Wilo Flumen OPTI-TR 20-1 Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 686

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1092
mk
2.4
Уреди за надгледување
2.5
Употреба со медиуми опасни по
здравјето
2.6
Транспорт
686
Безбедност
▪ Придржувајте се до прописите за електромагнетна компатибилност кога
употребувате електронски контроли за стартување (пр. уред за меко стартување
или фреквентен конвертор). Кога е потребно, земете предвид специјални мерки
(на пр. заштита за кабел, филтер итн.).
▪ Заменете го дефектниот кабел за поврзување. Консултирајте се со службата за
односи со корисниците.
Следните уреди за надгледување мора да ги обезбеди корисникот:
Заштитна склопка на вод
Големината и карактеристиките на прекинувачот на заштитната склопка на вод,
се одредува според номиналната струја на поврзаниот производ. Внимавајте на
локалните прописи.
Заштитен прекинувач на мотор
За производи без приклучок, предвиден е заштитен прекинувач на моторот!
Според локалните прописи, минималните побарувања се термален реле/
заштитен прекинувач на моторот со компензација за температурата,
диференцијален активатор и блокада од повторно вклучување. Во случаи на
чувствителна електрична мрежа, предвидено е корисникот да обезбеди
дополнителна заштитна опрема (на пр. реле за наднапон, поднапон или
откажување на фаза итн.).
Заштитен прекинувач за резидуална струја (RCD)
Придржувајте се до прописите на локалната служба за електродистрибуција!
Употребата на заштитен прекинувач за резидуална струја е препорачано.
Треба да се приклучи заштитен прекинувач за резидуална струја (RCD) во случаи
кога е можно лицата да дојдат во контакт со производот и со протокот на
течности.
Кога производот се употребува со медиуми опасни по здравјето, постои опасност
од бактериска инфекција! По демонтажа, производот треба да се исчисти и
дезинфицира пред повторно да се употребува. Раководителот мора да го осигури
следното:
▪ Следната заштитна опрема се носи при чистење на производот:
– Затворени заштитни очила
– Маска за дишење
– Заштитни ракавици
▪ Сите лица се информирани за медиумот, опасностите што произлегуваат од него
и како да ракуваат со него правилно!
▪ Опасност од повреди поради судир или нагмечување од производот. Носете ја
следната заштитна опрема:
– Заштитни чевли
– Шлем
▪ Придржувајте се до важечките закони и прописи за работна безбедност и за
спречување несреќи.
▪ Означете го работниот простор.
▪ Држете ги неавторизираните лица подалеку од работното подрачје.
▪ Придржувајте се до регулативите за амбалажа:
– Да биде отпорна на удари
– Прицврстете го производот.
– Заштитете го од прав, маснотии и влажност.
▪ Треба да се употребува само законски пропишана и одобрена опрема за
подигнување.
▪ Опремата за подигнување треба да се избере на основа на условите на
располагање (времето, точката на подигнување, товарот итн.).
▪ Секогаш прицврстувајте ја опремата за подигнување на производот за точките на
подигнување предвидени за тоа и проверете дали е добро стегнато.
▪ Треба да биде загарантирана стабилноста на уредите за подигнување додека се
употребуваат.
▪ Кога се употребува уред за подигнување, мора да биде присутно и второ лице
коешто ќе координира кога е потребно (пр. при попречен поглед).
▪ Кога ќе го подигнете производот, држете го понастрана од уредот за
подигнување.
WILO SE 2019-01

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido