Descargar Imprimir esta página

Stiga RC 585 Manual De Instrucciones página 306

Ocultar thumbs Ver también para RC 585:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 147
7.
ОДРЖУВАЊЕ НА ФИЛТЕРОТ
Заради постојана употреба на палењето, на куплунгот и на деловите во склопот, завртките на
моторниот плуг може да се разлабават. Деловите може да се изабат заради мала моќност на
моторот на бензин, зголемена потрошувачка на гориво и други дефекти коишто може да ја
попречат употребата на моторниот плуг. За да ја отстраните оваа причина, неопходно е да го
одржувате плугот доследно и редовно. Така, ќе обезбедите добри технички услови за продолжен
век на употреба.
7.1.
ПРИСПОСОБУВАЊЕ
1. Прочитајте го упатството во однос на приспособувањето на моторот на бензин.
2. Нов или користен моторен плуг мора да работи еден час без оптоварување, потоа уште 9
часа, па може да се користи за нормална работа.
7.2.
ТЕХНИЧКО ОДРЖУВАЊЕ НА МОТОРНИОТ ПЛУГ
Внимание!
Пред да извршите каква било контрола, чистење или
интервенција за одржување/регулација на машината:
• Запрете ја машината и исклучете го моторот.
Проверете дали секоја подвижна компонента запира.
Почекајте да се излади моторот.
1. Циклусно одржување (пред или по секој циклус на работа):
a) Наслушајте или погледнете дали има ненормални појави, како шум, прекумерно загревање,
разлабавени навртки и сл.
b) Проверете дали има масло во моторот на бензин.
c) Проверете дали нивоата на масло во моторот на бензин се меѓу знаците за полно и празно
кај индикаторите за ниво.
d) Редовно отстранувајте ги нечистотијата, калта, тревата и мрсните дамки од машината и од
дополнителната опрема.
e) Водете евиденција за земјоделската активност.
2. Одржување на прво ниво (секои 150 часа работа):
a) Спроведете ги сите чекори за одржување по секој циклус.
b) Исчистете го куќиштето со редуктор и сменете го мастлото за подмачкување
3. Одржување на второ ниво (секои 800 часа работа):
a) Спроведете ги сите постапки за одржување на 150 часа работа.
b) Проверете ги запчениците и перничињата. Ако нешто е многу изабено, заменете го
c) Ако некој дел или компонента на моторниот плуг, како на пример куплунгот или навртките,
се оштетени, заменете ги!
4. Поправки и технички контроли (секои 1500-2000 часа работа):
a) Однесете ја целата машина во овластениот сервис на застапникот за да ја исчистат и
проверат. Ако некој дел или компонента се многу изабени, заменети ги.
5. Поправката и одржувањето на моторот на бензин треба да се изведуваат како што е посочено
во упатството.
16
.
MK

Publicidad

loading