Чистење Со Пиролиза; Внатрешна Светилка - Electrolux EOE8P39V Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para EOE8P39V:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 86
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
• Бидете внимателни кога ја вадите вратата од апаратот. Вратата е тешка!
• Редовно чистете го апаратот за да спречите оштетување на површинскиот материјал.
• Чистете го апаратот со мека, влажна крпа. Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи, абразивни сунгери за чистење, растворувачи или
метални предмети.
• Доколку користите спреј за печка, следете ги безбедносните инструкции на
пакувањето.
2.5 Чистење со пиролиза
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди / Пожари / Хемиски испарувања (гасови) во режим на
пиролиза.
• Пред да ја спроведете функцијата самостојно чистење со пиролиза или пред првата
употреба, од внатрешноста на печката извадете ги следните работи:
– сите остатоци од храна, масло или истурени маснотии / наслаги.
– сите предмети што можат да се извадат (вклучително решетките, страничните
шини итн., обезбедени со производот), особено нелепливите тенџериња, тавите,
тацните, приборот итн.
• Внимателно прочитајте ги упатствата за чистење со пиролиза.
• Држете ги децата подалеку од апаратот додека работи Пиротичкото чистење.
Апаратот станува многу жежок и испушта жежок воздух од предните вентилатори за
ладење.
• Чистењето со пиролиза е операција на висока температура што може да ослободи
испарувања од остатоците од готвењето и материјалите на садовите, и затоа на
купувачите им се препорачува следново:
– обезбедете добра вентилација за време и после секое чистење со пиролиза.
– обезбедете добро проветрување за време и по првата употреба при максимална
температура за работа.
• За разлика од луѓето, некои птици и влекачи може да бидат крајно чувствителни на
потенцијалните испарувања што се испуштаат за време на чистењето на сите
пиролитички рерни.
– Отстранете ги сите миленичиња (посебно птици) од близината на местото на
апаратот за време и после Пиролитичкото чистење и на почеток пуштете го да
работи на максимална температура во добро проветрена просторија.
• Малите домашни животни можат исто така да бидат многу чувствителни на локалните
промени во температурата во близина на сите пиролитички рерни кога работи
пиролитичката програма за самочистење.
• Нелепливите површини на тенџерињата, тавите, тацните, приборот и сл. може да се
оштетат од пиролитичкото чистење на висока температура кај сите пиролитички рерни
и можат да бидат и извор на испарувања со мала штетност.
• Испарувањата што ги испуштаат сите Пиролитички рерни / Остатоци од готвење се
опишани како нештетни за луѓето, вклучително и за мали деца, или лица со хронични
болести.
2.6 Внатрешна светилка
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од струен удар.
342/628

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Eoe8p39x

Tabla de contenido