4PZ9C8002.book Page 4 Monday, November 30, 2020 4:55 PM
СЕРВИСИРАЊЕ НА ВАШИОТ МОТОР
КОЛКУ Е ВАЖНО ОДРЖУВАЊЕТО
Доброто одржување е многу важно за безбедно, економично и
непречено работење. Тоа исто така помага да се намали загадувањето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Неправилното одржување на овој мотор или неуспешното
отстранување проблем пред негова употреба може да
доведе до голем дефект.
Некои дефекти може да предизвикаат тешки повреди или
смрт.
Секогаш следете ги препораките за проверка и одржување
и распоредите во овој прирачник за сопственик.
За да ви помогнеме правилно да се грижите за вашиот мотор, на
следните страници вклучен е распоред за одржување, процедури за
рутинска проверка и едноставни процедури за одржување во кои се
користат основни рачни алати. Други активности за сервисирање
кои се потешки или за кои се потребни специјални алати најдобро ги
извршуваат професионалци и нормално е нив да ги изведува
техничар на Honda или друг квалификуван механичар.
Распоредот за одржување се однесува на мотор кој работи во
нормални работни услови. Доколку вашиот мотор го користите во
тешки услови, како на пример, под голем товар или при високи
температури, или пак го користите во невообичаено влажни или
правливи услови, консултирајте се со вашиот сервисер за Honda за
препораки согласно вашите индивидуални потреби.
Користете само оригинални делови на Honda или нивни
соодветни еквиваленти. Користењето на делови што не се со ист
квалитет може да го оштети моторот.
Одржувањето, заменувањето или поправката на уредите и
системите за контрола на емисиите на гоасови смее да ги изведува
секоја фирма или физичко лице за поправка на мотори, кој користи
делови што се „сертифицирани" според ЕРА стандарди.
БЕЗБЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
Следуваат некои од најважните мерки за безбедност. Меѓутоа, ние не
можеме да ве предупредиме за секоја можна опасност што може да
настане при активности за одржување. Само вие можете да одлучите
дали ќе извршите одредена активност или не.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Несоодветното одржување може да предизвика
небезбедна состојба.
Непочитувањето на упатствата за одржување и
мерките на претпазливост може да предизвика тешки
повреди или смрт.
Секогаш следете ги процедурите и мерките на
претпазливост во овој прирачник за сопственк.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
• Проверете дали моторот е изгаснаст пред да започнете со какви
било активности за одржување или поправки. За да спречите
случајно вклучување, тргнете го капчето на свеќичката. Тоа ќе
елиминира неколку потенцијални опасности:
– Труење со јаглероден моноксид од издувните гасови на
моторот.
Работете надвор, подалеку од отворени прозорци или врати.
– Изгореници од жешките делови.
Оставете моторот и системот за издувни гасови да се изладат
пред да ги допирате.
– Повреда од деловите што се движат.
Не користете го моторот доколку не сте упатени како да го
правите тоа.
• Прочитајте ги упатствата пред да започнете и проверете дали ги
поседувате потребните алати и вештини.
• За да ја намалите можноста од пожар или експлозија, бидете
внимателни кога работите околу бензин. За чистење на деловите,
користете само незапалив разредувач, а не бензин. Држете ги
цигарите, искрите и пламенот понастрана од сите делови кои се
поврзани со горивото.
Запомнете дека овластениот сервисер на HONDA најдобро го
познава вашиот мотор и ја поседува комплетната опрема за негово
одржување и поправање.
За да обезбедите најдобар квалитет и сигурност, користете само нови
оригинални делови на Honda или нивни еквиваленти за поправка и
заменување.
РАСПОРЕД ЗА ОДРЖУВАЊЕ
РЕГУЛАРЕН ПЕРИОД ЗА СЕРВИСИРАЊЕ (1)
СТАВКА
Направете го сервисот во
секој наведен месец или
работни часови, во зависност
од тоа кое ќе настапи прво.
Моторното масло
Проверете го
нивото
Заменете го
Филтер за воздух
Проверете го
Исчистете ја
Заменете ја
Плочка на сопирачка
Проверете го
на погонско тркало
(применливи видови)
Свеќичка
Проверка-
приспособу-
вање
Заменете ја
Придушувач на
Исчистете ја
пламен
(применливи
видови)
Во мирување
Проверете го
Резервоарот за
Исчистете ја
гориво и филтерот
Чистење на вентил
Проверка-
приспособу-
вање
Комора за
Исчистете ја
согорување
Цевка за гориво
Проверете го
(1)
При комерцијална употреба, запишете ги работните часови за
да ги утврдите соодветните интервали на одржување.
(2)
Менувајте го моторното масло на секои 25 часа кога го
користите моторот под тежок товар или во услови на висока
температура во околината.
(3)
Сервисирајте го моторот почесто кога го користите во области
со прашина.
(4)
Овие треба да ги сервисира вашиот овластен сервисер, освен
ако имате соодветни алати и поседувате напаредни познавања
во областа на механиката. Погледнете го Прирачникот на Honda
за процедурите за сервисирање.
(5)
Во Европа и други земји каде што е во сила Директивата за
машини 2006/42/ЕЗ, ова чистење треба да го врши вашиот
овластен сервис.
За да спроведете активности за одржување на долниот дел од
моторот (Машина), свртете го за 90° и легнете го така што
карбураторот/филтерот за воздух секогаш да бидат горе.
Видете Слика 8, страница A-3.
ПОВТОРНО ПОЛНЕЊЕ
Видете Слика 7, страница A-3.
Препорачано гориво
Безоловен бензин
САД
Со 86 октани или повеќе
Освен САД
Со 91 окатан или повеќе
Со 86 октани или повеќе
Спецификации на гориво потребни за одржување на перформансот
на системот за контрола на издувни гасови: E10 гориво наведено во
законската регулатива на ЕУ.
Овој мотор е сертифициран за работа со безоловен бензин со
91 октан или повеќе (со 86 октани или повеќе).
Полнете го во добро вентилирана област, при што моторот треба да
биде изгаснат. Доколку моторот бил бо употреба, оставете го прво да
се излади. Никогаш немојте да го полните моторот во објект каде што
испарувањата од бензинот можат да дојдат во контакт со пламен или
искри.
Можете да користите обичен безоловен бензин кој не содржи повеќе
од 10% етанол (Е10) или 5% метанол. Покрај тоа, метанолот мора да
содржи растворувачи и инхибитори на корозија. Користењето на
МАКЕДОНСКИ
Секоја
Прв
Секои
Секои
Секоја
150 ч. Секои
Поглед-
упот-
месец
3
6
година
2
реба
или
месеци
месеци
или
години
5 ч.
или
или
100 ч.
или
страница
25 ч.
50 ч.
250 ч.
o
o
o (2)
o
o (3)
o
o
o
o
o (5)
Прирач-
набавка
o (4)
Прирач-
набавка
o (4)
Прирач-
набавка
o (4)
Прирач-
набавка
На секои 250 часа (4)
Прирач-
набавка
На секои 2 години (заменете доколку е
Прирач-
неопходно) (4)
набавка
нете
на
5
5
5
5
5
6
6
6
ник за
ник за
ник за
ник за
ник за
ник за
4