1. Сечилото е активирано.
Непритиснато копче во форма
на печурка (сл. 15.Ѓ.1) или
притиснато копче (сл. 15.Ѓ.2) .
2. Сечилото е деактивирано.
Притиснато копче во форма
на печурка (сл. 15.Ѓ.1) или
непритиснато копче (сл. 15.Ѓ.2) .
Кога сечилото се деактивира,
истовремено се активира
сопирачката за да го запре неговото
ротирање за неколку секунди.
ЗАБЕЛЕШКА Сијаличката
ја означува состојбата на
„Деактивирано сечило" (сл. 16.А).
ЗАБЕЛЕШКА Доколку го активирате
сечилото без да ги следите безбедносните
мерки на претпазливост, моторот ќе
престане да работи, и нема да може
повторно да се вклучи (види пас. 6.2.2)
5.10 КОПЧЕ ЗА АКТИВИРАЊЕ
НА ФУНКЦИЈАТА ЗА
КОСЕЊЕ ВО РИКВЕРЦ
Притиснете и задржете го
копчето (сл. 15.Е) за да се
вратите во рикверц додека
сечилото е активирано, без
да предизвика прекинување
на работата на моторот.
5.11 КОНТРОЛНИ КОПЧИЊА ЗА
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА
НА СКЛОПОТ НА СЕЧИЛОТО
• Контролна рачка
Оваа рачка се користи за подигнување
и спуштање на склопот на сечилото,
што може да се постави на 7 различни
висини на косење (сл. 15.Ж).
• Контролно копче и рачка
Оваа рачка (сл. 15.Ж) се користи
за подигнување и спуштање
на склопот на сечилото.
• Позиција «А»
Подигнување на склопот на сечило.
• Позиција «Б»
Спуштање на склопот на сечило.
Копчето (сл. 15.З) се користи за
поставување на склопот на сечилото
во една од 9-те различни позиции,
што соодветствуваат со деветте
висини на косење помеѓу 2 и 10 cm.
1. Поставете ја рачката (сл.
15.Ж) на позиција «A».
2. Прилагодете ја висината на косење
со користење на копчето (сл. 15.З).
3. Поставете ја рачката (сл. 15.Ж)
во позиција «Б» за автоматски
да се придвижи склопот на
сечилото на претходноутврдената
висина на косење.
ЗАБЕЛЕШКА Поставете ја рачката
(сл. 15.Ж) во позиција «А» за време
на транспортот и испораката.
MK - 12
Седумте позиции се дадени
од «1 » до «7» на дадената
етикета, соодветствуваат
со разни висини на
косење меѓу 3 и 9 см.
За промена на позицијата,
притиснете го копчето за
отпуштање кое се наоѓа
на крајот на рачката.