Исклучена сопирачка за
синџирот. Ова се постигнува
кога задната заштита за
раката (сл. 1.D) е целосно
повлечена назад предната
рачка додека не се заглави.
Активирана сопирачка за
синџирот. Ова се постигнува
кога предната заштита за
раката (сл. 1.D) е целосно
турната напред.
Не користете ја машината
ако сопирачката за синџирот не
работи правилно и контактирајте со
застапникот за неопходна проверка.
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
ВАЖНО
Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да
избегнете сериозни ризици или опасности.
6.1
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност.
ВАЖНО
Машината се доставува со
празен резервоар за мешавина и без
масло за подмачкување на синџирот.
6.1.1
Полнење гориво
Пред да ја користите машината, наполнете
гориво. За начините за подготвување на
мешавината и за безбедните начини за
дополнување entна гориво видете пасус. 7.3.
6.1.2
Дополнување масло и
подмачкување на синџирот
Пред да ја користите машината,
дополнете масло за подмачкување на
синџирот. За начинот и постапката при
дополнувањеent масло, видете пасус 7.4.
6.1.3
Контрола на затегнатоста
на синџирот
Спроведете ги сите
операции со изгасен мотор.
Носете секогаш заштитни
ракавици за работа.
Проверете ја затегнатоста на синџирот.
Затегнатоста е правилна кога, држејќи го
синџирот на средината на лостот, носачите на
преносот не излегуваат од лежиштето (сл. 11)
За регулација на затегнатоста на синџирот:
1. отшрафете ја навртката на картерот
со помош на приложениот клуч,
2. вртете го шрафот за задршка на
синџирот (сл. 9.А) додека не постигнете
правилна затегнатост на синџирот
3. држејќи го лостот подигнат, зашрафете
го шрафот на картерот докрај со
помош на приложениот клуч (сл. 10).
Не работете со олабавен синџир
за да не предизвикате опасни
состојби во случаи кога синџирот
може да излезе од запците.
ВАЖНО Во текот на првата употреба,
неопходна е честа проверка заради
проверка на лежиштето на синџирот.
6.2
БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
Спроведете ги следните безбедносни
контроли и проверете дали резултатите
соодветствуваат со даденото во табелата.
Секогаш проверувајте ги
безбедносните контроли пред работа.
Секогаш извршувајте дневна
проверка на машината пред
работата, по едно соборено дрво и
по други потреби за да ги утврдите
значителните штети или дефекти.
MK - 9