Wilo Flumen OPTI-TR 20-1 Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 716

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1092
mk
9.5.5.2
Проверете ја отпорноста на
надворешната електрода за
надгледување на заптивна
комора
9.5.6
Визуелна проверка на опрема
9.5.7
Менување масло
9.5.7.1
Менување на маслото во
заптивното куќиште
(TR 20-1/28-1, TRE 20)
Fig. 13: Менување масло
716
Сервисирање
– Кај четири сензори во серија мерната вредност е меѓу 80 и 400 Ohm.
Измерете ја отпорноста на електродата со омметар. Измерената вредност мора
да биде спротивна на „бесконечност". Кај вредности од ≤ 30 kOhm значи дека има
вода во маслото, по што треба да се смени!
Опремата треба да се провери за:
▪ Правилно прицврстување
▪ Слободна функција
▪ Знаци на трошење, на пример, исекотини поради нишања
Утврдените недостатоци мора веднаш да бидат поправени или опремата да биде
заменета.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работниот материјал е под висок притисок!
Во моторот може да се создаде притисок од повеќе бари! Притисокот се
намалува кога ќе ги отворите шрафовите за затворање. Доколку невнимателно
ги одвртите, може да се случи силно протекување! За да избегнете повреди,
внимавајте на следниве инструкции:
• Придржувајте се до пропишаниот редослед на работните чекори.
• Одвртувајте ги шрафовите полека и не целосно. Штом почне да се
ослободува притисокот (ќе слушнете како се испушта воздух), не вртете
повеќе!
• Кога целосно е испуштен притисокот, комплетно одвртете ги шрафовите.
• Носете затворени заштитни очила.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Изгореници поради жежок работен материјал!
Кога ќе се испушти притисокот, може да почне да прска жежок работен
материјал. Притоа може и да се изгорите! За да избегнете повреди, мора да
внимавате на следниве инструкции:
• Оставете мотор да се излади на температура на околината, а потоа
отворете ги шрафовите за затворање.
• Носете затворени заштитни очила или заштита за лицето, како и
ракавици.
+/-
Испуштање/полнење на маслото во заптивното куќиште
Погонот за мешање не е вграден.
Погонот за мешање не е приклучен за електричната мрежа.
Поставена е заштитна опрема!
1. Поставете го погонот за мешање хоризонтално на цврста подлога.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од нагмечување на дланките. Осигурете се
дека погонот за мешање нема да падне или да се излизга!
ВНИМАНИТЕЛНО! Не поставувајте го погонот за мешање врз пропелерот!
Употребете педестал во зависност од пречникот на пропелерот.
2. Поставете соодветни резервоари за собирање на работниот материјал.
+/-
3. Одвртете го шрафот за затворање (+/-).
4. Навалете го погонот за мешање и испуштете го работниот материјал.
5. Проверете го работниот материјал: Ако во работниот материјал пронајдете
метална пилевина, контактирајте ја службата за односи со корисниците!
6. Внимавајте на локалните прописи за работен материјал!
WILO SE 2019-01

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido