•
Ако се обидете присилно да го активирате чкрапецот за да го завршите потегот на активирање со премногу ткиво во вилиците на
инструментот или со густо/дебело ткиво во вилиците, може да дојде до забавување на моторот, а со тоа и запирање на ножот. Ако
се случи ова, отпуштете го чкрапецот за активирање, лизнете го повратниот прекинувач за ножот напред, а потоа извадете го и
наполнете го инструментот (Илустрација 7). Потоа, позиционирајте го инструментот околу помал дел од ткивото или користете
посоодветна влошка (погледнете во Табелата со производни кодови за влошки).
•
Бидејќи моторот може да запре ако забави, важно е да се изврши визуелна проверка за да се уверите дека показателот за сечилото
на ножот на другата страна од вилицата за влошки дошол до крајот на трансекцијата.
•
Ако се заклучи инструментот, моторот ќе запре. Отпуштете го чкрапецот за активирање и лизнете го повратниот прекинувач за
ножот напред за да го вратите ножот на почетната положба. Во оваа позиција, инструментот треба да се отстрани, да се отвори и
да се наполни за да продолжите.
•
Откако ќе се искористат рачните команди на системот, инструментот е оневозможен и не може да се користи за последователни
активирања. За да користите рачни команди, отстранете го пристапниот панел означен со „Manual Override" (Рачни команди)
на горниот дел од дршката на инструментот. Ќе се гледа рачката за рачни команди. Движете ја рачката напред и назад сè додека
не може повеќе да се движи (Илустрација 10). Ножот сега ќе биде во почетната положба. Ова може да се потврди со визуелна
проверка на положбата на показателот за сечилото на ножот на долната страна од вилицата за влошки (Илустрација 11). Фрлете го
инструментот.
•
Изборот на соодветна влошка со спојки треба да се врши според комбинираните дебелини на ткивото и на материјалот за
зацврстување на спојната линија. Употребата на материјал за зацврстување на спојната линија заедно со инструментот може
да го намали бројот на активирања на уредот. Кога се користи материјал за зацврстување на спојната линија, тогаш треба да се
почитуваат упатствата од производителот на материјалот.
•
Нецелосното активирање може да доведе до неисправно формирање на спојките, нецелосна линија на сечење, крвавење и/или
тешко вадење на уредот.
•
Преминувањето преку спојните линии може да го скрати работниот век на инструментот.
•
Ако механизмот за активирање стане нефункционален, не продолжувајте со користење на инструментот.
•
Ако не се отворат вилиците автоматски откако ќе го притиснете копчето за отпуштање на наковалната, прво уверете се дека
ножот е во почетната положба. Положбата на ножот може да се утврди со набљудување на показателот за сечилото на ножот
под вилицата за влошки. Ако показателот за сечилото на ножот не е во почетната положба или не може да се утврди неговата
положба, лизнете го повратниот прекинувач на ножот за да го активирате моторот и да го вратите ножот на почетната положба.
Обидете се повторно да ги отворите вилиците со помош на копчето за отпуштање на наковалната. Ако не успеете да ги отворите
вилиците, тогаш нежно повлечете го чкрапецот за затворање нагоре (настрана од рачката) додека чкрапецот за активирање и
чкрапецот за затворање не се вратат во нивните почетни положби.
•
Проверете дали на спојните линии има пнеумостаза/хемостаза и правилно затворање со спојките. Слабото крвавење може да се
контролира со рачни шевови или со други соодветни техники.
•
Пред повторно да се наполни инструментот, држете го во вертикална положба со наковалната и вилицата за влошки целосно
потопени во стерилен раствор. Протресете силно, а потоа избришете ги внатрешните и надворешните површини од наковалната
и вилицата за влошки за да ги отстраните евентуалните неискористени спојки од инструментот. Не користете го инструментот
додека не проверите визуелно и не потврдите дека нема спојки на наковалната и на вилицата за влошки.
•
Пред да ги извадите инструментот, проверете дали ткивото е ослободено од вилиците, а потоа затворете ги вилиците.
•
Кога ја одбирате влошката, треба да обрнете особено внимание на постојните патолошки услови, но и на евентуалниот третман
на кој било подложен пациентот пред хируршката интервенција, како што е радиотерапија. Одредени услови или предоперативен
третмани може да предизвикаат промена во дебелината на ткивото кои го надминуваат наведениот опсег на дебелина на ткивото
за стандарден избор на влошка.
•
Кога ги разделувате главните васкуларни структури, задолжително придржувајте се до основните хируршки принципи на
проксимална и дистална контрола.
•
Не користете автоклави, етилен оксид или радијација за стерилизирање или дезинфекција на батеријата.
•
Батеријата може да претставува опасност од пожар ако се користи неправилно. Не расклопувајте ја, не вжештувајте ја над 100 ºC, не
стерилизирајте во автоклава, не кршете ја, не дупете ја, не предизвикувајте надворешен краток спој и не полнете ја.
•
Употребата на друг вид батерија освен онаа испорачана со уредот може да предизвика зголемени ЕМИСИИ или намален
ИМУНИТЕТ на ECHELON FLEX™ зглобните ендоскопски линеарни секачи со Plus батериско напојување.
•
Преносливата радио и мобилна РФ-опрема за комуникација може да има влијание врз медицинските уреди. Следете ги насоките
од следните табели кога користите ECHELON FLEX™ зглобни ендоскопски линеарни секачи со Plus батериско напојување.
•
Избегнувајте користење на ECHELON FLEX™ зглобни ендоскопски линеарни секачи со Plus батериско напојување во близина на
или заедно со друга опрема. Ако мора да се користи во близина или заедно со друга опрема, набљудувајте ги ECHELON FLEX™
зглобните ендоскопски линеарни секачи со Plus батериско напојување и другата опрема за да овозможите нормално работење.
•
Не менувајте ја оваа опрема без овластување од производителот.
•
Со инструментите или уредите што доаѓаат во контакт со телесни течности треба соодветно да се постапува за да се спречи
биолошкa контаминација.
•
Фрлете ги сите отворени уреди, без оглед дали се користени или не. Овој уред е спакуван и стерилизиран само за една употреба.
•
Повторната употреба и неправилната преработка или повторната стерилизација на уредите може да ја нарушат структурната
целокупност на уредот и/или да доведат до дефект на уредот што пак може да предизвика повреда на пациентот, болест или смрт.
•
Повторната употреба и неправилната преработка или повторната стерилизација на уредите за еднократна употреба може да
создадат ризик од контаминација и/или да предизвикаат инфекција или накрсна инфекција, вклучително и пренесување на
заразни болести. Контаминацијата може да доведе повреда, болест или смрт.
•
Сојузните закони (САД) поставуваат ограничување овој уред да се продава само од страна на лиценциран медицински работник
или по налог на лиценциран медицински работник.
Спецификации
ECHELON FLEX™ зглобни ендоскопски линеарни секачи со Plus батериско напојување имаат моќност од 40 Watt.
ECHELON FLEX™ зглобни ендоскопски линеарни секачи со Plus батериско напојување се отпорни на вода и според IEC 60601-1 се
класифицирани како IPX0.
За ECHELON FLEX™ зглобни ендоскопски линеарни секачи со Plus батериско напојување важат специјални мерки на претпазливост
во поглед на EMC и треба да се монтираат и ставаат во употреба во согласност со информациите за EMC дадени во овој документ.
Преносливата мобилна РФ-опрема за комуникација може да има влијание врз медицинската електрична опрема.
7