Bosch GSK 64-34 Professional Manual Original página 112

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
OBJ_BUCH-1302-002.book Page 112 Wednesday, October 22, 2014 10:24 AM
112 | Македонски
Ставање во употреба
Прекинете го напојувањето со воздух,
пред да почнете да го подесувате
уредот, да менувате делови од
опремата или доколку долго време не
сте го користеле пневматскиот алат.
Овие превентивни мерки го спречуваат
невнимателниот старт на пневматскиот уред.
Работење со поединечно активирање (види слика C)
– Притиснете го преклопникот 6 навнатре и
истовремено навалете го во долната позиција додека
не се вклопи повторно.
Системот за активирање
„Поединечно активирање" е
поставен.
– Поставете го отворот 13 или гумираниот штитник 1
цврсто на делот што се обработува, сè додека
осигурувачот за активирање 2 не се притисне
целосно.
– На крај кратко притиснете на чкрапалото 5 и
повторно отпуштете го.
Притоа ќе се испука една шајка.
– Оставете го пневматскиот алат да се врати назад од
делот што се обработува.
– За следниот процес на набивање подигнете го
пневматскиот алат од делот што се обработува и
поставете го цврсто на следното место.
Работење со активирање на контакт (види слика D)
– Притиснете го преклопникот 6 навнатре и
истовремено навалете го во горната позиција,
додека повторно не се вклопи.
Системот за
активирање
„Активирање на
контактот" е поставен.
– Притиснете го чкрапалото 5 и држете го притиснато.
– Поставете го отворот 13 или гумираниот штитник 1
цврсто на делот што се обработува, сè додека
осигурувачот за активирање 2 не се притисне
целосно.
Притоа ќе се испука една шајка.
– Оставете го пневматскиот алат да се врати назад од
делот што се обработува.
– За следниот процес на набивање подигнете го
пневматскиот алат од делот што се обработува и
поставете го цврсто на следното место.
– Движете го пневматскиот алат со истовремено
подигање и повторно поставете го над делот за
обработка.
Секој пат кога ќе го поставите пневматскиот алат и ќе
го притиснете осигурувачот за активирање, ќе се
исфрли муниција.
– Штом ќе се набие потребниот број на шајки,
повторно отпуштете го чкрапалото 5.
Совети при работењето
Прекинете го напојувањето со воздух,
пред да почнете да го подесувате
уредот, да менувате делови од
опремата или доколку долго време не
сте го користеле пневматскиот алат.
Овие превентивни мерки го спречуваат
невнимателниот старт на пневматскиот уред.
Пред секој почеток на работата проверете дали
беспрекорно функционираат уредите за безбедност и
активирање, како и дали се цврсто поставени завртките
и навртките.
Веднаш исклучете го пневматскиот алат којшто е
дефектен или не работи беспрекорно од доводот на
воздух и контактирајте ја овластената сервисна служба
на Bosch.
Не вршете недозволени интервенции на пневматскиот
алат. Не ги демонтирајте или блокирајте деловите на
пневматскиот алат, како на пр. осигурувачот за
активирање.
Не извршувајте „итни поправки" со несоодветни
средства. Пневматскиот алат треба редовно и правилно
да се одржува (види „Одржување и сервис",
страна 113).
1 609 92A 10Y | (22.10.14)
Избегнувајте ослабување и оштетување на
пневматскиот алат, на пр. при
– забивање или гравирање
– доколку производителот не дозволил преправки,
– водење по шаблони, коишто се изработени од цврст
материјал, на пр. челик,
– испаѓање и туркање преку под,
– употреба како чекан,
– секој вид на употреба на сила.
Проверете што се наоѓа под или зад Вашиот дел за
обработка. Не испукувајте шајки во ѕидови, плафони
или подови, доколку зад нив има лица. Шајките може да
поминат низ материјалот и да повредат некого.
Не испукувајте шајка на веќе набиена шајка. Притоа
шајката може да се деформира, да се заглават шајките
или пневматскиот алат да почне неконтролирано да се
движи.
Доколку пневматскиот алат се употреби при ладни
амбиентални услови, првите шајки ќе се набиваат
побавно од вообичаено. Откако ќе се стопли
пневматскиот алат за време на работата, повторно се
враќа нормалната работна брзина.
Избегнете испукување во празно, за да избегнете
иззабување на втиснувачот.
При подолги работни паузи или на крајот на работата
исклучете го пневматскиот алат од доводот на воздух и
доколку е возможно испразнете го магацинот.
