Descargar Imprimir esta página

Milwaukee HEAVY DUTY M18 FHS20 Manual Original página 101

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Волтажа на батеријата
Брзина на ланец на празно
Должина на меч макс.
Корисна должина на сечење
Капацитет на резервоар за масло за ланец
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 01/2014 (Li-Ion 2.0 Ah .. 12.0 Ah)
Препорачана температура на околината за работа
Препорачани комплети акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата: Измерените вредности се одредени согласно
стандардот EN 62841. A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично
изнесува:
Ниво на звучен притисок / Несигурност К
Ниво на јачина на звук / Несигурност К
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на
трите насоки) пресметани согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност К
h
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод
на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се
користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за
поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може
значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е
вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.:
одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да предизвика губење на слухот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите
безбедносни напомени, упатства, цртежи и податоци,
коишто ги добивате заедно со уредот. Доколку не ги
почитувате следните упатства, може да дојде до електричен
удар, до пожар и/или до тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
ОПШТИ СИГУРНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ПИЛАТА ЗА
КАСТРЕЊЕ
a) Чувајте ги сите делови од телото подалеку од ланецот
кога работи пилата за кастрење. Пред да ја стартувате
пилата за кастрење, проверете ланецот да не допира нешто.
Момент на невнимание додека ја користите пилата за кастрење
може да предизвика заплеткување на вашата облека или тело
со пилата со ланец.
b) Секогаш држете ја пилата за кастрење со вашата десна
рака на десната рачка а левата рака на предната рачка.
Држењето на пилата за кастрење со обратна конфигурација
на рацете го зголемува ризикот за телесна повреда и не треба
никогаш да се прави.
c) Држете ја пилата за кастрење само на изолираните
површини за фаќање бидејќи ланецот на пилата може да
допре скриени жици. Ако ланците дојдат во контакт со жица
под напон може да ги „направат спроводливи" металните
делови на пилата за кастрење и да предизвикаат струен удар
на операторот.
d) Носете заштита за очи. Се препорачува користење и на
останата заштитна опрема за слухот, главата, рацете, нозете
и стапалата. Соодветната заштитна опрема ќе ги намали
телесните повреди од летечки остатоци или ненамерен контакт
со ланецот на пилата.
e) Да не ја користите пилата за кастрење на дрво, на скали,
200
M18 FHS20
пила за кастрење
4916 50 01 XXXXXX MJJJJ
18 V ⎓
4,8 m/s
8" / 200 mm
7,4" / 189 mm
77 ml
2,8 kg .... 3,9 kg
-18 ... +50 °
M18B...; M18HB...
M12-18...; M1418C6
81 dB (A) / 3 dB (A)
89 dB (A) / 3 dB (A)
4,9 m/s² / 1,5 m/s²
од покрив или нестабилна подлога. Користењето на пилата
за кастрење на таков начин може да доведе до сериозна
телесна повреда.
f) Секогаш одржувајте правилна положба и користете ја
пилата за кастрење само кога стоите на цврста, сигурна и
рамна површина. Лизгавите или нестабилните површини може
да предизвикаат губење на рамнотежата или контролата на
пилата за кастрење.
g) Кога сечете оптегната гранка внимавајте на враќањето
наназад. Кога ќе се ослободи напнатоста во влакната на дрвото
гранката што се враќа назад може да го удри операторот и/или
да ја исфрли пилата за кастрење надвор од контрола.
h) Обратете посебно внимание кога сечете грмушки и
фиданки. Виткиот материјал може да го фати ланецот на
пилата и да замавне кон вас или да ве исфрли од рамнотежа.
i) Носете ја пилата за кастрење со предната рачка со
исклучена пила и подалеку од вашето тело. Кога ја
транспортирате или складирате пилата за кастрење
секогаш ставете го капакот за мечот. Правилното ракување
со пилата за кастрење ќе ја намали веројатноста од ненамерен
контакт со движечкиот ланец на пилата.
j) Следете ги упатствата за подмачкување, затегнување
на ланецот и менување на мечот и ланецот. Неправилно
затегнатиот или подмачкан ланец може или да се скине или да
ја зголеми шансата за повратен удар.
k) Одржувајте ги рачките суви, чисти и без масло и масти.
Мрсните, маслени рачки се лизгави и предизвикуваат губење на
контролата.
l) Сечете само дрво. Да не ја користите пилата за кастрење
за други цели. На пример: да не ја користите пилата за
кастрење за сечење на метал, пластика, ѕидарија или
недрвени градежни материјали. Користењето на пилата за
кастрење за други намени може да доведе до опасна ситуација.
МАКЕДОНСКИ
Следете ги сите инструкции кога чистите заглавен
материјал, при складирање или сервисирање на пилата за
кастрење. Проверете дали е исклучен прекинувачот и дали
е отстрането акумулаторското пакување. Неочекуваното
придвижување на пилата за кастрење при чистење на заглавен
материјал или сервисирање може да доведе до сериозна
телесна повреда.
Причини и спречување на повратен удар:
Повратен удар може да настане кога носот или врвот на мечот
ќе допре некој предмет или кога ќе се затвори дрвото и ќе го
приклешти ланецот на пилата во засекот.
Контактот со врвот во некои случаи може да предизвика
ненадејна повратна реакција, враќајќи го мечот наназад кон
операторот.
Приклештувањето на ланецот долж врвот од мечот може брзо
да го турне наназад мечот кон операторот.
Секоја од овие реакции може да предизвика да изгубите
контрола на ланецот што може да доведе до сериозна телесна
повреда. Да не се ослонувате исклучиво на сигурносните уреди
вградени во пилата.
Како корисник на пила за кастрење треба да направите неколку
чекори за да нема несреќи или повреди при сечењето.
Повратниот удар е резултат на неправилно користење на пилата
за кастрење и/или неправилни работни процедури или состојби
и може да се избегне со следниве мерки на претпазливост:
a) Фатете цврсто со палците и прстите околу рачките
на пилата за кастрење, со двете раце на пилата
и позиционирајте ги телото и раката за да им се
спротиставите на силите на повратниот удар. Повратните
сили може да ги контролира операторот ако се преземат
соодветни мерки на претпазливост. Да не ја испуштате пилата
за кастрење.
b) Не држете ги рацете многу далеку и не сечете над
висината на рамениците. Ова спречува ненамерен контакт со
врвот и овозможува подобра контрола на пилата за кастрење во
неочекувани ситуации.
c) Користете мечови и ланци за замена одредени од
производителот. Неправилната замена на мечовите и ланците
може да предизвика кинење на ланецот и/или повратен удар.
d) Следете ги инструкциите за острење и одржување на
производителот за моторната пила. Намалувањето на
висината на ограничувачот на длабочина може да доведе до
зголемен повратен удар.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Се препорачува да сечете стебла на магарица за сечење дрва
или колевка кога ја користите машината за прв пат.
Врзување
Врзување само со јажиња за апсорпција на енергија.
Прицврстете го врзувачот само на јамката на јажето.
Не ја прикачувајте врвката на рачката, капакот на мечот или на
друга точка на алатот.
Проверете дали сите штитници, рачки и граничникот на канџата
се правилно поставени и се во добра состојба.
Лицата што ја користат пилата за кастрење треба да бидат со
добро здравје. Пилата за кастрење е тешка па затоа операторот
мора да биде физички подготвен.
Операторот треба да биде внимателен, да има добар вид,
мобилност, рамнотежа и рачна умешност. Во случај на
сомневање да не ја користите пилата за кастрење.
Не стартувајте со користење на пилата за кастрење сè додека
немате јасно работно подрачје, стабилна основа и планирана
патека за повлекување од дрвото што паѓа. Внимавајте
на емисијата од магла од средството за подмачкување и
пилевината. Носете маска или респиратор ако е потребно.
Да не сечете винова лоза и/или мали жбунови.
Секогаш држете ја пилата за кастрење со двете раце за време
на работа. Цврсто фатете со палците и прстите околу рачките
на пилата за кастрење. Десната рака мора да биде на задната
рачка а левата рака на предната рачка.
Пред да ја стартувате пилата за кастрење проверете да не
допира некој предмет.
Немојте да ја менувате пилата за кастрење на никаков начин
или да користите додатоци или уреди кои не се одобрени од
производителот за вашата пила за кастрење.
Треба да има комплет за прва помош кој содржи големи завои
за рани и средства за довикување (на пр. свирче) во близина
на операторот. Треба да има поголем, севкупен комплет во
близина.
Неправилно затегнатиот ланец може да искокне од мечот и
може да доведе до сериозна повреда или смрт. Должината
на ланецот зависи од температурата. Често проверувајте ја
затегнатоста на ланецот.
Треба да се навикнете на вашата нова пила за кастрење со
правење на едноставни засеци на добро потпрено дрво. Ова
правете го секогаш кога ја немате користено пилата одредено
време. За да го намалите ризикот од повреда поврзана со
допирањето на движечки делови, секогаш запрете го моторот,
извадете го акумулаторското пакување и проверете дали сите
движечки делови имаат запрено пред:
• чистење или расчистување на блокажа
• оставање на машината без надзор
• монтирање или отстранување на додатоци
• проверка, вршење одржување или работење на машината
Големината на работното подрачје зависи од работата што
се врши како и од големината на дрвото или работното
парче. На пример, соборувањето дрво побарува поголемо
работно подрачје отколку другите сечења, на пр. скратување.
Операторот треба да биде свесен и да ги има работите под
контрола во работното подрачје.
Да не сечете со вашето тело во линија со мечот и ланецот. Ако
доживеете повратен удар, тоа ќе спречи ланецот да дојде во
контакт со вашата глава или тело.
Не се движете напред назад при сечење, оставете го ланецот
да ја заврши работата. Ланецот треба да биде остар и не се
обидувајте да го притискате ланецот низ засекот.
Да не ја притискате пилата на крајот од сечењето. Бидете
подготвени да ја прифатите тежината од пилата како што се
пресекува дрвото. Во спротивно може да дојде до сериозни
повреди.
Да не ја запирате пилата за време на процесот на сечење.
Оставете ја пилата да работи сè додека не се извади од засекот.
Не го фиксирајте прекинувачот во позиција он-вклучено кога ја
користите пилата држејжи ја со рака.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
За да избегнете опасноста
од пожар, од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во течност
алатката, заменливата батерија или полначот и пазете во
уредите и во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни
или електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Притиснете и потеглете
Реактивната сила дејствува секогаш во спротивна насока од
правецот на движење на ланецот. Поради тоа операторот мора
да биде подготвен да ја контролира тенденцијата на машината
да одвлече (во едно движење нанапред) кога се сече со
долната страна од мечот и да притисне наназад (во правец кон
операторот) кога се сече со горната страна.
Заглавена пила во засекот
Запрете ја пилата за кастрење и обезбедете ја. Да не се
обидувате да ги истеглите ланецот и мечот надвор од засекот
бидејќи може да се скине ланецот, кој може да замавне наназад
и да го удри операторот. Оваа ситуација вообичаено се случува
бидејќи дрвото е неправилно потпрено што го присилува
засекот да се затвори под компресија и со тоа да го приклешти
сечилото. Ако прилагодувањето на потпирањето не го ослободи
МАКЕДОНСКИ
201

Publicidad

loading