Descargar Imprimir esta página

Wilo T72 Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 822

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1391
mk
8.3
Отстранување од употреба
8.4
Демонтирање
822
Отстранување од употреба
▪ Обезбедете и уверете се дека секој има заштитна опрема на располагање којашто
треба да ја носи персоналот.
▪ Погрижете се да има доволно проветрување во затворени простории.
▪ Веднаш преземете мерки ако се насоберат отровни гасови или гасови што може
да предизвикаат загушување!
Пумпата се исклучува кога се отстранува од употреба, но и понатаму е вградена.
Така пумпата е секогаш подготвена за повторно пуштање во употреба.
За да ја заштитите пумпата од мраз, секогаш потопувајте ја целосно во
транспортираниот медиум.
Температурата на транспортираниот медиум мора секогаш да е над +3 °C
(+37 °F).
1. Исклучете ја пумпата.
2. Осигурете ја од ненамерно вклучување (пр. блокирајте го главниот
прекинувач).
▶ Пумпата е сега надвор од употреба и може да се демонтира.
Ако пумпата остане монтирана и откако е отстранета од употреба, треба да се
внимава на следниве точки:
▪ Овозможете ги сите предуслови за отстранување на пумпата од употреба за
целото време на процедурата. Ако не се загарантирани предусловите,
демонтирајте ја пумпата по отстранувањето од употреба!
▪ Доколку планирате да ја отстраните од употреба на подолг период, вклучувајте ја
на редовни интервали (месечно до годишно) во траење од 5 минути за да се
уверите дека е функционална. ВНИМАНИТЕЛНО! Проверката на функцијата смее
да се прави само ако условите во околината го дозволуваат тоа. Не е дозволена
работа на суво! Невниманието може да доведе до тотално расипување!
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога пумпата се употребува со медиуми опасни по животот, треба да се
деконтаминира по демонтажа со се сите нејзини делови! Постои опасност по
животот! Внимавајте на податоците за работните правила! Раководителот
мора да се осигури дека персоналот се придржува и ги разбира работните
правила!
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да доведе до смрт поради
струен удар! На електриката треба да работи стручен електричар следејќи ги
локалните прописи.
ОПАСНОСТ
Опасно по живот доколку работите сами!
Работењето во шахта и тесни простори, како и работењето каде што има
опасност од паѓање се смета за опасна работа. Не смеете сами да работите во
такви услови! Треба да биде присутно второ лице за поголема сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници поради жешки површини!
Куќиштето на моторот може да се загрее за време на работата. Може да се
изгорите. По исклучување треба да оставите пумпата да се излади на
температурата на околината!
WILO SE 2019-01

Publicidad

loading