Ethicon Echelon Flex PCEE45A Manual Del Usuario página 292

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 64
E
F
chElon
lEx
ECHELON FLEX™ 45 mm зглобни ендоскопски линеарни секачи со Plus батериско напојување и ECHELON FLEX™ 60 mm зглобни ендоскопски линеарни секачи со Plus
батериско напојување
Внимателно прочитајте ги сите упатствата.
Ако не ги следите упатствата правилно, може да настанат тешки хируршки последици, какви што се протекување или расцеп.
Важно: Овој додаток во пакетот е наменет да обезбеди упатства за употреба на ECHELON FLEX™ 45 mm зглобни ендоскопски
линеарни секачи со Plus батериско напојување и ECHELON FLEX™ 60 mm зглобни ендоскопски линеарни секачи со Plus батериско
напојување. Тој не претставува препорака за хируршки техники.
Индикации
Семејствата на ендоскопски линеарни секачи и влошки ECHELON, ECHELON ENDOPATH™ и ECHELON FLEX™ се наменети за
трансекција, ресекција и/или правење анастомоза. Инструментите се применуваат во повеќе видови отворени или минимално инвазивни
општи, гинеколошки, уролошки, торакални и педијатриски хируршки процедури. Тие може да се користат како материјал за засилување
на спојната линија или ткивото. Инструментите може да се користат и за трансекција и ресекција на паренхимот на црниот дроб
(хепаталната васкулатура и структурата на билијарниот тракт), панкреасот, бубрезите и слезинката.
Контраиндикации
• Не користете ги инструментите на аортата.
• Не користете ги инструментите на исхемично или некрозно ткиво.
• Не користете никаков линеарен секач на главните крвни садови без да предвидите проксимална и дистална контрола.
• Треба внимателно да се процени дебелината на ткивото пред да се активира каква било спојница. Погледнете во Табелата со
производни кодови за влошка подолу која се однесува на барањата за компресија на ткивото (висина на затворена спојка) за секоја
големина на спојка. Доколку ткивото не може да се стегне удобно во висината на затворената спојка или да се стегне лесно на
висина помала од таа на затворената спојка, ткивото е контраиндицирано затоа што веројатно е предебело или претенко за избраната
големина на спојката.
• Овие инструменти не смеат да се користат кога е контраиндицирано хируршкото спојување.
Несакани нуспојави/преостанати ризици
Несаканите нуспојави и ризици поврзани со електрично хируршко спојување со спојки вклучуваат можност за крвавење, повреда
на ткивото, појава на нестерилни површини, патоген трансфер, воспалителна или несакана реакција на ткивото, штета на имот
или еколошко загадување, струен удар и некомпатибилност со страно тело при магнетна резонанса. Исто така, може да се појават
неочекувана потврда, продолжена хирургија или променет хируршки пристап од неможност да се направи спојна линија, неможност за
сечење или оштетени уреди.
Опис на уредот
ECHELON FLEX™ зглобни ендоскопски линеарни секачи со Plus батериско напојување се стерилни инструменти наменети за употреба
само на еден пациент, за истовремено сечење и спојување ткиво. Има шест раширени редови со спојки, по три на двете страни од
линијата на сечење. ECHELON FLEX™ 45 инструментите со Plus батериско напојување мора да имаат спојна линија со должина од
околу 45 mm и линија на сечење со должина од околу 42 mm. ECHELON FLEX™ 60 инструментите со Plus батериско напојување мора
да имаат спојна линија со должина од околу 60 mm и линија на сечење со должина од околу 57 mm. Телото може да ротира слободно
во двете насоки, а механизмот за вртење му овозможува на дисталниот дел од телото да служи како потпора за да се олесни страничен
пристап до оперативното место.
Инструментите се спакувани со главна литиумска батерија што треба да се инсталира пред употреба. Постојат специфични барања за
фрлање на батеријата. Прочитајте во делот Фрлање на батеријата.
Инструментите се спакувани без влошки и мора да се наполнат пред употреба. Капакот за задржување на спојката на влошката ги штити
точките од нозете на спојките за време на доставата и транспортот. Карактеристиката за заклучување на инструментите е наменета да
спречува активирање на користени или неправилно поставени влошки или активирање на инструментот без влошка.
Внимание: Не полнете го инструментот повеќе од 12 пати за најмногу 12 активирања за еден инструмент. Употребата на инструментот
со материјал за зацврстување на спојната линија може да го намали бројот на активирања.
Табелата со производни кодови за инструменти
Код на
инструмент
Опис
PCEE45A
ECHELON FLEX 45 mm компактен зглобен ендоскопски линеарен секач со Plus батериско напојување
PSEE45A
ECHELON FLEX 45 mm зглобен ендоскопски линеарен секач со Plus батериско напојување
PLEE45A
ECHELON FLEX 45 mm долг зглобен ендоскопски линеарен секач со Plus батериско напојување
PCEE60A
ECHELON FLEX 60 mm компактен зглобен ендоскопски линеарен секач со Plus батериско напојување
PSEE60A
ECHELON FLEX 60 mm зглобен ендоскопски линеарен секач со Plus батериско напојување
PLEE60A
ECHELON FLEX 60 mm долг зглобен ендоскопски линеарен секач со Plus батериско напојување
1
Должина на телото
280 mm
340 mm
440 mm
280 mm
340 mm
440 mm

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Productos relacionados para Ethicon Echelon Flex PCEE45A

Tabla de contenido