Прашината која се крева при работа со овој алат може да
биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го
телото. Користете систем за апсорпција на прашината и
носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно
наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Приклучете ја пилата за правосмукалка, кога обработувате
дрво.
Носете ракавици!
Пред да го употребите алатот ве молиме прочитајте
ги инструкциите. Доколку е возможно со претходна
демонстрација.
Обезбедете, машината да стои постојано цврсто (на пример
прицврстување на работната маса).
Одржувајте го подот чист од остатоци на материјал, на
пример струготини или остатоци од пилење.
Не употребувајте оштетени или деформирани дискови.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните
параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Смее да се користи само алат што одговареа на нормата
EN-847-1
Mak
Не користете сечила за пила кои се направени од
високобрзински челик
Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за
материјалот се сече.
Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да
биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на
вашиот електро-алат. Додатокот, којтшто се врти побрзу,
може да се скриша и да излета.
Алатите треба да се транспортираат и чуваат во соодветен
контејнер.
За да го обезбедите сечилото на пилата не користете ножеви
различни од постоечките или оние кои се наведени во
прирачникот.
Никогаш не ја користете пилата за сечење други материјали
освен наведените во прирачникот за употреба.
Употребувајте ја пилата за отсекување само со сигурно
функционирачки и добро одржуван заштитен капак .
Заштитниот капак мора да се отклонува самостојно.
Не отстранувајте остатоци од пилење или други делови од
обработуваните предмети во подрачјето на пилење кога
машината работи и кога главата за пилење не е во положба
на мирување.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Секогаш користете заститен штит на машината.
Не ја затегнувајте вртливата заштита.
Долгите парчиња мораат да бидат соодветно потпирани.
Рачното заклучување мора секогаш да биде во функција при
транспорт на пилата за сечење.
При спојувањето на цевките под прав агол, под наклон или
комбинирани агли под прав агол, подесете ја лизгачката
ограда, за да обезбедите правилно минување на ножот.
Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го
прегревањето на забчаниците, а при сечењето на пластични
материи избегнете го топењето на материјалот.
Македонски
126
126
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Пилата за отсекување се употребува за пилење масивно
дрво, залепени дрва како и за материјали слични на дрво и
пластика.
Предмети со кружен или нерамномерен пресек (на пример
огревно дрво) не смеат да се пилат, бидејќи при пилење
не можат да се држат сигурно. При аголно пилење рамни
предмети мора да се употребува соодветен помошен аншлаг
со цел за безбедно водење.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во
целост да се исклучат остаточни опасности. При употребата
можат да се појават следниве ризици, поради кое што
корисникот мора да обрати внимание на следново:
• За да се спречи оштетувањето на слухот мора да се
ограничи времето на експозиција и да се носи соодветна
заштита за слух.
• Корисникот треба да превземе мерки за да го редуцира
влијанието на вибрациите и за да го ограничи времето на
експозиција.
Треба да се носи маска за заштита на дишењето за да се
избегнат ризици по здравјето кои што можат да настанат со
вдишување на правот од пилењето.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон
наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на
приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува
на безбедност од 2 класа.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за
струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете
го кабелот од струјата.
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Пред употреба проверете дали машината, кабелот и
приклучокот се исправни. Ако се оштетени дозволени се
поправки исклучиво од авторизираниот сервис.
ОДРЖУВАЊЕ
Ако е потребна замена на струјниот кабел, тоа треба да го
направи производителот или неговиот застапник со цел да се
избегнат опасности.
Уверете се дека алатката е исклучена од напојување пред да
го прикачите или отстраните сечилото.
Заменете ја изабаната подлога за маса.
Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Germany.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот
опишан во „Технички податоци" е во сообразност со сите
релевантни прописи од директивите
2011/65/EU (RoHS)
2006/42/EC
2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 62841-1:2015
EN IEC 62841-3-9:2020+A11:2020
EN IEC 55014-1:2021
EN IEC 55014-2:2021
EN IEC 61000-3-2:2019+A1:2021
EN IEC 61000-3-11:2019
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2022-05-17
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Носте штитник за уши.
Секогаш при користење на машината носете ракавици.
Носете ракавици!
Никогаш не ги поставувајте рацете во подрачјето на
дискот за сечење.
Не ја изложувајте машината на дожд.
Не отстранувајте ја отпадната електрична и
електронска опрема како несортиран комунален
отпад.
Отпадната електрична и електронска опрема мора да
се собира посебно.
Отпадните извори на светлина треба да се отстранат
од опремата. Проверете кај вашиот локален орган
или продавач за совети за рециклирање и место за
собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците на
мало може да се обврзани бесплатно да ја преземаат
отпадната електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадната електрична и електронска
опрема помага да се намали побарувачката на
суровини.
Отпадната електрична и електронска опрема
содржи вредни материјали за рециклирање, кои
може негативно да влијаат на животната средина
и на здравјето на луѓето доколку не се отстранат на
еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната опрема,
доколку ги има.
Електрично орудие од заштитната категорија II.
Електрично орудие чијашто заштита од електричен
удар не зависи само од основната изолација туку и од
тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни
мерки како што се двоструките изолации или
појачаната изолација. Не постои никаква направа за
приклучување на некој заштитен вод.
V
Напон
Наизменична струја
n
Брзина без оптоварување
0
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
Македонски
127
127
Mak