Wilo FK 17.1 Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 670

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1119
mk
9.6.8
Менување масло на заптивна
комора
+/-
Fig. 13: Заптивна комора: Менување масло
670
Сервисирање
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работниот материјал е под висок притисок!
Во моторот може да се создаде притисок од повеќе бари! Притисокот се
намалува кога ќе ги отворите шрафовите за затворање. Доколку невнимателно
ги одвртите, може да се случи силно протекување! За да избегнете повреди,
внимавајте на следниве инструкции:
• Придржувајте се до пропишаниот редослед на работните чекори.
• Одвртувајте ги шрафовите полека и не целосно. Штом почне да се
ослободува притисокот (ќе слушнете како се испушта воздух), не вртете
повеќе!
• Кога целосно е испуштен притисокот, комплетно одвртете ги шрафовите.
• Носете затворени заштитни очила.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Изгореници поради жежок работен материјал!
Кога ќе се испушти притисокот, може да почне да прска жежок работен
материјал. Притоа може и да се изгорите! За да избегнете повреди, мора да
внимавате на следниве инструкции:
• Оставете мотор да се излади на температура на околината, а потоа
отворете ги шрафовите за затворање.
• Носете затворени заштитни очила или заштита за лицето, како и
ракавици.
Мотор FK 17.1
+/-
Наполнете ја заптивната комора со масло или одземете масло
Поставена е заштитна опрема!
Пумпата е демонтирана и исчистена (и по потреба, деконтаминирана).
1. Поставете ја пумпата вертикално на цврста
подлога.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од нагмечување на дланките.
Осигурете се дека пумпата нема да падне или да се излизга!
2. Поставете соодветни резервоари за собирање на работниот материјал.
3. Одвртувајте го шрафот полека и нецелосно. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прекумерен
притисок во моторот! Ако слушнете звук на испуштање воздух или
свирење, не вртете повеќе! Почекајте притисокот да се испушти целосно.
4. Кога целосно е испуштен притисокот, комплетно одвртете го шрафот и
испуштете го работниот материјал.
5. Проверете го работниот материјал: Ако во работниот материјал пронајдете
метална пилевина, контактирајте ја службата за односи со корисниците!
6. Наполнете со нов работен материјал преку отворот.
⇒ Придржувајте се до податоците за видот и количината работен
материјал!
7. Исчистете го шрафот за затворање, ставете нов заптивен прстен и повторно
завртете го. Макс. вртежен момент: 8 Nm!
WILO SE 2019-01

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Fk 202Fk 34Fk 42Emu fa

Tabla de contenido