6.4
РАБОТА
Пред да започнете со сечење и
кастрење за првпат, неопходно е:
– да имате соодветна обука за
користење на овој вид апарати,
– да сте ги прочитале безбедносните
предочувања и упатството за користење
што се составен дел на овој прирачник,
– да сте вежбале на мали грмушки на
земја или фиксирани на соодветни
потпори на начин што ќе доведе до
неопходната запознаеност со машината
и со најчестите техники за сечење.
За да работите се машината,
постапете како што следи:
• Секогаш исклучувајте ја
сопирачката за синџирот пред да
го активирате забрзувачот.
• Во текот на работата, машината
секогаш мора да се држи цврсто со
двете раце, со тоа што левата рака
е поставена на предниот ракофат, а
десната на задниот независно дали
операторот е левучар или десничар.
6.4.1
Проверки што треба да се
прават во текот на работата
6.4.1.a Контрола на затегнатоста
на синџирот
При работа, синџирот подлежи на
прогресивно издолжување и затоа
треба често да ја проверувате
неговата затегнатост (пасус 6.1.3).
6.4.1.b Контрола на степенот на масло
ВАЖНО
ако нема подмачкување! Резервоарот со
масло треба да се празни докрај секогаш
кога горивото ќе се потроши. Полнете
го резервоарот за масло секојпат кога
дополнувате гориво за машината (пасус 7.4).
Проверете дали лостот и синџирот
се добро позиционирани кога се врши
контрола на степенот на масло.
Запалете го моторот (пасус 6.3), држете
го моторот под среден режим на
работа и проверете дали истуреното
масло за синџирот соодветствува
со приказот на (сл. 15).
Не користете ја машината
6.5
ТЕХНИКА НА РАБОТА
6.5.1
Кастрење дрво
Уверете се дека на просторот
каде ќе паѓаат гранките нема луѓе.
1. Поставете се од обратната страна во
однос на гранката што ќе ја сечете.
2. Почнете со гранките што се најниско,
продолжувајќи кон највисоките гранки.
3. Сечете одгоре надолу за да избегнете
заглавување на лостот (сл. 16).
6.5.2
Сечење дрво
ВАЖНО Кога две или повеќе лица
истовремено изведуваат работи за сечење
и цепкање, таквите операции треба да се
изведуваат во засебни зони на растојание
на 2.5 пати од висината на исеченото
дрво. Не соборувајте го дрвото ако постои
ризик да загрозите други лица, да удрите
електричен вод или да предизвикате друга
материјална штета. Во случај кога дрвото
ќе допре на далновод, се препорачува
веднаш да се повика компанијата што е
надлежна за дистрибуција на ел. енергија.
Пред да сечете:
– потребно е да се земе во предвид
природното закосување на дрвото, од
страната на кој гранките се многу големи,
како и правецот на ветрот, така што ќе се
процени начинот на кој ќе паѓа дрвото,
– исчистете го дрвото од нечистотии,
парчиња кора, клинци и
метални парчиња и жици,
– исчистете ја областа околу дрвото и
обезбедете добра потпора за нозете,
– подгответе соодветни патеки за
повлекување без пречки. Патеките за
повлекување треба да се подготвени
за околу 45° во спротивниот правец
од паѓањето на дрвото (сл. 17) и
треба да дозволуваат оддалечување
на операторот во безбедна зона
подалеку за 2,5 пати од висината на
дрвото што треба да се собори.
– Стојте нагорно од теренот каде
веројатно ќе се изврти или падне
дрвото по соборувањето.
• Сечење во основа
1. Поставете се оддесно на дрвото
и зад моторната пила.
MK - 12