Descargar Imprimir esta página

Wilo T72 Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 847

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1391
13.3.5
Пуштање во работа
13.3.6
Сервисирање
13.3.6.1 Подобрување на облогата на
куќиштето
Упатство за вградување и работа Wilo Motor T 12 ... 72 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID
Прилог
▪ Внимавајте на дополнителните мерки со земање предвид на прописите за
електромагнетна подносливост (избор на фреквентен конвертор, филтер итн.).
▪ Никогаш не пречекорувајте ја номиналната струја и номиналниот број на вртежи
на моторот.
▪ Мора да е возможно да се приклучи сопствено надгледување на температурата
на моторот (биметален или PTC-сензор).
▪ Кога има ознака за температурна класификација T4/T3, важи температурната
класификација T3.
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради употреба на пумпи без одобрение за
експлозивни подрачја!
Не смеете да употребувате пумпи што не се дозволени за експлозивни
подрачја во кои постои опасност од експлозија! Постои опасност по животот
поради експлозија! Употребувајте само пумпи со соодветната ознака за
дозвола во подрачје во кое постои опасност од експлозија на натписната
плочка.
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради искри во хидрауликата!
За време на работа хидрауликата мора да биде потопена (целосно исполнета
со медиум). Кога протокот е исцрпен или хидрауликата не е потопена, во неа
може да се создадат воздушни перничиња. Притоа се создава опасност од
експлозија, пр. искри од статичен електрицитет! Заштитата од работа на суво
мора да овозможи исклучување на пумпата според соодветното ниво.
ОПАСНОСТ
Постои опасност од експлозија поради неправилно приклучување на
заштита од работа на суво!
Ако пумпата работи во експлозивна атмосфера, заштитата од работа на суво
се изведува со одделен сигнализатор (редундантна е заштитата на управување
со нивото). Пумпата мора да се осигури од вклучува со блокада од повторно
вклучување!
▪ Дефинирање на подрачје во кое постои опасност од експлозија е обврска на
раководителот.
▪ Во подрачјето во кое постои опасност од експлозија смеат да се поставуваат само
соодветни пумпи дозволени за експлозивни подрачја.
▪ Пумпите дозволени за експлозивни подрачја мора да се означени дека се за тоа
на натписната плочка.
▪ Не пречекорувајте ја макс. температура на медиум!
▪ Треба да се избегнува пумпата да работи на суво! Корисникот треба да се увери
дека хидрауликата нема да остане сува (заштита од работа на суво).
Предвиден е сигурносен уред со SIL-ниво 1 и толеранција за грешка на хардвер
од 0 согласно DIN EN 50495 за категорија 2.
▪ Прописно спроведувајте го процесот на одржување на пумпата.
▪ Треба да се врши само одржување како што е опишано во овие упатства за
вградување и работа.
▪ Поправајте ги празнините отпорни на запалување само согласно спецификациите
на производителот. Не е дозволена поправка согласно вредностите во табелите 1
и 2 за DIN EN 60079-1 не е дозволена.
▪ Употребувајте ги само шрафовите за затворање од производителот, коишто
имаат минимална класа на цврстина од 600 N/mm² (38,85 тони/inch²).
При поголеми дебелини на слоеви, може да дојде до
електрицитет.ОПАСНОСТ! Опасност од експлозија! Во експлозивни атмосфери
може да дојде до експлозија!
mk
847

Publicidad

loading