Descargar Imprimir esta página

Abbott Amplatzer Talisman Instrucciones De Uso página 175

Oclusor de foramen oval permeable

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 74
14. Одржувајќи двострано влажни услови, поврзете го полначот со воведната обвивка и прицврстете го
ротирачкиот луер за да ги заклучите компонентите.
15. Туркајте ги кабелот за испорака и затворачот низ воведната обвивка додека затворачот да дојде до врвот на
обвивката. Ознаката на кабелот укажува дека затворачот се ближи до крајот на обвивката.
ВНИМАНИЕ: Не ротирајте го кабелот додека го туркате затворачот; не туркајте ги кабелот за испорака
и затворачот ако почувствувате отпор.
16. Користејќи ехокардиографија и флуороскопија за водење, задржете го кабелот за испорака во место додека ја
повлекувате воведната обвивка за да ги испорачате левиот преткоморен диск и дел од спојот на половината.
17. Нежно повлечете го левиот преткоморен диск врз преткоморниот септум. Ова може да се почувствува или да
се види со ехокардиографија или флуороскопија.
18. Одржувајте благ притисок на кабелот за испорака додека ја повлекувате воведната обвивка приближно
5 – 10 cm, со цел да го испорачате десниот преткоморен диск.
19. Користете ехокардиографија или ангиографија за да потврдите дека уредот е на место и проценете дали има
резидуален шант или инсуфициенција на залистокот.
20. Пред да го откачите затворачот, нежно размрдајте го кабелот за испорака (тест со туркање и повлекување) за
да осигурите безбедна положба на затворачот врз септумот.
21. Ако положбата на затворачот е нестабилна или попречува некоја од соседните срцеви структури (како SVC,
PV, MV, CS, AO), не ослободувајте го од кабелот за испорака и извршете ги следниве чекори:
a. Повторно фатете го затворачот, така што ќе го стабилизирате кабелот за испорака и туркајте ја воведната
обвивка додека затворачот да биде целосно во обвивката.
b. Променете ја положбата на затворачот и повторно испорачајте го или отстранете го затворачот од
пациентот.
ЗАБЕЛЕШКА: Затворачот може да се испорача најмногу трипати. Ако положбата сѐ уште е незадоволителна,
тогаш отстранете ги и уредот и обвивката.
22. Ако затворачот не одговара на оригиналната форма, повторно фатете го уредот и заменете го со нов.
23. Поставете го пластичното менгеме на проксималниот крај од кабелот за испорака.
24. Откачете го затворачот од кабелот за испорака така што ќе го свртите кабелот за испорака спротивно од
насоката на стрелките на часовникот (означено со стрелка на пластичното менгеме).
Во малку веројатниот случај ова да не е можно, турнете ја воведната обвивка врз дискот за десната
преткомора за да го обезбедите затворачот и да го олесните откачувањето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога ќе заврши процедурата, бавно отстранете ги кабелот за испорака
и воведната обвивка од пациентот. Бавно отстранете ја обвивката за да се спречи навлегување на
воздух.
Нега по процедурата
• Дејствата по процедурата треба да се одвиваат според стандардите за нега на институцијата. Пред
испишувањето, на пациентот треба да му се изврши TTE.
• Пациентите кај коишто ќе се забележи перикардијален излив по имплантирањето на уредот треба внимателно да
се надгледуваат и да им се вршат сериски ехокардиограми за да се осигури дека перикардијалниот излив не се
зголемува или додека да се реши.
• Се препорачуваат понатамошни клинички дејства со кардиолог, вклучувајќи проценка со ехокардиографија,
согласно стандардите за работа и утврдените насоки на институцијата.
• Кај пациентите кои доживеале мозочен удар по имплантирањето на уредот треба да се изврши TEE за проценка
на формирањето тромб.
• Ако по имплантирањето на уредот се открие тромб на левата страна, пациентот треба да се процени за
хиперкоагулабилна состојба и треба да се применува терапевтска антикоагулација (варфарин) најмалку три
месеци. Треба да се изврши TEE по третманот за антикоагулација за да се потврди решавањето на тромбот
поврзан со уредот. Треба да се размисли за тромболиза или хируршко отстранување на уредот ако пациентот не
реагира на терапијата со антикоагулантни средства.
• На пациентите треба да им се посочи веднаш да побараат медицинска помош којашто вклучува ехокардиограм
ако забележат знаци или симптоми на хемодинамска нестабилност, како болка во градите, аритмија, несвестица
или отежнато дишење.
• Пациентите треба да примаат соодветна профилакса на ендокардитис шест месеци по имплантирањето на
уредот. Одлуката да се продолжи со профилакса на ендокардитис по периодот од шест месеци зависи од
проценката на лекарот.
• Пациентите треба да се лекуваат со терапија со антитромботици, како аспирин, шест месеци по
имплантирањето. Одлуката да се продолжи терапијата со антитромботици по периодот од шест месеци зависи
од проценката на лекарот.
168

Publicidad

loading