Descargar Imprimir esta página

ST T 92 Serie Manual De Instrucciones página 565

Cortadora de pasto con conductor sentado
Ocultar thumbs Ver también para T 92 Serie:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 291
7.4
ТРКАЛА ПРОТИВ СКАЛПИРАЊЕ
Благодарение на разните позиции за 
монтирање на тркалата, можно е да се одржи 
безбедносно растојание „H" помеѓу работ на 
склопот на сечилото и површината (сл. 23.А).
Прилагодете ја позицијата на 
тркалата против скалпирање според 
нерамномерноста на површината.
 Ова секогаш треба да се изведува на 
двете тркала, да се поставуваат на иста 
висина ДОДЕКА МОТОРОТ Е ИСКЛУЧЕН, 
И СЕЧИЛОТО Е ДЕАКТИВИРАНО.
За да ја смените позицијата:
1. Ослободете го граничникот (сл. 23.Б) со 
употреба на шрафцигер, и извадете го 
клинот (сл. 23.В) со пружината (сл. 23.Г).
2. Поставете го тркалото (сл. 
23.A) во саканата позиција
3. Заменете го клинот (сл. 23.В), пружината 
(сл. 23.Г) и граничникот (сл. 23.Б) по 
дадениот редослед, така што горниот 
дел од клинот (сл. 23.В) да биде завртен 
кон внатрешноста на косилката
7.5 АКУМУЛАТОР
За да се обезбеди долг животен 
век на акумулаторот, потребно 
е редовно одржување.
Акумулаторот на косилката треба да се полни:
• веднаш по купувањето, и 
пред првото користење;
• пред складирање (подолго 
од 30 дена) (пас. 9);
• пред употреба, по подолг 
период на некористење.
Внимателно прочитајте и почитувајте 
ги упатствата дадени во прирачникот 
за акумулаторот. Непридржувањето до 
постапките за користење и полнење на 
акумулаторот, може трајно да ги оштетат 
неговите елементи. Празниот акумулатор 
мора да се наполни што е можно поскоро.
ВАЖНО Полнењето треба да се изведе
со полнач за акумулатор со постојан
напон. Други системи за полнење може
трајно да го оштетат акумулаторот.
• Косилката се доставува со конектор 
(сл. 34.A) за полнење; поврзан со 
соодветниот конектор за полнач 
за специјално одржување на 
акумулаторот (доколку е вклучен) 
или достапен на барање (пас. 15.2).
ВАЖНО Овој конектор мора да
се користи само за поврзување
на полначот за одржување на
акумулаторот наведен од страна на
Производителот. За да го користите:
– следете ги инструкциите дадени во
односното упатство за употреба;
– следете ги инструкциите дадени
во упатството за акумулаторот;
7.6
ЧИСТЕЊЕ
По секоја употреба, исчистете ја 
косилката според следните упатства.
7.6.1 Чистење на косилката
• Исчистете ја косилката однадвор, 
поминувајќи ги пластичните делови на 
каросеријата со сунѓер натопен во вода и 
детергент, и внимавајте да не го намокрите 
моторот, деловите на струјното коло 
што се наоѓаат под контролната табла.
• За намалување на ризикот од пожар, 
одржувајте ги моторот, пригушувачот, 
акумулаторот без остатоци од трева, 
листови и прекумерно масло.
ВАЖНО Никогаш не користете
млазница или јаки детергенти за
чистење на куќиштето и моторот!
7.6.2 Чистење на каналот за
исфрлање (само за модели 
со задно собирање)
Доколку каналот за исфрлање е запушен:
1. извадете ја корпата за трева или 
обезбедувачот за задно исфрлање;
2. извадете ја насобраната трева 
до нив може да пристапите преку 
отворот на каналот за исфрлање.
7.6.3 Чистење на корпата за трева (само 
кај модели со задно собирање)
1. Испразнете ја корпата за трева
2. Протресете ја за да ги отстраните 
остатоците од трева и земја
3. Променете ја корпата за трева, 
и исчистете ја внатрешноста на 
склопот на сечилото (пас. 7.6.4-
a), потоа извадете ја корпата за 
трева, испразнете и исплакнете ја, 
и потоа ставете ја на место каде 
што може побрзо да се исуши.
MK - 24

Publicidad

loading