Празнење на магацинот (види слики E1–E2)
– Повлечете го лизгачот на магацинот 11 со притиснат
зафаќач на шајки 18 наназад додека зафаќачот на
шајки не ја ослободи последната шајка и внимателно
водете го лизгачот на магацинот нанапред до
почетокот на магацинот 10.
Напомена: Не допуштајте лизгачот на магацинот да се
затвора без контрола. Притоа лизгачот на магацинот
може да се оштети и постои опасност да ги згмечите
прстите.
– Свртете го пневматскиот алат, така што шајките ќе
лизгаат наназад до пружината на магацинот 17.
– Притиснете ја пружината на магацинот надолу и
оставете ги шајките во зафаќачот 18 да слизнат од
магацинот 10.
Подесување на граничникот за длабочина
(види слика F)
Длабочината на забивање може да се подеси со
тркалцето за подесување 12.
– Испразнете го магацинот 10.
(види „Празнење на магацинот", страна 112)
– Шајките се испукани предлабоко:
За да ја намалите длабочината на забивање, свртете
го тркалцето за подесување 12 во правец спротивен
на стрелките од часовникот.
или
Шајките не се испукани доволно длабоко:
За да ја зголемите длабочината на забивање, свртете
го тркалцето за подесување 12 во правец на
стрелките на часовникот.
– Повторно наполнете го магацинот.
(види „Полнење на магацинот", страна 111)
– Тестирајте ја новата длабочина на забивање на
пробен дел за обработка.
Доколку е потребно, повторете ги работните чекори.
Вадење на осигурувачот за активирање
При сервис или чистење може да го извадите
осигурувачот за активирање 2.
– Вртете го тркалцето за подесување 12 во правец на
стрелките на часовникот, додека не се види првиот
навој.
– Извршете ги другите 6 вртежи во правец на
стрелките на часовникот.
Осигурувачот за активирање 2 може да се извлече
во било кое време.
– За повторно ставање притиснете го осигурувачот за
активирање 2 повторно во предвидените отвори и
свртете го тркалцето за подесување 12 во правец
спротивен на стрелките од часовникот, додека
навојот повеќе не се гледа.
Вадење на заглавената муниција
(види слики G1–G3)
Поединечните шајки може да се заглават во каналот за
пукање. Доколку ова често се случува, контактирајте ја
овластената сервисна служба на Bosch.
– Испразнете го магацинот 10.
(види „Празнење на магацинот", страна 112)
– Притиснете го затегнувачкиот лост 3 надолу, за да
може да се отвори каналот за пукање.
– Отстранете ги заглавените шајки. По потреба
употребете клешти.
– Доколку излегол втиснувачот 19, притиснете го со
подмачкан одвртувач или друг соодветен подмачкан
предмет назад во клипот.
– Подмачкајте го каналот за пукање со 2–3 капки
моторно масло (SAE 10 или SAE 20).
– Затворете го каналот за пукање, закачете ја дршката
на затегнувачкиот лост 3 во куките на каналот за
пукање и повторно притиснете го затегнувачкиот
лост нагоре.
– Повторно наполнете го магацинот.
(види „Полнење на магацинот", страна 111)
Напомена: Доколку втиснувачот не се враќа назад по
ослободувањето на заглавената муниција,
контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Промена на штитникот за делот за обработка
(види слика H)
Штитникот за делот за обработка 1 на крајот на
осигурувачот за активирање 2 го штити делот за
обработка, додека пневматскиот алат не се постави
точно за процесот на забивање.
Штитникот на делот за обработка може да се отстрани и
замени.
– Извлечете го штитникот од осигурувачот за
активирање.
– Поместете го новиот штитник за делот за обработка
со отворениот крај преку осигурувачот за
активирање.
Напомена: Резервниот штитник за делот за обработка
може да се чува на горната страна на магацинот 10.
Ставете го штитникот на делот за обработка во депото 9.
Подесливо капаче за излез на воздухот
(види слика I)
Со подесливото капаче за вентилација на излезот за
воздух 4 можете да го пренасочите издувниот воздух
спроти Вас или спроти делот за обработка.
Транспорт и складирање
При транспорт исклучете го пневматскиот алат од
напојувањето со воздух, особено доколку користите
скали или имате невообичаено движење на телото.
На работното место држете го пневматскиот алат само
за дршката 7 и со неактивирано чкрапало 5.
Пневматскиот алат постојано треба да се складира
исклучен од напојувањето со воздух и на суво, топло
место.
Доколку пневматскиот алат не се користи подолг
период премачкајте ги челичните делови со тенок слој
масло. На тој начин ќе го спречите зар'ѓувањето.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido