Descargar Imprimir esta página

Ethicon Echelon Flex Manual Del Usuario página 282

Publicidad

Ако се заклучи инструментот, моторот ќе запре. Отпуштете го чкрапецот за активирање и лизнете го повратниот прекинувач
за ножот нанапред за да го вратите ножот на почетната положба (Илустрација 7). Во оваа позиција, инструментот треба да се
отстрани, да се отвори и да се наполни за да продолжите. За да ја отворите вилицата, притиснете го чкрапецот за затворање, потоа
истовремено притиснете го копчето за отпуштање на наковалната на двете страни на инструментот (Илустрација 8а). Додека
сè уште има притисок на копчето за отпуштање на наковалната, полека отпуштете го чкрапецот за затворање (Илустрација 8б).
Следете ги упатствата за Повторно полнење на инструментот.
Откако ќе се искористат рачните команди на системот, инструментот е оневозможен и не може да се користи за последователни
активирања.
Нецелосното активирање може да доведе до неисправно формирање на спојките, нецелосна линија на сечење, крвавење и/или
тешко отстранување на уредот.
Ако механизмот за активирање стане нефункционален, не продолжувајте со користење на инструментот.
Ако не се отвори вилицата автоматски откако ќе го притиснете копчето за отпуштање на наковалната, прво уверете се дека
ножот е во почетната положба. Положбата на ножот може да се утврди со набљудување на ножот во прозорецот за заклучувањењ
на ножот. (Илустрација 11а). Ако ножот не е во почетната положба или не може да се утврди неговата положба, лизнете го
повратниот прекинувач за активирање на моторот за да го вратите ножот на почетната положба (Илустрација 7). Обидете се уште
еднаш да ја отворите вилицата со помош на копчето за отпуштање на наковалната на која било страна од инструментот.
Ако не се отвора вилицата во овој момент, туркањето нагоре на чкрапецот за активирање (настрана од дршката) додека чкрапецот
за затворање не се врати на својата првобитна положба може да овозможи отворање на вилицата. Кога присилно го отворате
инструментот, престанете со користење затоа што така може да се изложи ножот или да се оштети инструментот со што се
зголемува ризикот од повреда на корисникот или пациентот.
Проверете дали на спојните линии има хемостаза и правилно затворање со спојките. Слабото крвавење може да се контролира со
рачни шевови или со други соодветни техники.
Пред да се повторно наполни инструментот, држете го во вертикална положба, а наковалната и каналната вилица целосно
потопени во стерилен раствор. Протресете силно, а потоа избришете ги внатрешните и надворешните површини од наковалната и
каналната вилица за да ги отстраните евентуалните неискористени спојки од инструментот. Не користете го инструментот додека
не проверите визуелно и не потврдите дека нема спојки на наковалната и каналната вилица.
Не користете автоклави, етилен оксид или радијација за стерилизирање или дезинфекција на батеријата.
Употребата на друг вид батерија освен приложената батерија со уредот може да предизвика зголемени ЕМИСИИ или намален
ИМУНИТЕТ на електричната васкуларна спојница ECHELON FLEX.
Преносливата радио и мобилна РФ-опрема за комуникација може да има влијание врз медицинската електрична опрема.
Постапувајте според упатствата на следниве табели за електромагнетни емисии и водичот за електромагнетен имунитет кога ја
користите електричната васкуларна спојница ECHELON FLEX.
Избегнувајте да ја користите електричната васкуларна спојница ECHELON FLEX ако се наоѓа во близина или заедно со друга
опрема. Ако мора да се користи во близина или заедно со друга опрема, набљудувајте ги електричната васкуларна спојница
ECHELON FLEX и другата опрема за да овозможите нормално работење.
Ризик од нејонизирачко зрачење. Може да се јават пречки во близина на оваа опрема.
Батеријата може да претставува опасност од пожар ако се користи неправилно. Не расклопувајте ја, не вжештувајте ја над 100 °C,
не стирилизирајте во автоклава, не кршете ја, не дупете ја, не предизвикувајте краток спој и не полнете ја.
Фрлете ги сите отворени инструменти, без оглед дали се користени или не. Овој уред е спакуван и стерилизиран само за една
употреба.
Повторната употреба, неправилната преработка или повторната стерилизација на уредите може да ја нарушат структурната
целокупност на уредот и/или да доведат до дефект на уредот што пак може да предизвика повреда на пациентот, болест или смрт.
Повторната употреба и неправилната преработка или повторната стерилизација на уредите за еднократна употреба може да
создадат ризик од контаминација и/или да предизвикаат инфекција или накрсна инфекција, вклучувајќи, но не ограничувајќи се
на пренесување на заразни болести. Контаминацијата може да доведе повреда, болест или смрт.
Спецификации
Електричната васкуларна спојница ECHELON FLEX има моќност од 25 W.
Електричната васкуларна спојница ECHELON FLEX е водоотпорна и класифицирана според стандардот IEC 60601-1 како IPX0.
За електричната васкуларна спојница ECHELON FLEX важат специјални мерки на претпазливост во поглед на EMC и треба да се
монтира и става во употреба во согласност со информациите за EMC дадени во овој документ. Преносливата мобилна РФ-опрема за
комуникација може да има влијание врз медицинската електрична опрема.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Употребата на друг вид батерија освен приложената батерија со уредот може да предизвика зголемени
ЕМИСИИ или намален ИМУНИТЕТ на електричната васкуларна спојница ECHELON FLEX.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Преносливата радио и мобилна РФ-опрема за комуникација може да има влијание врз медицинската електрична
опрема. Постапувајте според упатствата на следниве табели за електромагнетни емисии и водичот за електромагнетен имунитет кога ја
користите електричната васкуларна спојница ECHELON FLEX.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Избегнувајте да ја користите електричната васкуларна спојница ECHELON FLEX ако се наоѓа во близина
или заедно со друга опрема. Ако мора да се користи во близина или заедно со друга опрема, набљудувајте ги електричната васкуларна
спојница ECHELON FLEX и другата опрема за да овозможите нормално работење.
7

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Pve35aVasecr35