Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 FCHS35 Manual De Instrucciones página 107

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 28
Лизгање / Отскокнување
Ако моторната пила не успее да се вкопа за време на сечење,
мечот може да почне да скока или опасно да се лизга долж
површината на стеблото или гранката доведувајќи до губење на
контрола на моторната пила. За да го спречите или намалите
лизгањето или отскокнувањето секогаш користете ја пилата со
двете раце осигурувајќи се дека пилата прави жлеб за сечење.
Никогаш не сечете мали, еластични гранки или грмушки со
вашата моторна пила. Нивната големина и еластичност може
лесно да предизвикаат пилата да отскокне кон вас или да стегне
со доволна сила за да предизвика повратен удар. Најдобриот
алат за таков вид на работа е рачна пила, ножици за кастрење,
секира или други рачни алати.
Лична заштитна опрема
Носете шлем цело време додека работите со машината.
Шлемот опремен со мрежест визир може да го намали ризикот
од повреда на лицето и главата ако настане повратен удар.
Носте штитник за уши.
Личната заштитна опрема со добар квалитет, како што
користат професионалците, ќе го намали ризикот од повреда
на операторот. Треба да се користат следните работи кога се
работи со машината:
Сигурносен шлем
треба да е во согласност со EN 397 и да носи CE ознака
Заштита за слухот
треба да е во согласност со EN 352-1 и да носи CE ознака
Заштита за очи и лице
треба да носи CE ознака и да е во согласност со EN 166 (за
заштитни очила) или EN 1731 (за мрежести визири)
Ракавици
треба да се во согласност со EN381-7 и да носат CE ознака
Заштита за нозете (кожени штитници)
треба да е во согласност со EN 381-5 и да носи CE ознака и да
обезбедува целокупна заштита
Сигурносни чевли за моторна пила
треба да се во согласност со EN ISO 20345:2004 и да бидат
означени со знак со нацртана моторна пила за да ја покажат
усогласеноста со EN 381-3. (Повремени корисници може да
користат сигурносни чевли со челично капаче со заштитни
гамаши кои се во согласност со EN 381-9 ако подлогата е рамна
и има мал ризик од сопнување или зафаќање во жбунови)
Јакни за моторна пила за заштита на горниот дел од телото
треба да се во согласност со EN 381-11 и да носат CE ознака
212
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ВАШАТА МОТОРНА ПИЛА
1
10
Блокажа за вклучување
Моторна пила
2
11
Прекинувач за гас
Меч
3
12
Ланчаник
Капак на погонскиот
4
запченик
Жлеб на мечот
13
5
Капак на мечот
Задна рачка
14
6
Завртки за монтирање на
Батерија
мечот
7
Предна рачка
15
Граничник на канџа
8
Кочница за ланецот
16
Комбиниран клуч
9
Капаче за маслото
17
Фаќач на ланецот
за подмачкување на
18
ланецот
Завртка за затегнување
на ланец
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Последиците од неправилно одржување, отстранување или
измена на сигурносните уреди како кочницата за ланецот,
прекинувачот за палење, рачниот штитник (напред и назад),
граничникот на канџата, фаќачот на ланецот, мечот, ланецот
на пила со мал повратен удар, може да предизвикаат
неправилно функционирање на сигурносните уреди и така
зголемувајќи го потенцијалот за сериозна повреда.
Ланец на пила со мал повратен удар
Ланецот на пила со мал повратен удар помага да се намали
можноста за повратен удар. Раздвојувачките запци (ограничувач
на длабочина) пред секој секач може да ја минимизираат
силата од повратната реакција преку спречување на секачите
да се вкопаат премногу длабоко. Користете само комбинации
на резервни мечови и ланци препорачани од производителот.
Откако ќе се наострат ланците на пилата тие губат некои од
квалитетите на мал повратен удар и потребно е дополнително
внимание. За ваша безбедност, заменете ги ланците на пилата
кога ќе се намалат перформансите на сечење.
Граничник на канџа
Интегрираниот граничник на канџата може да се користи како
средиште кога правите засек. Тој ви помага да го одржувате
стабилно телото на моторната пила додека сечете. Кога сечете,
притиснете ја машината нанапред сè додека канџата не се
вкопа во работ на дрвото а потоа со движење на задната рачка
нагоре или надолу во правецот на линијата на сечење може да
помогне да се олесни физичкиот напор од сечењето.
