Descargar Imprimir esta página

Abbott Amplatzer Talisman Instrucciones De Uso página 173

Oclusor de foramen oval permeable

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 74
и 60°). Со помош на овој приказ, се проценуваат отстапката на примарниот септум, должината на тунелот на
овалниот отвор на срцето и дебелината на секундарниот септум. Овие карактеристики треба да се проценат
и со бикавален приказ со долга оска (септален бикавален приказ со ICE; агли за TEE од 90°, 105° и 120° –
погледнете Слика 2 и Слика 3 во Додаток А: Дополнителни информации).
Преткоморна септална аневризма (ASA): преткоморната септална аневризма е вишок или сакуларен
деформитет на примарниот септум со зголемена мобилност и испупчување во десната преткомора или левата
преткомора. ASA се дефинира како отстапка во примарниот септум од ≥10 mm од рамнината на
преткоморниот септум во десната преткомора или левата комора, или комбинирана вкупна отстапка во
десната преткомора и левата преткомора од ≥15 mm. Проминентната ASA се дефинира како ASA со
комбинирана отстапка од ≥20 mm.
Должина на тунелот на овалниот отвор на срцето: должината на тунелот на овалниот отвор на срцето се
дефинира како максималното преклопување помеѓу примарниот септум и секундарниот септум. Долгиот тунел
се дефинира како тунел со должина ≥10 mm.
Дебелина на секундарниот септум: дебелината на секундарниот септум се дефинира како максималната
дебелина на секундарниот септум на растојание од 10 mm од овалниот отвор на срцето. Задебелениот
секундарен септум се дефинира како секундарен септум со дебелина ≥10 mm. Липоматозната хипертрофија
на секундарниот септум се дефинира како секундарен септум со дебелина ≥15 mm.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако се користи снимање со TEE, може да се извршат чекорите 4 – 6 пред феморален пристап,
ако сакате.
5. Користете ICE или TEE за да го измерите растојанието од овалниот отвор на срцето до аортниот корен
и растојанието од овалниот отвор на срцето до отворот на горната шуплива вена (погледнете Слика 3B и
Слика 3C во Додаток А: Дополнителни информации).
Снимање со ICE
Овалниот отвор на срцето се проценува со ICE во приказ со кратка оска со мерење на отстапката на
2A
примарниот септум (а), должината на тунелот на овалниот отвор на срцето (b) и дебелината на секундарниот
септум (c).
Овалниот отвор на срцето се проценува со ICE во бикавален приказ со долга оска/SVC со мерење на
2B
должината на примарниот септум (а).
Овалниот отвор на срцето се проценува со ICE во септален приказ со мерење на отстапката на примарниот
2C
септум во левата преткомора (а) и десната преткомора (b).
Снимање со TEE
Мерење на отстапката на примарниот септум (а), должината на тунелот на овалниот отвор на срцето (b)
3A
и дебелината на секундарниот септум (c) во приказот од 50 степени со кратка оска (опсег од 30 до 60 степени
за визуелизирање на аортниот корен свртен нанапред).
Растојанието од овалниот отвор на срцето до аортниот корен (а) во приказот од 30 степени (опсег од 0 до 45
3B
степени за визуелизирање на аортниот корен свртен нанапред)
Растојанието од овалниот отвор на срцето до отворот на горната шуплива вена (SVC) (а) во бикавалниот
3C
приказ од 90 степени (опсег од 80 до 125 степени за минимизирање на скратувањето на SVC).
ЗАБЕЛЕШКА: Ако овалниот отвор на срцето не може јасно да се лоцира преку снимање, ставете жица низ
овалниот отвор на срцето за полесна идентификација.
6. Проценете ја големината на уредот врз основа на морфологијата на овалниот отвор на срцето, земајќи ги
предвид растојанијата од овалниот отвор на срцето до аортниот корен и SVC.
Повеќето овални отвори на срцето може соодветно да се затворат со уредот од 25 mm. Размислете за
користење поголем уред (30 – 35 mm) ако овалниот отвор на срцето има преткоморна септална аневризма
(ASA) со други карактеристики (на пример, долг тунел или задебелен секундарен септум) коишто може да
доведат до значителен резидуален шант или несигурна положба на септумот. Употребата на уред од 35 mm
треба да се земе предвид само во случаите во коишто не може да се постигне безбедна положба на уредот со
уред од 30 mm.
Користете ехокардиографија и тест со туркање и повлекување (видете го чекорот 20) за да ја процените
положбата на уредот по неговото испорачување, но пред откачувањето. Ако положбата на уредот по
испорачувањето не е безбедна, размислете за користење поголем уред (30 mm или 35 mm).
166

Publicidad

loading