Descargar Imprimir esta página

Milwaukee HEAVY DUTY M18 FHS20 Manual Original página 103

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или
протечени литиум-јонски батерии.За понатамошни инструкции
обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
РАБОТНИ УПАТСТВА
МОНТИРАЊЕ
Монтирање на ланецот и мечот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Да не ја користите машината
ако некој дел е оштетен или недостасува сè додека не се
замени истиот. Непочитувањето на ова предупредување
може да доведе до сериозна телесна повреда.
Извадете го акумулаторот. Носете ракавици!
1. Извадете ги завртките за монтирање на мечот користејќи го
доставениот комбиниран клуч.
2. Отстранете го капакот на ланецот.
3. Ставете го ланецот во правилната насока на мечот и
осигурајте се дека погонските алки се израмнети во жлебот
на мечот.
4. Прикачете го мечот на пилата за кастрење и замотајте го
ланецот околу погонскиот запченик.
5. Ставете го капакот за ланецот и повторно зашрафете ги
завртките за монтирање на мечот.
6. Цврсто затегнете ги завртките за монтирање на мечот. Мечот
мора слободно да се движи за регулирање на затегнатоста
на ланецот.
7. Прилагодете ја затегнатоста на ланецот. Погледнете го
поглавјето „Регулирање на затегнатоста на ланецот".
8. Фатете го врвот на мечот и добро затегнете ги завртките за
монтирање на мечот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ланецот на пилата е остар.
Секогаш носете заштитни ракавици кога го одржувате
ланецот.
Регулирање на затегнатоста на ланецот
Пред да почнете со било какви работи на пилата за кастрење
извадете го акумулаторското пакување.
За да се зголеми затегнатоста на ланецот, завртете ја завртката
за затегнување на ланецот на десно и често проверувајте ја
затегнатоста на ланецот. За да се намали затегнатоста на
ланецот, завртете ја завртката за затегнување на ланецот на
лево и често проверувајте ја затегнатоста на ланецот.
Затегнатоста на ланецот е правилна ако процепот помеѓу
секачот во ланецот и мечот е околу 6,8 mm. Потеглете го
ланецот во средината на долната страна од мечот на надолу
(подалеку од мечот) и измерете го растојанието помеѓу мечот и
секачите на ланецот. Затегнете ги завртките за монтирање на
мечот со нивно вртење на лево.
Забелешка: Да не го затегнувате премногу ланецот -
преголемата затегнатост ќе предизвика зголемено абење и ќе
го намали животниот век на ланецот и може да го оштети мечот.
Новите ланци може да се истегнат и олабават за време на
почетното користење. Извадете го акумулаторското пакување
и често проверувајте ја затегнатоста на ланецот за време на
првите два часа од употреба. Температурата на ланецот се
зголемува за време на нормална работа предизвикувајќи да се
истегне ланецот. Често проверувајте ја затегнатоста на ланецот
и прилагодете како што е потребно. Ланецот затегнат додека е
топол може да биде многу затегнат по ладење. Осигурајте се
дека затегнатоста на ланецот е правилно прилагодена како што
е наведено во овие инструкции.
Додавање на масло за подмачкување на ланецот
204
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Никогаш не работете без
средство за подмачкување на ланецот. Ако пилата работи
без средство за подмачкување, мечот и ланецот може да се
оштетат. Од суштинско значење е често да се проверува нивото
на масло во инструментот за ниво на масло и пред да почнете
да ја користите пилата за кастрење.Одржувајте го резервоарот
повеќе од ¼ полн за да се осигурате дека има доволно масло
за работата.
Забелешка: Се препорачува да користите масло за ланецот
на растителна база кога кастрите дрвца. Минералното масло
може да ги оштети дрвцата. Никогаш не користете отпадно
автомобилско масло или многу густи масла. Тие може да ја
оштетат пилата за кастрење. Исчистете ја површината околу
капачето за масло за да спречите контаминација.
1. Одвртете го и отстранете го капачето од резервоарот за
масло.
2. Истурете го маслото во резервоарот за масло и следете го
инструментот за ниво на масло.
3. Ставете го повторно капачето за масло и затегнете го.
Избришете ако има некое истурање.
Држење на пилата за кастрење
Секогаш држете ја пилата за кастрење со вашата десна рака на
десната рачка а левата рака на предната рачка. Фатете ги двете
рачки со палците и прстите заокружувајќи ги рачките.
Стартување на пилата за кастрење
Пред да ја стартувате пилата за кастрење треба да го ставите
акумулаторот во пилата за кастрење.
Заштита од рестартирање
Алатот на струја се испорачува со заштита од рестартирање.
Ова спречува стартување на вклучениот алат на струја само
од себе кога е вметнат акумулаторот и од рестартирање по
исклучување на акумулаторот.
Ако мечот е надвор од дрвото исклучете ја машината, а потоа
повторно вклучете ја со цел да продолжите да работите.
Ако мечот е во дрвото, почекајте додека целосно не
запре моторната пила. Проверете дали прекинувачот е
во положба „Исклучено". Извадете го акумулаторот од
машината и мечот од засекот. Ставете го акумулаторот, а
потоа повторно вклучете ја машината за да продолжите да
работите.
ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Секогаш благо подмачкајте го ланецот кога го складирате за да
спречите негово рѓосување. Секогаш испразнете го резервоарот
за масло при складирање за да спречите истекување.
Запрете ја машината, извадете го акумулаторот и оставете да се
олади пред складирање или транспорт.
Исчистете ги сите туѓи тела од машината. Складирајте ја
машината на ладно, суво и добро проветрено место кое што не
е пристапно за деца. Чувајте подалеку од корозивни средства
како на пример хемикалии за градината и соли за одмрзнување.
Да не складирате надвор.
Ставете го капакот на мечот пред да ја складирате машината
или за време на транспорт.
За транспорт во возила, осигурајте ја машината против движење
или паѓање за да спречите повреда на лица или оштетување на
машината.
ЧИЩЕННЯ
Чистете ја прашината и остатоците од отворите. Одржувајте
ја рачката чиста, сува и без масло или мазива. Користете
само благ сапун и влажна крпа за чистење, бидејќи одредени
средства за чистење и растворувачи се штетни за пластика и
други неизолирани делови. Некои од нив вклучуваат бензин,
терпентин, разредувач за лак, разредувач за боја, хлорирани
средства за чистење, амонијак и детергенти за домаќинството
што содржат амонијак. Никогаш не користете запаливи или
горливи растворувачи околу алатите.
МАКЕДОНСКИ
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Користете само Milwaukee
додатоци и резервни делови. Во спротивно може да дојде до
можна повреда, да допринесе до слаби перформанси и може да
ја поништи вашата гаранција.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Сервисирањето бара
исклучително внимание и знаење и треба да го врши само
квалификуван сервисен техничар. За сервисирање ви
препорачуваме да ја однесете машината до најблиската
сервисна станица на MILWAUKEE. Кога сервисирате користете
само идентични делови за замена.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Извадете го акумулаторот
пред прилагодување, одржување или чистење. Во спротивно
може да дојде до сериозна телесна повреда. Може да правите
прилагодувања или поправки опишани во прирачникот. За други
поправки, контактирајте го овластениот сервисен агент.
Последиците од неправилното одржување може да
предизвикаат неправилно функционирање на кочницата за
ланецот и други безбедносни функции и така зголемувајќи ја
можноста за сериозна повреда.
Чувајте ја пилата за кастрење професионално одржувана и
безбедна. • Безбедното острење на ланецот е задача која бара
вештина. Затоа производителот строго препорачува да се
замени изабен или затапен ланец со нов, достапен кај вашиот
сервисен агент на MILWAUKEE. Бројот на делот е достапен во
табелата со спецификации за производот во овој прирачник.