Меч
Вообичаено, мечовите со врвови со мал радиус имаат помал
потенцијал на повратен удар. Треба да користите меч и
соодветен ланец кој е доволно долг за работата. Подолгите
мечови го зголемуваат ризикот од губење на контрола за време
на сечење. Редовно проверувајте ја затегнатоста на ланецот.
Кога сечете помали гранки (помалку од целата должина на
мечот) многу лесно може да се отфрли ланецот ако затегнатоста
не е точна.
Кочница за ланецот
Кочниците за ланецот се дизајнирани за брзо запирање на
ланецот. Ако лостот/рачниот штитник на кочницата за ланецот
се притисне кон мечот, ланецот треба да запре веднаш.
Кочницата за ланецот не спречува повратен удар. Таа само го
намалува ризикот од повреда доколку ланецот го допре телото
на операторот за време на повратен удар. Кочницата за ланецот
треба да се тестира пред секое користење за правилна работа
како во работната така и во позицијата на кочење.
Фаќач на ланецот
Фаќачот на ланецот спречува истиот да се отфрли наназад кон
операторот ако се разлабави или скине ланецот.
МАКЕДОНСКИ
ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРАВИЛНИ ТЕХНИКИ ЗА СОБОРУВАЊЕ
НА ДРВО, КАСТРЕЊЕ И ПРЕСЕКУВАЊЕ
Разбирање на силите во дрвото
Ако ги разберете насочените притисоци и напони во дрвото
може да ги намалите „приклештувањата" или барем да ги
очекувате за време на сечење. Напнатоста во дрвото значи дека
влакната се раздвоени и ако сечете во ова подрачје, „цапката"
или засекот ќе тежнее да се отвори како што поминува пилата.
Ако стеблото се потпира на магарица за сечење дрва а крајот
виси непотпрен, се создава напнатост на горната површина
поради тежината на надвиснатото стебло истегнувајќи ги
влакната. Исто така долната страна на стеблото ќе биде во
компресија а влакната се притискаат едно во друго. Ако се
направи засек во ова подрачје, цапката ќе има тенденција да
затвори за време на сечењето. Ова ќе го приклешти сечилото.
Соборување на дрво
Ако се врши истовремено скратување и соборување од две
или повеќе лица, би требало растојанието помеѓу лицата
што соборуваат и скратуваат да изнесува најмалку двојно од
висината на дрвото што се соборува.
При соборување на дрвја треба да се внимава да не се
изложуваат другите лица на опасност, да не се удри некоја
снабдувачка линија или да се предизвика имотна штета.
Ако дрвото прави контакт со некоја снабдувачка линија треба
веднаш да се извести компанијата.
Треба да се планира патека за бегство и да се исчисти ако е
потребно пред да се почне со сечење. Патеката за бегство
треба да се протега наназад и дијагонално од задниот дел на
очекуваната линија на паѓање.
Пред да почнете со соборување на дрвото земете ја во предвид
природната наклонетост на дрвото, локацијата на поголемите
гранки и правецот на ветарот за да процените каде ќе падне
дрвото.
Отстранете нечистотија, камења, лабава кора, шајки, спајалици
и жица од дрвото.
Да не се обидувате да соборувате трули дрва или оштетени од
ветар, пожар, гром и др. Ова е екстремно опасно и треба да го
изведуваат само професионални дрвени хирурзи.
1. Зарежување на долен засек
Направете зарез со длабочина од 1/3 од пречникот на
дрвото, вертикално во правецот на падот. Прво направете го
понискиот хоризонтален зарез. Ова ќе помогне да се избегне
приклештување на ланецот или на мечот кога се прави
вториот зарез.
2. Заден засек за соборување
Направете го задниот засек за соборување најмалку 50 mm
повисоко од хоризонталниот зарез. Одржувајте го задниот
засек за соборување паралелно со хоризонталниот зарез.
Направете го задниот засек за соборување така што да
остане доволно дрво да дејствува како стожер. Дрвениот
стожер го одржува дрвото од превиткување и паѓање во
погрешен правец.
Да не сечете низ стожерот.
Како што соборувањето се приближува кон стожерот, дрвото
треба да почне да паѓа. Ако има некоја шанса да дрвото
може да не падне во посакуваниот правец или може да се
заниша наназад и да го стегне ланецот, запрете го сечењето
пред да го завршите задниот засек за соборување и
користете клинови од дрво, пластика или алуминиум за да го
отворите засекот и да го пуштите дрвото долж посакуваната
линија на паѓање.
Кога дрвото ќе почне да паѓа извадете ја моторната пила од
засекот, запрете го моторот, исклучете ја моторната пила и
користете ја планираната патека за повлекување. Внимавајте
на гранки што паѓаат врз главата и гледајте каде газите.
Отстранување на потпорни корени
Потпорен корен е голем корен што се протега од стеблото
на дрвото над земјата. Отстранете ги големите потпорни
корени пред да почнете со соборување. Направете го прво
хоризонталниот засек во потпорите, следејќи го вертикалниот
засек.
Отстранете го разлабавениот дел од работното подрачје.
Следете ја точната процедура за соборување дрво по
отстранувањето на големите потпорни корени.
Кастрење на дрво
Кастрење е отстранување на гранките од соборено дрво. Кога
кастрите оставете ги поголемите ниски гранки за да го потпрете
стеблото на земјата. Отстранете ги малите гранки со едно
сечење. Оптегнатите гранки треба да се сечат одоздола нагоре
за да се избегне стегнување на моторната пила.
Скратување на стебло
Скратување е сечење на стебло во должини. Важно е да се
осигурате дека газите стабилно и вашата тежина е рамномерно
распределена на двете стапала. Ако е можно, стеблото треба да
се подигне и потпре со користење на гранки, трупци или клоцни.
Следете ги едноставните насоки за лесно сечење. Кога стеблото
е потпрено долж целата должина тоа се сече одозгора (горно
скратување).
Кога стеблото е потпрено на еден крај, пресечете 1/3 од
пречникот од долната страна (долно скратување). Потоа
направете го завршниот засек преку горно скратување за да го
сретнете првото сечење.
Кога стеблото е потпрено на двата краја, пресечете 1/3 од
пречникот одозгора (горно скратување). Потоа направете го
завршниот засек преку долно скратување на долните 2/3 за да
го сретнете првото сечење.
При скратување на удолница секогаш стојте на нагорната
страна од стеблото. За да одржите контрола кога пресекувате
ослободете го притисокот за сечење во близина на крајот од
сечењето без да го опуштате стисокот на рачките од моторната
пила. Не дозволувајте ланецот да ја допре земјата. По
завршување на сечењето, почекајте ланецот на пилата да запре
пред да ја поместите моторната пила. Секогаш запирајте го
моторот пред да се поместите од дрво на дрво.
Сечење на „камшици"
„Камшик" е секое стебло, гранка, коренеста пенушка или
фиданка која е оптегната од друго дрво така што отскокнува
наназад ако се пресече или отстрани дрвото што ја држи.
Кај паднато дрво, коренеста пенушка има висок потенцијал
за отскокнување наназад во исправена позиција за време
на скратувањето за одвојување на стеблото од трупецот.
Внимавајте на камшици—тие се опасни.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Камшиците се опасни и може да го
удрат операторот, предизвикувајќи операторот да ја изгуби
контролата на моторната пила. Ова може да доведе до
сериозни или смртни повреди на операторот. Ова треба да
се прави од обучени корисници.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Акумулаторската моторна пила е наменета само за надворешна
употреба.
Поради безбедносни причини, моторната пила мора соодветно
да се контролира со двете раце цело време.
Моторната пила е наменета за сечење на гранки, стебла, трупци
и греди со пречник одреден од должината на сечење на мечот.
Таа е наменета исклучиво за сечење на дрво. Треба да се
користи само од страна на возрасни лица кои имаат добиено
соодветна обука за опасностите и превентивните мерки/дејства
додека ја користите моторната пила.
Да не ја користите моторната пила за други цели коишто не се
наведени во одредените услови за употреба. Моторната пила не
треба да се користи од деца или од лица кои не носат соодветна
лична заштитна опрема и облека.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Кога ја користите моторната пила
мора да се почитуваат безбедносните правила. За ваша
лична безбедност и безбедноста на присутните, мора да
ги прочитате и целосно разберете овие инструкции пред
да ја користите моторната пила. Треба да посетувате
професионално организирани безбедносни курсеви за
употреба, превентивни дејства, прва помош и одржување
на моторните пили. Чувајте го ова упатство на сигурно и
безбедно место за подоцнежна употреба.
МАКЕДОНСКИ
213

Publicidad

loading