Работа; Мерки На Претпазливост За; Стартување На Моторот - Honda Motor GCV145 Manual Del Propietário

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 41
4PZ9C8002.book Page 2 Monday, November 30, 2020 4:55 PM
ПРОВЕРКИ ПРЕД РАБОТА
ДАЛИ ВАШИОТ МОТОР Е СПРЕМЕН ЗА РАБОТА?
Заради ваша безбедност, а со цел да се усогласите со регулативите за
заштита на животната средина и за да го продолжите работниот век
на вашата опрема, многу е важно да одвоите малку време пред да
почнете да го користите моторот за да ја проверите неговата
состојба. Секој проблем што ќе го откриете треба да го решите или
да го поправи вашиот овластен сервисер пред да започнете да
работите со моторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Неправилното одржување на овој мотор или
неуспешното отстранување проблем пред негова
употреба може да доведе до голем дефект.
Некои дефекти може да предизвикаат тешки повреди
или смрт.
Пред секоја употреба, правете проверка на моторот и
отстранете го секој проблем.
Пред да започнете со проверките пред употреба, погрижете се
моторот да биде поставен на рамна површина и да е исклучен.
Секогаш проверувајте ги следните ставки пред да го стартувате
моторот:
Проверете ја општата состојба на моторот
1. Разгледајте околу и под моторот за да видите дали има знаци од
истекување масло или бензин.
2. Отстранете ја секоја нечистотија или остатоци, особено околу
издувниот лонец и горниот капак.
3. Проверете дали има знаци на оштетување.
4. Проверете дали сите штитници и капаци се на место, како и дали
се стегнати сите навртки, завртки и шрафови.
Проверете го моторот
1. Проверете го нивото на гориво (видете на страница 4). Палењето
со полн резервоар ќе помогне да се елиминираат или намалат
прекините на работа заради повторно полнење.
2. Проверете го нивото на масло (видете на страница 5).
Функционирањето на моторот со ниско ниво на масло може да
предизвика штета.
3. Проверете го филтерот за воздух (видете на страница 5).
Нечистиот филтер за воздух го ограничува протокот на воздух до
карбураторот, намалувајќи го перформансот на моторот.
4. Проверете колку е полн акумулаторот (видете на страница 6).
5. Проверете ја опремата која работи со помош на овој мотор.
Проверете ги упатствата приложени со опремата која работи со
помош на овој мотор заради претпазливост и процедурите што
треба да се следат пред да се вклучи моторот.
РАБОТА
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА БЕЗБЕДНО РАБОТЕЊЕ
Пред да го вклучите моторот за првпат, разгледајте го делот
ИНФОРМАЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ на страница 1 и ПРОВЕРКИ ПРЕД
РАБОТА на страница 2.
Опасности од јагероден моноксид
Заради ваша безбедност, не вклучувајте го моторот во затворена
просторија, како на пример гаража. Емисиите што ги испушта вашиот
мотор содржат отровен гас јаглероден моноксид кој може брзо да се
насобере во затворена просторија и да предизвика болест или смрт.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Емисиите содржат отровен гас јаглероден моноксид
кој може да се насобере до опасни нивоа во затворени
простории.
Вдишувањето на јаглероден моноксид може да
предизвика несвестица или смрт.
Никогаш не палете го моторот во затворен простор,
дури ниту во делумно затворен простор.
Прегледајте ги упатствата приложени со опремата која работи со помош
на овој мотор заради мерките на претпазливост што треба да се
почитуваат при стартување, исклучување или работење со моторот.
Не ракувајте со моторот на падини со косина поголема од 15° (26%).
Ракување со акумулаторот
НАПОМЕНА
Ако не ги почитувате упатствата наведени подолу, може да дојде до
краток спој, прегреваање, палење, инјектирање гас и истекување
течност.
• Не расклопувајте го и не модифицирајте го акумулаторот.
• Не удирајте го силно, како на пример со предмет што паѓа или со
ставање тежок предмет врз него.
• Ако акумулаторот падне во вода, не користете го веќе.
• Не отстранувајте ја ознаката поставена на горниот дел од
акумулаторот.
ВНИМАНИЕ
Ако се појави некаков проблем, како на пример мирис,
прегревање, деформирање и менување на бојата за
време на употреба, чување или полнење, веднаш
прекинете да го употребувате акумулаторот.
Ако истечена течност од акумулаторот дојде во контакт
во вашата кожа или облека, исплканете ја со чиста вода.
Ако истечена течност од акумулаторот ви прсне во
очи, темелно исплакнете ги со чиста вода и веднаш
побарајте лекарска помош без да ги триете очите.
Во спротивно, може да дојде до повреда на очите.
СТАРТУВАЊЕ НА МОТОРОТ
Не користете го саухот доколку моторот е топол или доколку
надворешната температура е висока.
НАПОМЕНА
Не стартувајте го моторот кога опремата што се напојува со
овој мотор е со ограничена функција (на пример, кога сечилото на
косилката е заклучено).
Ако процедурата за стартување на моторот се испробува во таква
состојба, ротацијата на стартерот автоматски ќе престане.
Моторот не може да се стартува ако стартерот не ротира.
А потоа, ако процедурата за стартување на моторот се направи
повеќе пати, индикаторот на акумулаторот и моторот нема да
работат заради заштита на акумулаторот. Почекајте малку
и обидете се повторно да го стартувате.
По складирање во траење од еден месец, акумулаторот влегува во
РЕЖИМ НА СКЛАДИРАЊЕ.
За да го вратите од РЕЖИМ НА ЧУВАЊЕ; притиснете го копчето
за стартување на опремата што се напојува со овој мотор.
Акумулаторот ќе влезе во РЕЖИМ НА МИРУВАЊЕ.
Видете Слика 1, страница А-2.
За да го користите моторот, стартувајте го во РЕЖИМ НА
МИРУВАЊЕ.
Ако трепка индикаторот на акумулаторот, тоа значи дека е
испразнет. Се препорачува подолг работен период за да се
обезбеди доволно енергија за полнење на акумулаторот преку
самостојно полнење (видете на страница 6).
МАКЕДОНСКИ
2

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gcv170Gcv200

Tabla de contenido