Следете ги инструкциите за подмачкување и проверка и
регулирање на затегнатоста на ланецот.
По секоја употреба, исчистете ја машината со мека сува крпа.
Отстранете ги деланките, прашината и остатоците во
акумулаторското крило.
Проверете ги сите завртки, болцни и навртки во чести
интервали за безбедност за да се осигурате дека машината е во
безбедна работна состојба. Секој оштетен дел треба соодветно
да се поправи или замени од страна на сервисната служба на
MILWAUKEE.
Замена на мечот и ланецот на пилата
Носете заштитни ракавици.
1. Извадете го акумулаторот
2. Извадете го капакот на мечот
3. Извадете ги завртките за монтирање на мечот користејќи го
доставениот комбиниран клуч.
4. Отстранете го капакот на ланецот.
5. Намалете ја затегнатоста на ланецот на пилата. Погледнете
го делот „Прилагодување на затегнатоста на ланецот".
6. Извадете го стариот ланец со капакот на мечот
7. Ставете го новиот ланец во правилната насока на мечот и
осигурајте се дека погонските алки се израмнети во жлебот
на мечот.
8. Прикачете го мечот на пилата за кастрење и замотајте го
ланецот околу погонскиот запченик.
9. Заменете го капакот на погонскиот запчаник и навртката за
монтирање на мечот.
10. Затегнете ја со прст навртката за монтирање на мечот.
11. Мечот мора да биде слободен да се движи за
прилагодување на затегнатоста на ланецот.
12. Прилагодете ја затегнатоста на ланецот. Погледнете го
поглавјето „Регулирање на затегнатоста на ланецот".
13. Фатете го врвот на мечот и добро затегнете ги завртките за
монтирање на мечот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Тап или неправилно наострен
ланец може да предизвика прекумерна брзина на моторот
за време на сечење кое може да доведе до сериозно
оштетување на моторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Неправилното острење на
ланецот го зголемува потенцијалот за повратен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Незаменувањето или
непоправањето на оштетен ланец може да предизвика
сериозна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ланецот на пилата е остар.
Секогаш носете заштитни ракавици кога го одржувате
ланецот.
Одржување на мечот
Кога мечот ќе покаже знаци на абење, превртете го мечот од
долу на нагоре на пилата за да го распределите абењето за
максимален век на траење на мечот. Мечот треба да се чисти
секој ден на употреба и да се проверува дали има абење и
оштетување. Создавањето гребени или нерамнини на шините на
мечот е нормален процес на абење на мечот. Ваквите дефекти
треба да се измазнуваат со турпија веднаш штом ќе се појават.
Шини на мечот
Меч со кој било од следните дефекти треба да се замени.
• Абење во шините на мечот што му дозволува на ланецот да
лежи странично.
• Свиткан меч.
• Испукани или скршени шини.
• Проширени шини.
Неделно подмачкувајте ги мечовите со запчаник на нивниот врв
Со помош на шприц за маснотии, подмачкајте неделно во дупката
за подмачкување. Свртете го мечот и проверете дали дупките за
подмачкување и шините на мечот се без нечистотии.
План за одржување
Дневна проверка
Подмачкување на мечот
Пред секоја употреба
Затегнатост на ланецот
Пред секоја употреба и редовно
Наостреност на ланецот
Пред секоја употреба, визуелна
проверка
За оштетени делови
Пред секоја употреба
За лабави затворачи
Пред секоја употреба
Меч
Пред секоја употреба
Комплетна пила
По секоја употреба
Делови за замена (Меч и ланец)
Производител
MILWAUKEE
Ланец
4932 4801 76
Меч
4932 4801 69
Ланецот мора да биде монтиран со меч од ист производител
според горните комбинации.
Експлозивен цртеж
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот
на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај
локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
МАКЕДОНСКИ
OREGONO
90F033XTR
360804
205

Publicidad

loading