Descargar Imprimir esta página

Wilo T72 Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 797

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1391
4.3
Работни режими
Дозволен е непотопен режим
Упатство за вградување и работа Wilo Motor T 12 ... 72 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID
Опис на производот
се вклучи повторно. Кога ќе се достигне висока температура, прво мора да се
направи исклучување и ќе се постави блокада од повторно вклучување.
Внатрешно надгледување на заптивната комора
Оваа заптивна комора е опремена со внатрешна електрода за заварување.
Електродата регистрира навлегување на медиум преку лизгачката механичка
заптивка од страната на медиумот. Преку управувањето на пумпа може да се
вклучи аларм или да следува исклучување на пумпата.
Надворешно надгледување на заптивната комора
Заптивната комора може да се опреми со надворешна електрода за заварување.
Електродата регистрира навлегување на медиум преку механичката заптивка од
страната на медиумот. Преку управувањето на пумпата може да се активира
аларм или да се направи исклучување на пумпата.
Надгледување на комората за протекување
Комората за протекување е опремена со пливачки прекинувач. Пливачкиот
прекинувач регистрира навлегување на медиум преку лизгачката механичка
заптивка од страната на моторот. Преку управувањето на пумпа може да се
вклучи аларм или да следува исклучување на пумпата.
Надгледување на лежиште на мотор
Термичкото надгледува на лежиштето на мотор го штити валчестото лежиште од
прегревање. За регистрирање температура се применува Pt100-сензор.
Надгледување на осцилациите предизвикани од работата
Пумпата може да се опреми со сензор за осцилации. Сензорот за осцилации
регистрира осцилации за време на работата. Во зависност од различните
гранични вредности, преку управувањето на пумпа мора да следува аларм или
исклучување на пумпата.
НАПОМЕНА! Граничните вредности мора да бидат утврдени за време на
пуштањето во работа и документирани во протоколот за пуштање во работа!
Работен режим S1: Континуирана работа
Пумпата може да работи континуирано под номинално оптоварување без да се
надмине дозволената температура.
Начин на работа: Непотопен режим
Начинот на работа „Непотопен режим" ја опишува можноста дека моторот може
да биде непотопен за време на процесот на пумпање. Притоа, можно е подлабоко
потопување до најгорниот раб на хидрауликата.
Да
Не
Да
Внимавајте на следните точки пред непотопениот режим на работа:
▪ Дадениот начин на работа „непотопен"
Можно е вадење на моторот на суво со начинот на работа „непотопен".
▪ Начинот на работа „непотопен" не е даден
Кога моторот е опремен со регулирање на температура (2 кола за надгледување
на температурата), дозволено е моторот да биде непотопен. Пониската
температура може да се употреби за да следува автоматско повторно
вклучување на моторот откако ќе се излади. Штом се достигне високата
температура, мора да следува исклучување со блокада од повторно вклучување.
ВНИМАНИТЕЛНО! За да ја заштитите намотката на моторот од прегревање,
моторот мора да биде опремен со регулирање на температура! Кога е вградено
Да
Не
Да
mk
Не
797

Publicidad

loading