Wilo FK 17.1 Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 654

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1119
mk
4
3
5
1
3
Fig. 10: Поставување на суво
6.4.6
Управување со нивото
654
Инсталација и електрично поврзување
При суво поставување работната просторија треба да биде поделена на собирен
простор и машински простор. Во собирниот простор тече транспортираниот
медиум и се собира, а во машинскиот простор е намонтирана пумпата. Пумпата е
инсталирана во машинскиот простор и е поврзана со цевководот на
вшмукателната и на потисната страна. Треба да се внимава на следното при
инсталација:
▪ Приклучениот цевковод на вшмукателната и на потисната страна треба да има
своја носечка потпора. Пумпата не смее да служи како потпора за цевководот.
▪ Поврзете ја пумпата со цевководот без затегнување и без да мрда. Се
препорачува употреба на еластични приклучни елементи (компензатори).
▪ Пумпата не е самовшмукувачка, што значи дека транспортираниот медиум мора
да протекува самостојно или со претпритисок. Минималното ниво на водата во
собирниот простор мора да ја има истата висина како и горниот раб на
хидрауличното куќиште!
▪ Макс. температура на околина: 40 °C (104 °F)
Работни чекори
1
Засун
1
2
Неповратен вентил
2
3
Компензатор
4
Точка на подигнување за опрема за подигнување
5
Минимално ниво на водата во собирниот простор
Машинската просторија/местото на поставување треба да се подготви пред
инсталирањето.
Цевководот се поставува стандардно и со своја потпора.
1. Опремата за подигнување треба да биде прицврстена со стремен за точката
на подигнување на пумпата.
2. Подигнете ја пумпата и позиционирајте ја во машинскиот
простор.ВНИМАНИТЕЛНО! Кога ја позиционирате пумпата, лесно затегнете
ги водовите за снабдување со струја!
3. Пумпата треба професионално да се прицврсти за фундаментот.
4. Пумпата треба да биде поврзана со цевковод. НАПОМЕНА! Внимавајте
приклучокот да не е затегнат и да не мрда. По потреба употребете
еластични приклучни елементи (компензатори).
5. Откачете ја опремата за подигнување од пумпата.
6. Водовите за снабдување струја во машинскиот простор треба да ги постави
стручен електричар.
▶ Кога ќе ја поставите пумпата, електричарот може да ја поврзе за струја.
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради неправилна инсталација!
Кога е монтирано управување со нивото во рамките на подрачје во кое постои
опасност од експлозија, сигнализаторот се поврзува преку разделни релеа за
експлозија или ценер-бариера. Постои опасност од експлозија кога
приклучувањето е неправилно! Приклучувањето мора да го направи стручен
електричар.
Актуелното ниво се одредува со помош на управување со нивото и пумпата
автоматски се вклучува и исклучува во зависност од нивото. Нивото се добива
преку различни видови сензори (пливачки прекинувач, притисочни или
ултразвучни мерења или електроди). Треба да внимавате на следново кога
употребувате управување со нивото:
▪ Пливачкиот прекинувач може да се движи слободно!
▪ Не смее да се спушта под минималното ниво на водата!
▪ Не смее да се пречекорува максималното ниво на зачестеност на вклучување!
▪ Кога нивоата варираат многу, се препорачува управување со нивото со две мерни
точки. Така може да се појават големи диференцијални растојанија.
WILO SE 2019-01

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Fk 202Fk 34Fk 42Emu fa

Tabla de contenido