9.6.3
Замена на пропелер
4
3
Fig. 15: Замена на пропелер
9.6.4
Заменете ја механичката
заптивка од страна на медиумот
4
2
Fig. 16: Замена на механичка заптивка
Упатство за вградување и работа Wilo-Flumen OPTI-TR 20-1, 28-1, 30-1, 40-1 Wilo-Flumen EXCEL-TRE 20, 30, 40
Сервисирање
1
Пропелер
1
2
Прицврстување на пропелерот: Шраф со глава за имбус и плочка
3
Вратило
4
Механичка заптивка
Поставете го и осигурајте го погонот за мешање на цврста подлога.
Работниот алат треба да биде подготвен.
1. Разлабавете ги и одвртете ги точките на прицврстување на пропелерот.
НАПОМЕНА! Заглавете го пропелерот со соодветен помошен материјал
додека го правите ова.
2. Внимателно извадете го пропелерот од вратилото.
2
ВНИМАНИТЕЛНО! Лизгачката механичка заптивка веќе не е фиксирана.
Користете го погонот за мешање само со пропелер! Ако го користите
погонот за мешање без пропелер, лизгачката механичка заптивка ќе се
уништи. Ако лизгачката механичка заптивка дојде во дефект, ќе истекува
маслото од заптивната комора.
3. Исчистете го вратилото и нанесете ново средство за подмачкување.
4. Поставувајте го пропелерот внимателно додека не легне на место.
5. Ставете го шрафот со глава за имбус со подлошка, поставете ја плочката и
завртете ги на вратилото.
6. Цврсто стегнете ги точките на прицврстување на пропелерот. За макс.
вртежен момент: видете во прилогот.
7. Вртете го пропелерот со рака и проверете дали се движи соодветно.
▶ Пропелерот е заменет. Проверете ја количината масло во заптивното
куќиште и ако треба дополнете.
1
Вратило
2
Механичка заптивка: Пружина
3
Механичка заптивка: Контрапрстен
4
Заптивно куќиште
Поставете го и осигурајте го погонот за мешање на цврста подлога.
1
Работниот алат треба да биде подготвен.
Испуштете го маслото од заптивното куќиште.
3
Демонтирајте го пропелерот.
1. Извадете го клучот од вратилото.
2. Извадете ја пружината на механичката заптивка со заштитна плочка од
вратилото.
3. Истиснете го контрапрстенот на механичката заптивка од куќиштето и
извадете го од вратилото.
4. Исчистете го вратилото и проверете го за трошење и корозија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Кога е оштетено вратилото, консултирајте се со
службата за односи со корисниците!
5. Подмачкајте го вратилото со вода или средство за плакнење.
ВНИМАНИТЕЛНО! Масло или масти се строго забранети за подмачкување!
6. Вметнете го новиот контрапрстен на механичката заптивка со помош на
монтажен прибор на своето место во куќиштето. ВНИМАНИТЕЛНО! Не
виткајте го контрапрстенот кога го притискате. Ако се извитка
контрапрстенот при притискање, тој ќе се скрши. Механичката заптивка
нема да може да се употребува!
7. Поставете ја новата пружина на механичката заптивка со заштитна плочка на
вратилото.
8. Исчистете го клучот и поставете го во жлебот на вратилото.
mk
719

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido