(пасус 4.2) и поставете го одново
правилно кога ќе завршите со работа.
Секои 30 часа, треба да го подмачкате
внатрешното перниче кај застапникот.
7.6
ЧИСТЕЊЕ НА СИНЏИРОТ
По секоја употреба, отстранете
ги од синџирот сите траги од
сечењето или талози од масло.
Во случај на големи нечистотии или
замастеност, извадете го синџирот и
оставете го да постои во сад со одреден
детергент неколку часови. Потоа,
исперете го во чиста вода и испрскајте
го со соодветен спреј против корозија
пред да го поставите на машината.
7.7
КЛИН ЗА БЛОКИРАЊЕ
НА СИНЏИРОТ
Пред секоја употреба, проверувајте ја
состојбата на клинот за запирање на
синџирот (сл.1.H) и обновете го кога
резултатите не се задоволителни.
7.8 НАВРТКИ И ШРАФОВИ
ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Пред секоја употреба, проверете го
затегнувањето на сите шрафови и
навртки за да се уверите дека машината
е во состојба за безбедна работа.
• Пред секоја употреба, проверувајте
дали рачките се цврсто фиксирани.
8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
8.1 ОТВОРИ ЗА ПОДМАЧКУВАЊЕ
НА МАШИНАТА И НА ЛОСТОТ
Пред секојдневната работа, извадете го
картерот од фрикцијата (пасус 4.2), извадете
го лостот и проверете дали отворите за
подмачкување на машината (сл. 35.A) и на
лостот за наведување (сл. 35.B) се блокирани.
8.2 ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ
ЗА ВОЗДУХ
ВАЖНО Чистењето на филтерот за
воздух е битно за добра работа и векот на
самата машина. Не работете без филтер или
со оштетен филтер за да не предизвикате
непоправливи оштетувања на моторот.
Чистењето треба да се спроведува
секои 8– 10 часови работа.
За чистење на филтерот:
1. Откачете го крилцето (сл. 36.A) и
извадете го капакот (сл. 36.B).
2. Притиснете цврсто на металниот дел од
филтерот за воздух додека не слушнете
звук на кликнување (сл. 37.A).
3. Извадете го филтерот за воздух
(сл. 37.B), потчукнувајќи го малку
за да ја истресете нечистотијата
и исчистете го со мека четка.
4. Ако филтерот се затне целосно, измијте
го со чист бензин. Во случај на употреба
на воздух под притисок, насочете го
воздухот од внатре кон надвор(сл. 38).
5. Ставете го филтерот (сл. 39.B),
повлечете го металниот дел (сл. 39.A) ,
треба да слушнете звук дека филтерот
се блокирал на своето место.
6. Ставете го капачето (сл. 40.A) внимавајќи
дека сите делови се правилно
поставени врз цилиндарот (сл. 40.B).
7. Закачете го крилцето вметнувајќи
го прво долниот дел и потоа
притискајќи врз горниот дел додека
не слушнете звук (сл. 40.C).
8.3 ЛЕЖИШТЕ СО ФРИКЦИЈА
Еднаш месечно, проверувајте го
интегритетот на металниот ремен кој
што се обвиткува околу лежиштето
за фрикцијата кај застапникот.
Ременот треба да се замени кога
ќе се изаби или деформира.
8.4 КЛИН ЗА ПРЕНОС НА СИНЏИРОТ
Со помош на застапникот, редовно
контролирајте ја состојбата на запците
и заменете ги кога ќе бидат изабени.
Не монтирајте нов синџир
со стар забец или обратно.
8.5 КОНТРОЛА НА СВЕЌИЧКАТА
До свеќичката (сл. 30.A) може да се
пристапи ако го извадите капакот за
филтерот за воздух (сл. 36.B).
Повремено, откачете ја и исчистете ја
свеќичката за да ги отстраните евентуалните
талози со метална шпатула (сл. 41.A).
Проверете ја и обновете ја точната
оддалеченост меѓу електродите (сл. 41.B).
MK - 17