Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 FCHS35 Manual De Instrucciones página 106

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 28
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Волтажа на батеријата
Брзина на ланец на празно
Должина на меч макс.
Корисна должина на сечење
Капацитет на резервоар за масло за ланец
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (Li-Ion 2.0 Ah ... 12.0 Ah)
Препорачана температура на околината за работа
Препорачани комплети акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата: Измерените вредности се одредени согласно
стандардот EN 62841. A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично
изнесува:
Ниво на звучен притисок / Несигурност К
Ниво на јачина на звук / Несигурност К
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски вредности (векторски збир
на трите насоки) пресметани согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност К
h
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод
на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се
користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за
поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може
значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е
вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.:
одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите
безбедносни напомени, упатства, цртежи и податоци,
коишто ги добивате заедно со уредот. Доколку не ги
почитувате следните упатства, може да дојде до електричен
удар, до пожар и/или до тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
ОПШТИ СИГУРНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МОТОРНАТА
ПИЛА
a) Чувајте ги сите делови од телото подалеку од ланецот
кога работи моторната пила. Пред да ја стартувате
моторната пила, проверете ланецот да не допира нешто.
Момент на невнимание додека ја користите моторната пила
може да предизвика заплеткување на вашата облека или тело
со пилата со ланец.
b) Секогаш држете ја моторната пила со вашата десна рака
на десната рачка а левата рака на предната рачка. Држењето
на моторната пила со обратна конфигурација на рацете го
зголемува ризикот за телесна повреда и не треба никогаш да
се прави.
c) Држете ја моторната пила само на изолираните површини
за фаќање бидејќи ланецот на пилата може да допре
скриени жици. Ако ланците дојдат во контакт со жица под
напон може да ги „направат спроводливи" металните делови на
моторната пила и да предизвикаат струен удар на операторот.
d) Носете заштита за очи. Се препорачува користење и на
останата заштитна опрема за слухот, главата, рацете, нозете
и стапалата. Соодветната заштитна опрема ќе ги намали
телесните повреди од летечки остатоци или ненамерен контакт
со ланецот на пилата.
e) Да не ја користите моторната пила на дрво, на скали, од
покрив или нестабилна подлога. Користењето на моторната
пила на таков начин може да доведе до сериозна телесна
повреда.
210
M18 FCHS35
Моторна пила
4911 02 01 XXXXXX MJJJJ
18 V ⎓
12,4 m/s
14" / 356 mm
13" / 330 mm
200 ml
5,3 ... 6,4 kg
-18 ... +50 °C
M18B...; M18HB...
M12-18...; M1418C6
77,67 dB (A) / 3 dB (A)
97,69 dB (A) / 3 dB (A)
4,96 m/s
/ 1,5 m/s
2
f) Секогаш одржувајте правилна положба и користете ја
моторната пила само кога стоите на цврста, сигурна и
рамна површина. Лизгавите или нестабилните површини може
да предизвикаат губење на рамнотежата или контролата на
моторната пила.
g) Кога сечете оптегната гранка внимавајте на враќањето
наназад. Кога ќе се ослободи напнатоста во влакната на дрвото
гранката што се враќа назад може да го удри операторот и/или
да ја исфрли моторната пила надвор од контрола.
h) Обратете посебно внимание кога сечете грмушки и
фиданки. Виткиот материјал може да го фати ланецот на
пилата и да замавне кон вас или да ве исфрли од рамнотежа.
i) Носете ја моторната пила со предната рачка со исклучена
пила и подалеку од вашето тело. Кога ја транспортирате
или складирате моторната пила секогаш ставете го капакот
за мечот. Правилното ракување со моторната пила ќе ја намали
веројатноста од ненамерен контакт со движечкиот ланец на
пилата.
j) Следете ги упатствата за подмачкување, затегнување
на ланецот и менување на мечот и ланецот. Неправилно
затегнатиот или подмачкан ланец може или да се скине или да
ја зголеми шансата за повратен удар.
k) Сечете само дрво. Да не ја користите моторната пила
за други цели. На пример: да не ја користите моторната
пила за сечење на метал, пластика, ѕидарија или недрвени
градежни материјали. Користењето на моторната пила за
други намени може да доведе до опасна ситуација.
l) Не се обидувајте да соборите дрво сè додека не ги
разберете опасностите и како да ги избегнете. Може да
настане сериозна повреда на операторот или на присутните при
соборување на дрво.
МАКЕДОНСКИ
Причини и спречување на повратен удар:
Повратен удар може да настане кога носот или врвот на мечот
ќе допре некој предмет или кога ќе се затвори дрвото и ќе го
приклешти ланецот на пилата во засекот.
Контактот со врвот во некои случаи може да предизвика
ненадејна повратна реакција, враќајќи го мечот наназад кон
операторот.
Приклештувањето на ланецот долж врвот од мечот може брзо
да го турне наназад мечот кон операторот.
Секоја од овие реакции може да предизвика да изгубите
контрола на ланецот што може да доведе до сериозна телесна
повреда. Да не се ослонувате исклучиво на сигурносните уреди
вградени во пилата. Како корисник на моторна пила треба да
направите неколку чекори за да нема несреќи или повреди при
сечењето.
Повратниот удар е резултат на неправилно користење на алатот
и/или неправилни работни процедури или состојби и може да се
избегне со следниве мерки на претпазливост:
