Начин на работа
• Додека управувате со косилката,
бидете сконцентрирани.
• Обрнете внимание кога одите во
рикверц. Погледнете зад вас, за да
бидете сигурни дека нема никакви
пречки додека работите во рикверц.
• Обрнете особено внимание кога влечете
товар, или користите тешка опрема:
– Користете соодветна кука за влечење
со повеќе точки на поврзување,
само при процес на влечење;
– Ограничување на товарот за
безбедност при управување;
– Не свртувајте нагло. Внимавајте
при движење во рикверц
– Користете противтежа/и
секогаш кога ќе биде наведено
во упатството за употреба.
• Обрнете внимание кога користите корпа
за трева, и додатоци што може да ја
променат стабилноста на косилката,
особено на стрмни површини.
• Тргнете ги рацете и нозете подалеку
од сечилото, при стартување и
при користење на косилката.
• Внимание: сечилото ќе продолжи
да ротира неколку секунди по
исклучување на моторот.
• Внимавајте на склопот на сечила со
повеќе ножеви, бидејќи ротирањето
на сечилото може да предизвика
ротација и на другите ножеви.
• Држете растојание од
отворот за исфрлање.
• Не допирајте ги деловите на моторот
што се загреваат во текот на
работата. Ризик од изгореници.
• За да го избегнете ризикот од пожар,
не оставајте ја косилката во висока
трева додека моторот уште работи.
Во случај на дефект или незгода во текот
на работата, веднаш исклучете го моторот,
и оддалечете ја косилката за да спречите
дополнителни штети Во случај на лична
повреда, или повреда на трето лице, пружете
прва помош и побарајте медицинска помош.
Внимателно отстранете ги сите остатоци од
косењето што може да предизвикаат штета,
или повреди на лицата или животните.
Ограничена употреба
• Никогаш не ракувајте со косилката
кога обезбедувачите се оштетени,
нецелосни или неправилно монтирани
(корпа за трева, обезбедувачи за
странично исфрлање, обезбедувачи
за задно исфрлање)
• Не ја користете косилката ако
дополнителната/помошната опрема не
е поставена во соодветните лежишта.
• Никогаш не ги исклучувајте, отстранувајте
и не експериментирајте со инсталираните
безбедносни системи/микро прекинувачи.
• Не ги менувајте поставките на
регулаторот на моторот, и не користете
прекумерна брзина. Прекумерната
брзина го зголемува ризикот од повреда
на операторот и на други лица.
• Не ја оптеретувајте косилката, и не
користете мала косилка за тешки
работи. Користењето на соодветна
косилка го намалува ризикот и го
подобрува квалитетот на работата.
• Косилката не е наменета за употреба
на јавни патишта. Мора да се користи
(согласно Законот за патишта) само на
приватни површини, каде нема сообраќај.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно складирајте
ја косилката, за да ја одржите безбедноста и
перформансот на косилката на високо ниво.
Одржување
• Никогаш не користете ја косилката
со изабени или оштетени делови.
Оштетените или изабените
делови треба да се заменат, и
никогаш да не се поправаат.
• За да го намалите ризикот од пожар,
редовно проверувајте дали има
истечено масло и/или гориво.
• Бидете внимателни при подесување на
косилката, за да не ги заглавите прстите
помеѓу подвижните и фиксните делови.
Дадените нивоа за бучава и вибрации
во ова упатство се максимални вредности
при употреба на косилката. Употребата
на ненивелирано сечило, прекумерната
брзина на движење, или нередовното
одржување, имаат големо влијание врз
емисиите на бучава и вибрации. Затоа,
неопходно е да применувате заштитни
мерки за да ги елиминирате можните
оштетувања заради зголемена бучава или
вибрации. Редовно одржувајте ја косилката,
носете заштита за уши и правете паузи.
Складирање
• Никогаш ја складирајте косилката со
гориво во резервоарот, во просторија
каде испарувањата од горивото
може да допрат до отворен пламен,
искра или до извор на топлина.
MK - 4