Обврската На Раководителот; Монтажа - Wilo FK 17.1 Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1119
mk
6.3
Обврската на раководителот
6.4
Монтажа
648
Инсталација и електрично поврзување
▪ Хоризонтално стационарно суво поставување
НАПОМЕНА! Хоризонталното поставување може да зависи од типот и
моќноста.Консултирајте се со службата за односи со корисниците околу овие
видови поставувања!
▪ Внимавајте на локалните прописи на сила за спречување несреќни случаи и за
безбедност на трговските асоцијации.
▪ Внимавајте на сите прописи за работа со тешки и висечки товари.
▪ Обезбедете и уверете се дека секој има заштитна опрема на располагање и дека
ја носи.
▪ Треба да се внимава на локалните прописи за технологија на отпадна вода кога
работи со такви постројки.
▪ Не дозволувајте зголемување на притисокот!
Зголемувања на притисокот може да се случат кај долгите притисочни линии со
изразит профил на релјеф. Таквите зголемувања на притисокот може да
предизвикаат расипување на пумпата!
▪ Утврдете го времето на ладење на моторот, коешто зависи од работните услови и
големината на шахтата.
▪ За да се овозможи безбедно и функционално прицврстување, градежниот објект/
фундаментот треба да има доволна цврстина. Раководителот е одговорен за
подготовка и употреба на градежниот објект/фундаментот!
▪ Проверете ја документацијата за општиот план (монтажни површини, како се
изведени работните простории, условите за довод на вода) дали се условите
целосни и соодветни.
ОПАСНОСТ
Опасно по живот доколку работите сами!
Работењето во шахта и тесни простори, како и работењето каде што има
опасност од паѓање се смета за опасна работа. Не смеете сами да работите во
такви услови! Треба да биде присутно второ лице за поголема сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Повреди по рацете и стапалата поради заштитна опрема што паѓа!
Постои опасност од (тешки) повреди додека се работи. Носете ја следната
заштитна опрема:
• Безбедносни ракавици за заштита од исекотини
• Заштитни чевли
• Доколку дојде до потреба од опрема за подигнување товар, мора да се
носи и заштитен шлем!
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување и спуштање
на пумпата. Осигурете се дека пумпата нема да се заглави за време на
подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте ја максимално дозволената
носивост на опремата за подигнување! Проверете ја опремата за подигнување
дали функционира беспрекорно!
▪ Работната просторија/местото на поставување треба да биде:
– Чисто и да нема големи предмети
– Суво
– Без мраз
– Деконтаминирано
▪ Веднаш преземете мерки ако се насоберат отровни гасови или гасови што може
да предизвикаат загушување!
▪ Товарот треба да биде закачен со стремен за точката на подигнување.
Употребувајте само опрема за подигнување дозволена за градежништво.
▪ Употребувајте уреди за подигнување, спуштање или транспортирање пумпа.
Никогаш не влечете ја пумпата за водот за снабдување со струја!
WILO SE 2019-01

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Fk 202Fk 34Fk 42Emu fa

Tabla de contenido