Ethicon Echelon Flex PCEE45A Manual Del Usuario página 296

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 64
За да го извадите инструментот од шуплината, притиснете го чкрапецот за затворање додека не се заклучи, со што ќе се затворат
22
вилиците (Илустрација 5). Целосно извлечете го инструментот во затворена положба.
Повторно полнење на инструментот
Извадете ја влошката од амбалажата со помош на стерилна техника. За да избегнете оштетување, не превртувајте ја влошката во
23
стерилното поле.
Пред да се наполни повторно, проверете дали инструментот е во отворена положба (Илустрација 1).
24
Турнете нагоре (кон наковалната) за да ја ослободите влошката од вилицата за влошки. Фрлете ја користената влошка
25
(Илустрација 17).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред повторно да се наполни инструментот, држете го во вертикална положба со наковалната и вилицата
за влошки целосно потопени во стерилен раствор. Протресете силно, а потоа избришете ги внатрешните и надворешните
површини од наковалната и вилицата за влошки за да ги отстраните евентуалните неискористени спојки од инструментот. Не
користете го инструментот додека не проверите визуелно и не потврдите дека нема спојки на наковалната и на вилицата за
влошки.
Проверете дали новата влошката има капак за задржување на спојката. Ако капакот за задржување на спојката не е на своето
26
место, фрлете ја влошката.
Внимание: Треба внимателно да се процени дебелината на ткивото пред да се користи инструментот. Погледнете во Табелата со
производни кодови за влошки за правилен избор на влошки.
Внимание: Изборот на соодветна влошка со спојки треба да се врши според комбинираните дебелини на ткивото и на
материјалот за зацврстување на спојната линија. Употребата на материјал за зацврстување на спојната линија заедно со
инструментот можеби ќе бара зголемена сила за затворање и може да го намали бројот на активирања на уредот. Кога се користи
материјал за зацврстување на спојната линија, тогаш треба да се почитуваат упатствата од производителот на материјалот.
Вметнете ја новата влошка лизгајќи ја кон дното на вилицата за влошки додека не запре плочката за порамнување во отворот за
27
порамнување на влошката. Поставете ја влошката цврсто на своето место. Отстранете го капакот за задржување на спојката и
фрлете го. Сега инструментот е повторно наполнет и подготвен за користење (Илустрација 4).
Внимание: Откако ќе го отстраните капакот за задржување на спојката, погледнете ја површината на новата влошка. Влошката
мора да се замени со нова ако се забележуваат некакви обоени водилки. (Ако се забележуваат обоени водилки, влошката не смее
да содржи спојки.)
Фрлање на батериjaта
Батеријата содржи вграден одлив на енергија и мора да се инсталира во инструментот за да се активира автоматската карактеристика
за одлив на енергија. Батеријата не треба да остане во инструментот – ќе продолжи да се празни откако ќе се извади од инструментот.
Откако ќе се извади, во зависност од локалните прописи, батеријата може да се стави директно во канта за рециклирање батерии или во
нормалниот отпад. Батериите што се користат во овој уред содржат 1,2-диметоксиетан.
Пред поставување во инструментот
Ако батеријата треба да се фрли пред да се постави во инструментот (на пр. на производот му истекол рокот на траење назначен
на амбалажата, батеријата паднала), прво инсталирајте ја батеријата во инструментот, а потоа извадете ја за да го активирате
вградениот одлив на енергија.
По употребата на инструментот
Батеријата треба да се отстрани од инструментот пред да се фрли.
Ако треба батеријата да се деконтаминира пред фрлање, следете го болничкиот протокол или упатствата за Чистење и дезинфекција на
батеријата дадени подолу.
За да ја отстраните батеријата, стегнете ги плочките за отпуштање и повлечете ја батеријата право наназад (Илустрација 18). Не е
неопходно да се расклопува батеријата.
Чистење и дезинфекција на батеријата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете автоклави, етилен оксид или радијација за стерилизирање или дезинфекција на батеријата.
Рачно чистење
Извадете ја батеријата од инструментот пред чистењето. Батеријата не треба да се потопува во вода или во раствори за чистење.
1
Чистете ги површините на батеријата со детергент со неутрална рН-вредност или со ензимски детергент со неутрална рН-
2
вредност подготвени според упатствата на производителот.
Користете мека четка и раствор за рачно чистење на батеријата.
3
Местата каде што има процепи треба да се истријат темелно.
4
Исплакнете го детергентот темелно со млака вода од чешма.
5
Направете визуелна контрола за да утврдите дали е отстранета нечистотијата.
6
Ако треба, повторете го чистењето за да добиете визуелно чиста батерија.
7
Хемиска дезинфекција
Средствата за дезинфекција треба да се подготват и употребат според препораките од производителот. Се препорачува хемиските
средства за дезинфекција да се исплакнат со млака вода од чешма.
Simple Green D Pro 3
®
10% обелувач (раствор од натриум хипохлорит)
70% алкохол изопропил
5

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Productos relacionados para Ethicon Echelon Flex PCEE45A

Tabla de contenido