a) Фатете цврсто со палците и прстите околу рачките на
моторната пила, со двете раце на пилата и позиционирајте
ги телото и раката за да им се спротиставите на силите на
повратниот удар. Повратните сили може да ги контролира
операторот ако се преземат соодветни мерки на претпазливост.
Да не ја испуштате моторната пила.
2
b) Не држете ги рацете многу далеку и не сечете над
висината на рамениците. Ова спречува ненамерен контакт со
врвот и овозможува подобра контрола на моторната пила во
неочекувани ситуации.
c) Користете мечови и ланци за замена одредени од
производителот. Неправилната замена на мечовите и ланците
може да предизвика кинење на ланецот и/или повратен удар.
d) Следете ги инструкциите за острење и одржување на
производителот за моторната пила. Намалувањето на
висината на ограничувачот на длабочина може да доведе до
зголемен повратен удар.
Следете ги сите инструкции кога чистите заглавен
материјал, при складирање или сервисирање на моторната
пила. Проверете дали е исклучен прекинувачот и дали
е отстрането акумулаторското пакување. Неочекуваното
придвижување на моторната пила при чистење на заглавен
материјал или сервисирање може да доведе до сериозна
телесна повреда.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Се препорачува да сечете стебла на магарица за сечење дрва
или колевка кога ја користите машината за прв пат.
Проверете дали сите штитници, рачки и граничникот на канџата
се правилно поставени и се во добра состојба.
Лицата што ја користат моторната пила треба да бидат со добро
здравје. Моторната пила е тешка па затоа операторот мора да
биде физички подготвен.
Операторот треба да биде внимателен, да има добар вид,
мобилност, рамнотежа и рачна умешност. Во случај на
сомневање да не ја користите моторната пила.
Не стартувајте со користење на моторната пила сè додека
немате јасно работно подрачје, стабилна основа и планирана
патека за повлекување од дрвото што паѓа. Внимавајте
на емисијата од магла од средството за подмачкување и
пилевината. Носете маска или респиратор ако е потребно.
Да не сечете винова лоза и/или мали жбунови.
Секогаш држете ја моторната пила со двете раце за време на
работа. Цврсто фатете со палците и прстите околу рачките на
моторната пила. Десната рака мора да биде на задната рачка а
левата рака на предната рачка.
Пред да ја стартувате моторната пила проверете да не допира
некој предмет.
Немојте да ја менувате моторната пила на никаков начин
или да користите додатоци или уреди кои не се одобрени од
производителот за вашата моторна пила.
Треба да има комплет за прва помош кој содржи големи завои
за рани и средства за довикување (на пр. свирче) во близина на
операторот.
Треба да има поголем, севкупен комплет во близина.
Неправилно затегнатиот ланец може да искокне од мечот и
може да доведе до сериозна повреда или смрт. Должината
на ланецот зависи од температурата. Често проверувајте ја
затегнатоста на ланецот.
Треба да се навикнете на вашата нова моторна пила со
правење на едноставни засеци на добро потпрено дрво. Ова
правете го секогаш кога ја немате користено пилата одредено
време. За да го намалите ризикот од повреда поврзана со
допирањето на движечки делови, секогаш запрете го моторот,
применете ја кочницата за ланецот, извадете го акумулаторското
пакување и проверете дали сите движечки делови имаат
запрено пред:
• чистење или расчистување на блокажа
• оставање на машината без надзор
• монтирање или отстранување на додатоци
• проверка, вршење одржување или работење на машината
Големината на работното подрачје зависи од работата што
се врши како и од големината на дрвото или работното
парче. На пример, соборувањето дрво побарува поголемо
работно подрачје отколку другите сечења, на пр. скратување.
Операторот треба да биде свесен и да ги има работите под
контрола во работното подрачје.
Да не сечете со вашето тело во линија со мечот и ланецот. Ако
доживеете повратен удар, тоа ќе спречи ланецот да дојде во
контакт со вашата глава или тело.
Не се движете напред назад при сечење, оставете го ланецот
да ја заврши работата. Ланецот треба да биде остар и не се
обидувајте да го притискате ланецот низ засекот.
Да не ја притискате пилата на крајот од сечењето. Бидете
подготвени да ја прифатите тежината од пилата како што се
пресекува дрвото. Во спротивно може да дојде до сериозни
повреди.
Да не ја запирате пилата за време на процесот на сечење.
Оставете ја пилата да работи сè додека не се извади од засекот.
Не го фиксирајте прекинувачот во позиција он-вклучено кога ја
користите пилата држејжи ја со рака.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Притиснете и потеглете
Реактивната сила дејствува секогаш во спротивна насока од
правецот на движење на ланецот. Поради тоа операторот мора
да биде подготвен да ја контролира тенденцијата на машината
да одвлече (во едно движење нанапред) кога се сече со
долната страна од мечот и да притисне наназад (во правец кон
операторот) кога се сече со горната страна.
Заглавена пила во засекот
Запрете ја моторната пила и обезбедете ја. Да не се обидувате
да ги истеглите ланецот и мечот надвор од засекот бидејќи може
да се скине ланецот, кој може да замавне наназад и да го удри
операторот. Оваа ситуација вообичаено се случува бидејќи
дрвото е неправилно потпрено што го присилува засекот да
се затвори под компресија и со тоа да го приклешти сечилото.
Ако прилагодувањето на потпирањето не го ослободи мечот и
ланецот, користете дрвени клинови или лост за да го отворите
засекот и да ја ослободите пилата. Никогаш не се обидувајте
да ја стартувате моторната пила ако мечот е веќе во засек или
цепка.
МАКЕДОНСКИ
211

Publicidad

loading