Етикетата е наменета за брзо наведување и
не ја заменува подолу опишаната постапка.
Пред палење на машината:
1. Извадете ја заштитата на лостот
(сл. 1.Н) и заштитата за харпунот
(сл. 1.Ј) (ако е ставена).
2. Проверете дали лостот и синџирот го
допираат теренот или други предмети.
3. Проверете дали сопирачката за
синџирот е вметната (пасус 5.7).
ВАЖНО За да избегне кинење, не влечете
го јажето за палење по целата должина,
не виткајте го по работ на отворите на
водилката и постепено ослободувајте
го ракофатот со тоа што ќе избегнувате
враќање на неконтролиран начин.
ВАЖНО
Не мотајте го јажето
за палење околу раката.
Никогаш не палете ја моторната
пила ако ви паднала, држејќи ја за
јажето за палење. Тоа е многу опасно
бидејќи може да ја загубите комплетната
контрола врз машината и синџирот.
ЗАБЕЛЕШКА
Прекинувачот секогаш се
наоѓа во позиција за палење (пасус 5.1).
6.3.1
Палење на ладно
За палење на „ладно" треба
да се изведе палење најмалку по 5
минути од смирување на моторот
или по полнење гориво.
1. Проверете дали сопирачката за
синџирот е вметната (пасус 5.7).
2. Вклучете ја командата за
придушувачот, носејќи ја рачката
во позиција «B» (сл. 12.A).
3. Притиснете го копчето за командата
на уредот за поттикнување (сл. 13.F)
6 пати за да го поттикнете горивото.
4. Поставете ја машината во стабилна
положба на земја. Држете ја цврсто
машината на земја со една рака на
предната рачка и со стапалото врз
задната рачка за да не ја изгубите
контролата во текот на палењето (сл. 14).
Ако машината не се држи цврсто,
искра од моторот може да предизвика
загуба на рамнотежата кај операторот
или да го насочи лостот кон пречка
или кон самиот оператор.
5. Полека влечете го ракофатот за
палење 10– 15 см. сè додека не
почувствувате извесен отпор и тогаш
решително повлечете 4 пати сè
додека не се слушнат првите звуци.
Во оваа фаза моторот не се пали.
ВАЖНО
Не влечете го ракофатот
за палење повеќе од 4 пати.
6. Исклучете ја командата за
придушувачот (сл. 12.A), ставајќи
ја рачката во позиција «A».
7. Одново повлечете го ракофатот за
палење сè додека не постигнете
правилно палење на моторот.
8. Кога моторот ќе се запали, притиснете
ги истовремено и решително рачката за
командата за забрзување (сл. 12.B) и
рачката за блокирање на забрзувањето
(сл. 12.C) за да го исклучите уредот
за првично забрзување. Оставете го
моторот да работи 10-15 секунди.
9. Извадете ја сопирачката за
синџирот (пасус 5.7).
ВАЖНО
Избегнувајте да го оставате
моторот да врти со голем број вртежи
со поставена сопирачка за синџирот.
Ова може да доведе до прегревање
или оштетување на фрикцијата.
10. Оставете моторот да работи на
минимум најмалку 1 минута пред
да ја користите машината.
ВАЖНО Доколку ракофатот на јажето за
палење се скине при влечење со активирана
команда за придушување, моторот може
да се задуши и да се предизвикаат
потешкотии при палење. Во случај на
задушување на моторот (видете пасус 15.5).
6.3.2
Палење на топло
За палење на топло (веднаш
по гасење на моторот):
1. Проверете дали сопирачката за
синџирот е вметната (пасус 5.7).
2. Притиснете го копчето за командата
на уредот за поттикнување (сл. 13.F)
6 пати за да го поттикнете горивото.
3. Активирајте ја командата за придушување
(позиција „Б" - пасус 5.2) и веднаш пуштете
ја (позиција „А" - пасус 5.2). Така се
активира уредот за првично забрзување.
4. Следете ги точките 4 – 7 – 8 – 9 во
претходната процедура (сл. 6.3.1).
MK - 11