Користени стандардни конвенции
Употреба на изјавите Внимание, Предупредување и Напомена
Информациите поврзани со завршување на задачата на безбеден и темелен начин ќе се означуваат со зборовите Предупредување или
Внимание. Овие изјави се наоѓаат низ целата документација.
Треба да се прочитаат овие изјави пред да продолжите на следниот чекор во одредена постапка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Изјавата за Предупредување означува постапка, практика или услов за работење или одржување и ако не се
придржувате строго до неа, може да доведе до лична повреда или смрт.
Внимание: Изјавата за Внимание означува постапка, практика или услов за работење или одржување и ако не се придржувате строго до
неа, може да доведе до оштетување или уништување на опремата.
Предупредувања и мерки на претпазливост
•
Минимално инвазивните постапки треба да ги вршат само лица со соодветна обука и познавања за минимално инвазивни
техники. Прочитајте медицинска литература поврзана со техники, компликации и опасности пред да вршите каква било
минимално инвазивна постапка. Ако не ги следите упатствата правилно, може да настанат тешки хируршки последици, какви
што се протекување или расцеп.
•
Минимално инвазивните инструменти може да се разликуваат во дијаметарот кај различни производители. Кога се употребуваат
заедно минимално инвазивни инструменти и прибор од различни производители во одредена постапка, проверете ја
компатибилноста пред да ја започнете постапката.
•
Кога се користат други технологии (на пр. електрокаутеризација) во постапката, земете ги предвид мерките на претпазливост што
ги предлага производителот на оригиналната опрема за да се избегнат опасностите поврзани со нивното користење.
•
Пред-оперативната радиотерапија може да доведе до промени во ткивото. Овие промени можат, на пример, да предизвикаат
задебелување на ткивото што го надминува наведениот опсег на избраната спојка. Треба да се земе предвид секој пред-хируршки
третман на кој подлежел пациентот, а кој може да наметне промени во хируршката техника или промена на хируршките постапки.
•
Не користете ECHELON FLEX™ зглобни ендоскопски линеарни секачи со Plus батериско напојување по истекот на рокот на
траење или ако амбалажата е оштетена. Ова може да ја направи опремата нефункционална или нестерилна.
•
Не полнете го инструментот повеќе од 12 пати за најмногу 12 активирања за еден инструмент. Употребата на инструментот со
материјал за зацврстување на спојната линија може да го намали бројот на активирања.
•
ECHELON FLEX™ 45 mm инструментите со Plus батериско напојување смеат да се користат само со ECHELON ENDOPATH 45
mm влошки. ECHELON FLEX™ 60 mm инструментите со Plus батериско напојување смеат да се користат само со ECHELON
ENDOPATH 60 mm влошки.
•
Инструментот мора да се употреби во рок од 12 часа од поставувањето на батеријата. За упатства за фрлање на батеријата
прочитајте во делот Фрлање на батеријата.
•
Треба внимателно да се процени дебелината на ткивото пред да се користи инструментот. Погледнете во Табелата со производни
кодови за влошки за правилен избор на влошки.
•
Изборот на соодветна влошка со спојки треба да се врши според комбинираните дебелини на ткивото и на материјалот за
зацврстување на спојната линија. Употребата на материјал за зацврстување на спојната линија заедно со инструментот можеби ќе
бара зголемена сила за затворање и може да го намали бројот на активирања на уредот. Кога се користи материјал за зацврстување
на спојната линија, тогаш треба да се почитуваат упатствата од производителот на материјалот.
•
Откако ќе го отстраните капакот за задржување на спојката, погледнете ја површината на новата влошка. Влошката мора да се
замени со нова ако се забележуваат некакви обоени водилки. (Ако се забележуваат обоени водилки, влошката не смее да содржи
спојки.)
•
Не повлекувајте ја црвената брава на чкрапецот за активирање или чкрапецот за активирање во овој момент. Инструментот може
делумно или целосно да биде активиран и ќе треба да се наполни повторно пред да се користи на ткивото.
•
За вметнување и вадење зглобни инструменти, вилиците на инструментот мора да бидат прави и паралелни со оската на
инструментот. Доколку вилиците на инструментот не се во права положба, тоа може да доведе до потешко поставување или
повлекување на инструментот и на тој начин да се оштети самиот инструмент.
•
Кога се става инструментот со помош на трокар или со инцизија, избегнувајте ненамерно повлекување на црвената брава на
чкрапецот за активирање и чкрапецот за активирање. Инструментот може делумно или целосно да биде активиран и ќе треба да
се наполни повторно пред да се користи на ткивото.
•
Не обидувајте се да вршите вртење со притискање на предниот дел од вилиците на наспроти основната површина затоа што може
да настане оштетување на ткивото или траума на ткивото.
•
Инструментот може да постигне максимален агол на вртење од 45º. Кога телесните структури или органи ги користите како
основна површина, особено внимание треба да обрнете на визуелните знаци и на повратниот одговор што го добивате од
инструментот при допир. Кога ќе се достигне максималниот агол, ќе се зголеми силата со што се дава на знаење дека е достигнат
максималниот агол. Избегнувајте примена прекумерен притисок врз ткивото бидејќи може да дојде до оштетување на ткивото
или траума на ткивото.
•
Проверете дали ткивото е поставено рамно и правилно позиционирано меѓу вилиците. Какво било „туткање" на ткивото покрај
влошката, особено во отворот на вилиците, може да доведе до нецелосна спојна линија.
•
Кога ја позиционирате спојницата на местото за примена, уверете се дека нема никакви пречки, како што се штипки, стентови,
жици-водилки, итн. во вилиците на инструментот. Активирањето кога има пречка може да доведе до нецелосно сечење,
неправилно формирање на спојките и/или неможност да се отворат вилиците на инструментот.
•
Уверете се дека ткивото не е продолжено (избиено надвор) проксимално кон проксималната црна линија од инструментот.
Ткивото кое е принудено да влезе во инструментот проксимално на црната линија може да биде пресечено без спојки.
•
Ако е тешко да се заклучи чкрапецот за затворање, повторно позиционирајте го инструментот и опфатете помал обем од
ткивото. Уверете се дека е избрана правилна влошка. (Погледнете во Табела со производни кодови за влошки.)
•
Ако механизмот за затворање стане нефункционален и вилиците не го стегаат ткивото, не активирајте го инструментот.
Oтстранете го инструментот и не продолжувајте да го користите.
•
Употребата на материјал за засилување на спојната линија со инструментот може да бара употреба на поголема сила за затворање.
Кога се користи материјал за зацврстување на спојната линија, тогаш треба да се почитуваат упатствата од производителот на
материјалот.
6