Ivoclar Vivadent Centric Tray Instrucciones De Uso página 44

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 10
Предвидена употреба
Предвидена намена
Mатеријал за индивидуални лажици
Употреба
Само за дентална употреба.
Опис
Загриз за утврдување на оклузалната позиција
– Случаи на тотална беззабост
– Случаи на парцијална беззабост
Индикации
Одредување на оклузалната позиција кај пациенти со тотална беззабост
Контраиндикации
Употребата на лажицата за одредување централна оклузија е контраиндицирана ако е познато дека пациентот е алергичен на некоја од
нејзините состојки.
Несакани ефекти
Досега не се познати несакани ефекти.
Состав
– Лажица за одредување централна оклузија: Полиамид
– Регуларна потпора, крилца за потпора: Полипропилен
Нанесување
Лажица за одредување централна оклузија и нејзини составни делови
1 Лажица за одредување централна оклузија
2 UTS Transferbow врска
3 Потпора за усната
4 Трака за ретенирање
5 Регуларна потпора
6 Крилца за потпора
Клиничка примена
a) Случаи на тотална беззабост
1. Земете засебни отпечатоци, како и вообичаено.
2. Лизнете ги крилцата за потпора (6) дистално на траката за ретенирање (4). Пробно ставете ја Ivoclar Vivadent лажицата за одредување
централна оклузија и таму каде што е потребно, приспособете ја со потскратување.
3. За да ја обележите висината на оклузијата, прво означете ги носот и брадата на пациентот со помош на соодветен маркер.
Потоа продолжете со избирање на една од следните опции наведени подолу:
– Вратете ги назад вилиците на пациентот и измерете ја сегашната вертикална димензија.
– Позиционирајте ја празната лажица за одредување централна оклузија во устата. Усните треба да бидат влажни и поставени на
потпората за усни (3) и нежно да ја потпираат лажицата. Оставете ја лажицата на самото место (ин ситу) околу 1-2 минути, а потоа
измерете ја и направете загриз за вертикалната димензија. Извадете ја лажицата од устата.
4. Измешајте ги силиконскиот материјал за земање отпечаток, алгинатот или сличен материјал и наполнете ги двете страни на
лажицата.
5. Внесете ја наполнетата лажица во устата странично, ротирајќи ја во позиција над долниот гребен. Поставете ги навлажнетите усни на
потпората за усни (3), додека полека ја затворате устата се додека не се постигне обележената оклузална висина. Оставете ги
силиконот, алгинатот или другиот материјал што го користите целосно да слегнат. Проверете ја вертикалната мерка и извадете ја
лажицата.
6. UTS Transferbow ги пренесува информациите за пациентот до артикулаторот. Порамнете го Transferbow со точните координати и
прикачете го на Ivoclar Vivadent лажицата за одредување централна оклузија кај точката за поврзување со UTS (2). Фиксирајте ја
спојката за регистрација и извадете го Transferbow.
7. Оклузалниот загриз, со прикачениот UTS Tranferbow или спојката за регистрација, сега му се предава на техничарот кој ќе ја вгради во
артикулаторот според координатите на пациентот.
б) Случаи на парцијална беззабост
1. Земете засебни отпечатоци, како и вообичаено.
2. Проверете ја затворената оклузална позиција. Ако тоа не е можно поради изгубен контакт меѓу спротивните антагонисти, продолжете
како кај случаите на тотална беззабост (3).
3. Лизнете ги регуларните потпори (5) дистално на траката за ретенирање (4), поставувајќи ги во празнините. Пробно ставете ја Ivoclar
Vivadent лажицата за одредување централна оклузија и ако е потребно, приспособете ја со потскратување.
4. Измешајте го силиконскиот материјал за земање отпечаток и наполнете ги двете страни на лажицата.
5. Внесете ја наполнетата лажица во устата странично, ротирајќи ја во позиција над долниот гребен. Поставете ги навлажнетите усни на
потпората за усни (3), додека полека ја затворате устата се додека не се постигне обележената оклузална висина.
Оставете ги силиконот, алгинатот или другиот материјал што го користите целосно да слегнат. Проверете ја вертикалната мерка и
извадете ја лажицата.
6. UTS Transferbow ги пренесува информациите за пациентот до артикулаторот. Порамнете го Transferbow со точните координати и
прикачете го на Ivoclar Vivadent лажицата за одредување централна оклузија кај точката за поврзување со UTS (2).
Фиксирајте ја спојката за регистрација и извадете го Transferbow.
7. Оклузалниот загриз со прикачениот UTS Transferbow или спојката за регистрација сега му се предаваат на техничарот кој ќе ги нареди
забите според координатите на пациентот.
44
4
5
6
1
3
2

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido