Descargar Imprimir esta página

Grundfos LSV Serie Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 976

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 215
1. Општи информации
Прочитајте го овој документ пред да го
монтирате производот. Монтирањето и
ракувањето мора да бидат во
согласност со локалните регулативи и
прифатените кодекси за добра
практика.
LSV пумпите со вертикална поделба на Grundfos
се испорачуваат како комплетна пумпа со мотор,
основна рамка и одобрена заштита за спојување
или како пумпа со соголено вратило.
Овие упатства се однесуваат на двата вида.
LSV пумпата може да ја управува електричен
мотор или друг тип на двигател. Во продолжение
претпоставуваме дека пумпата е управувана од
електричен мотор.
1.1 Изјави за опасност
Симболите и изјавите за опасност наведени
подолу може да ги има во упатството за монтажа и
ракување, сигурносното упатство и упатството за
сервисирање.
ОПАСНОСТ
Означува опасна ситуација која, ако не
се избегне, ќе резултира со смрт или
тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Означува опасна ситуација која, ако не
се избегне, може да резултира со смрт
или тешка телесна повреда.
ОПОМЕНА
Означува опасна ситуација која, ако не
се избегне, може да резултира со лесна
или умерена телесна повреда.
Изјавите за опасност се структурирани на
следниов начин:
СИГНАЛЕН ЗБОР
Опис на опасноста
Последица од непочитување на
предупредувањето
Активност за избегнување на
опасноста.
1.2 Забелешки
Симболите и забелешките наведени подолу може
да ги има во упатството за монтажа и ракување,
сигурносното упатство и упатството за
сервисирање.
Придржувајте се кон овие упатства за
производи отпорни на експлозија.
976
Син или сив круг со бел графички
симбол означува дека мора да се
преземе активност.
Црвен или сив круг со дијагонална
лента, веројатно со црн графички
симбол, означува дека мора да се
преземе активност или мора да се
запре.
Непридржувањето кон овие упатства
може да доведе до дефект или
оштетување на опремата.
Известувања и совети што ја
олеснуваат работата.
2. Добивање на производот
2.1 Проверка на производот
Пумпата се испорачува од фабриката во
картонска кутија или дрвена кутија специфично
дизајнирана за транспорт со виљушкар или
слично возило.
По приемот, визуелно проверете ја пумпата за да
одредите дали има некаква штета при транспортот
или ракувањето.
Особено проверете за следниве работи:
1. скршена или испукана опрема, вклучувајќи и
основна рамка, мотор или ногарки на пумпа и
прирабници
2. скршен капак на вентилаторот на моторот,
алкасти завртки или оштетена приклучна
кутија
3. делови што недостасуваат.
Деловите или додатоците понекогаш се
завиткуваат поединечно или се прицврстуваат на
опремата.
Доколку дојде до некаква штета или загуби,
веднаш известете го претставникот на Grundfos и
агентот на превозникот.
Завртките за LSV пумпите со соголено
вратило имаат американски навои за
кои се потребни алатки во инчи.
Завртките за заштита на спојување и
монтирање на пумпата и моторот на
основната рамка имаат метрички навои.

Publicidad

loading